во секоја аптека треба да има. Ќе проверам за во зегин па ќе ти кажам. Мене ми се одлични. @Presrekna ќе се спие вечерва или ќе "умираме" од жешково? Дека гледам ја отвараме трета смена
У Трета смена држам од будалија мила. Немам некои тегоби или жештини. Искрено кај нас вечерите се свежи, моментално 18 степени, но мене ме мачат мисли, ама и уморот ме буди. Ајде ако има други дежурни нека се јават
Ne se sekiraj jas vecerta na denot koga se porodiv primav fraksiparin taka bese kazano od transfuziologot ne se plasi dr znaat kako da postapat vo vakvi slucaevi
Ne sum upatena cucli lazalki ili za sise? Ja pred da se rodi malata zemav sisenca na baby nova ama poso sme na ad koga ke go ispiese mlekoto vristese poso mnogu brgu go pie. Mnogu e pogolem otvorot. Zemav na nip i zasega mi se odlicni.
Јас шишенце, цуцла а и други производи како ноктарица , чешелче.. зедов од томмее типпе шишенцето има индикатор за топлина исто така пишуваше дека 80% помалку грчеви..
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1473512562675431&id=1087616217931736 нз дали ке ви го отвори линкот тука пишува на кои продажни места ги има.. јас во зегин ги купив .. а еве имаат линк на фб и сите производи ги има да си ги разгледате
Кога сме кај ноктарче дали најдовте од оние со граничник? Јас за синко имав ама сега по аптеките не можам да најдам. Во Еурофарм и енци менци барав немаа, уште во Зегин да ѕирнам. Сега видов има убави сетови на Томи типи. Генерацио, нешто мирно денес. @Мариаа. Како иде? Весело е или мирно? И дали осети дека се отвараш. Јас во синко 10 прсти отворена отидов, а не сетив нешто посебно. И сега Др ми рече пази се ако имаш болки во половина од страна дојди, затоа прашувам.
Да сабота е 17ти, ама тогаш ми е последен ден. Ја оти од клиниката само соба користам и услуги само од бабиците, си носам мој гинеколог и педијатар па за нив нема сабота и недела за тие пари што ќе ги земат. Гинекологот ми има посебна приватна ординација и работи само од понеделник до петок и се е со закажување, во сабота е слободен па верувам и нему му одговара чим така ми рече, за да не мора да одложува закажани пациенти. Јас земав шишиња и цуцли на Авент, си имам посебен респект према Филипс. Ама искрено се надевам шише нема да треба првите 5-6 месеци, и ќе ми успее доењето. @Мариаа. да се јави на репорт, фемински тетки чекаат да почнат со мекици замесување.
Тоа се чудам цело време. Др ми вика со 3 прста отворени ,доаѓаат за неколку саати и раѓаат. Јас обратна. Никаква посилна болка не осетив. Дури и цтг беше мирно вчера. Феномен. Моментално освен слаби менструални болки и страшна дијареа што имам,друго не осеќам ништо. @Yowannty ај почекајте уште малце за мекици,се заинати мангупов
Добар ден и од мене Денес се разбудив со чешање на папокот, знак дека почнува да расте мешко полека Вака ме чешаше и првата бременост, па одеднаш ми рипна Ама тогаш покасно беше, сега сум полна 10-та недела, ја ситнам 11-та Викаат во втора бременост побргу растел стомакот, па изгледа стварно така ќе биде. Засега изгледам само малку потечено во долниот дел под папокот, како прејадена да сум Едвај чекам да дојде време за скринингот, многу се радувам Јас инаку не одам на работа до среда, ослободени сме сите трудници (повеќе не’ има). Моиве се приватњаци, ама ретко разбрани за вакви работи. Особено се заштитени бремените жени и мајките, што најмногу ми се допаѓа во фирмава. За цуцли и шишиња, Авент цуцли користев и сеуште користам за малата. И шишиња исто нивни користам откако се одби од цицање. Иако е рано да мислам за второво, и за него здравје со Авент ќе терам. Одлични и квалитетни производи имаат, се’ што сум земала нивно се покажало топ. Седете дома на жешково, освен ако не се пораѓате тие што ви е време
Девојки, утринава на бришење, на тоалетот, покрај белиот нормален секрет кој го имам последниве денови, искочи и едно како парталче, со прозурна боја, малку накај жолтеникаво. Ама многу малечко, а растегливо меѓу прсти, како овулативен исцедок. Искрено се надевам дека не е чепот, прерано ми е. Денес, 36+2. Барем оваа цела да ја изгурам. Претходно искуство вели, после чепот, раѓам вечерта. Мада, тогаш, беше поголема количина, со сукрвица. Последново не е правило, знам. Баш му е фино на бебе, нека си поседи во меше уште некој ден. Полна 36-та да направиме.
Мене од кога влегов во 9ти скоро секој ден ми е така, а претходно немав исцедок. Др.ми препорача вагисан преку еден или преку два дена, цело време да користам. И со нив има такви лигави партали ама не толку многу, и барем бели се.
Мешиња нека ви е со лесно на сите. Без стравови и паники, мислете само на гушкањата со вашите најмили кои ви следуваат. И ме е клише, верувајте се се заборава. Поздрав од една мама на осум месечно бебе. @Lara 27 сега видов. Мноооогу ми е мило, чувај се,гали меше и уживај во благословената состојба Во Зегин земавме ние. Ги има и во Локо кроко видов на фб.
да вечерите се свежи ама надвор,дома не јас во 3 ноќеска заспав во 9 станав,исто не дека некои жештини или тегоби туку мислите што не мачат. цуцлите за шише си се продаваат според возраста,нас не знаев што врска има возраста со цуцлата ама финтата била во отворот. Одпосле кога сватив земав со најмал отвор па го сечев. кај нас веќе има и во една локална аптека од овие. кога сме кај ноктарици,со првото користев ноктарка иста онаа која и ние ја користиме за подоцна да сватам дека е мнооогу погрешно истата ноктарка да ја користиме сите. Сега за бебе ќе купам да си има своја само не знам што е разликата во ноктарки за бебе и ноктарки обични. јас имав пред 3-4 дена една вечер и после ден пауза пак. Ама четвртокот бев на контрола и докторот ништо не кажа во смисла дека има некоја промена,само дека е нормално. јас сакав да земам ама ете не ми се вдаде,денес -утре другиот месец и ништо. странство си е странство. Кај да најдам јас гинеколог и да си го носам со мене? пишман аџија или да не дава предност на други да излезат пред него
Женски, Дали е нормално после крварењето и постоење на хематом, при мокрење да има темна/црна крв и темен секрет, како и при бришење темно црвена течност, не ми изгледа дека е крв? Дали се чисти хематомот?