Ова августовскиве стварно ептен инат се погодија, што ќе беше ова мајко мила ниедно да нејќе надвор Сакав да прашам што е сукрвица, да знам што да очекувам? Чепот овде во доста наврати е опишан ко кафен исцедок со некакви врвки?! внатре.. Ако приметам такво нешто одма да се јавувам на гинеколог?
Тоа јас го викам сукрвица. Таков е чепот. Не мораш одма на доктор. Може да паѓа постепено, неколку денови. Може веднаш, а може и да не го забележиш. Чепот е знак дека почнува фаза на раѓање, ама не и отварање. Второво, може да потрае.
Прашање до поискусните, колку време по породувањето паѓаат конците од епизиотомија? Буквално паѓаат или се апсорбираат?
Јас ја купив, ниеднаш не сум ја користела, некако не знам како да се наместам... Мислам дека повеќе ќе ја користам после за доење, и за граничник за бебе.
Не знам што ќе правев да не ми беше перницата; ја препорачувам дефинитивно. Само со неа спијам уште од трети месец и сегде ја мкнам
И јас прашував за пернициве.... Од другарки искуствата се дека не дека нешто мн ги користеле како трудни ама за бебињата после ги користат.... Јас гледав едни што на инста ми излегоа по 1600 се ама ги прават по нарачка и може што сакаш да ти пишува со навлака од 100 %памук па се пере, а другаркава ми вика нејзината од Стружанка ја зела за 600 ден. И исто навлака се пере и и служела за бебе кога почнало да седи така да мислам зијан нема.... А од јаките фалби за спиење дека се одлични валда на секого индивидуално
Препорака и од мене за перниците за трудници/доење. Поискористено нешто јас немам. Купив уште за првата ќерка, една голема и две мали. Ден денес спијам на големата, сеедно трудна или не. Доев со нив, а позициите за доење ми беа екстремно удобни, особено со големата перница.
Да, баш оваа од линкот со шарените точки ја имам. Со навлака на патент. Најубаво ми е за спиење, на страна, на грб, со ногата врз неа или ќе се стутулам во средина, пропаѓам во меко од сите страни. Дури и маж ми некогаш ќе го начекам сабајле во сон си ја кренал ногата на неа, вика Аааа ич не знаеш ти што е убаво
Добар ден женски како сте? јас еве денес што земав за бебето- овие две цуцли од Еурофарм. Е сега дури дома кога дојдов видов дека се пластични јас сакав стаклени да земам.. Овие беа комплет две од 150мл. Ќе ми требаат ли уште цуцли , да земам уште една од 150мл стаклена или две доста се? Јас планирам да ја дојам само ептен ако се измолзувам па да давам од шише..
Мешиња кажете лек за болки во половината? Умрев неколку дена не можам ни да стојам ни да лежам. Магнезиум пијам редовно ама овие дена не помага нешто посебно. Претходната бременост немав ваква мака, освен пред пораѓај и сега страв ми е. А тек допрва на свадба треба да одам
На овие горештини тешко дека ќе ги користите, инаку пријатни се за да одмориш, некако со нив може добра позиција да се направи ама за цела ноќ спиење мене ме гушеше
Чепот мора да биде крвав? Јас имав крв од рачниот преглед,ама сега ми падна едно како лигаво и е кафеаво.