Добар ден мешиња. Јас саботно да ве поздравам Денес завршив голема работа, се опремив со креветче, душек, постелнина, количка, транспортер, коритце.. И се тоа за 20.000 денари. На оние мамички што тек ги чека опремување, топло им го препорачувам Чарли Бејби во Тетово. А малата моја денес цел ден клоцка, ко да знае дека за неа се купува. Убав пеколен остаток од денот
Здраво мешиња! Денес цел ден се тегнам, сигурно сите вие така, нема некој да му годи жешково. Мм викаше да одиме некаде, ама кај ќе одиш, во најжешкото мора дома да си. Утрово бевме на скрининг, па отидовме да си купиме ручек и право дома под клима цел ден, најубаво. Докторот задоволен од бебето, но јас загрижена. Минатиот преглед заостануваше 5, а денес 10 дена. Тој вели нема простор за паника откако му кажав дека циклусот ми е нередовен, убеден е дека се е во ред. Но, јас ете не сум мирна, барем д димери да ми дадеше да испитам, ништо! Мојата докторка е на одмор, полудечу во меѓувреме. 10.дена, да не се многу?
Ako imas neredoven ciklus togas e normalno.. mene za prvoto maticniot cela bremenost mi pisuvase vo izvestaite 10dena kasni so razvoj, no jas si znaev deka e poradi ciklusot. Na kraj izleze 20dena po termin 4kg znaci utnat termin. Ddmeri ispitaj si posle sedmi, cisto da si mirna.
После 7ми се испитуваат? Леле нема спиење вечерва, со нередовен сум циклус цел живот, ме плаши тпа што пред 3 недели заостануваше 5, а сега 10 дена. А докторов насмеан, ништо не било.
Верувај му на докторот, јас па обратно ме нервираше што ми пишуваше така, зошто знаев дека некогаш и на 40дена добивав. А ддмери ако нема некој проблем после седми, јас така знам.
Тој ако не му дадеш ќе ти побара, у автоматот со чоколади и пијалоци да му пушти мажот 100ка ако сака да го види бебето (ова од лично искуство)
Со здравје се да си користите. Јас никако да се убедам да излезам да докупам тоа што ми треба. Само под клима сум, немам енергија за ништо.
Шетнавме малку до Capitoll да купиме подарок,утре сме на роденден. Во Ваикики имаат донесено по нешто ново есенско за новороденче. Во кое има поголем избор, Капитол или Сити мол? Во ДМ на попуст прашокот Персил, во Рамстор ги сликнав памперсот и шишето,па да споделам со вас цени Баш ме зачуде шишево Авент стаклено во ДМ и Рамстор иста цена 645ден. Каде има Авент на друго место? (да не е поефтино) Деновиве да пазариме од аптека: ножички, тополомер, памперс, подлога за повивање, влажни, шише (цуцли лажалки имаме) силиконска лажичка (за капки) павловичева крема, аспиратор за нос, гел за туширање и млеко за тело. И за мама влошки за гради и мрежести гаќи (вир влошки со мрежа имам). Откако ќе се роди здравје боже,ќе се докупат капки, алкохол за папоче и друго нешто ако затреба. Ваљда не испуштив нешто на списоков @koritsaki стигна и кај мене завчера пумпата,на изглед е ок,ќе видиме за кратко како ќе се покаже за разлика од таа на Лансинох(ако го напишав правилно) што ја има пријателка изгледа многу мала,ама ваљда ќе брка работа. Денес ми стигна и постелнината за креветчето,само не прашав како да ги исперам оградицата и перниците да не се упропастат Утре ми е во план од Енци Менци од веб страната да нарачам коритце со држач и подлога за бебе ,пишува над 1800ден бесплатна испорака,ова околу 2400 ќе фати. Сте порачале нешто од кај нив до сега? Дали сте задоволни.. Мерев притисок 100/60 ок е,ама нозеве пак по малце отечени и како да ми горат. На движење болат перничињата во понеделник сум на контрола па ќе и кажам на др. Ај мн се распишав,убава вечер мешковци
Леле вечерва не се диши колку е топло. Па да му е*ам мајката и ја не би изглегла на овие жештини! Ние дома форсираме вентилатор демек поздрава варијанта од клима, ама вечерва мислам се задушивме од топло. Сега пред малку маж пушти клима па се вративме и двајцата во нормала. Не е нормално колку е жешко..
@Sofi.ja Супер и кај тебе прилично брзо стигнала баш ќе видиме колку ќе врши работа. Со здравје да си ги користите и постелнините јас во машина ги перев да ти кажам на 30 степени (на моите пишува дека се ставаат во машина) .Јас во Дм прееска кога бев , освен тоа што земав две работи сега за сега ги загледував и цуцлите и на ни една не видов да пишува стакло. Не знам дали добро направив што ги земав пластичните и дали да купам уште една се мислам ама стаклена да е.. Тие пластичните можат да се стават во стерилизатор за цуцли? Јас за пелени ќе земам од Гр од кај мене т.е. ќе порачам , има едни Агнотис ги фалат ептен па баш сакам да ги пробам , а и цената е ок Треба јас да докупам ноктарица, гелови за туширање а и уште од кремиве, столче за во кола , треба да проверам во каква состојба е и кадичката и релаксаторот што ги имав од ќерка ми Како поминуваат неделиве почнува некоја паника да ме фаќа
@koritsaki кремиве се за пеленска регија? Знам некои од ДМ беа пофалени. Ш Пелените ти се големи пакувања,ептен ти се исплатат, уште да се покажат одлично. Се става во стерилизатор и пластика (зборам за обичен не оној за микро), пријателкава сите делчиња од пумпата ги става исто така (освен тоа за во струја). Јас од овде читајќи ги мислењата се одлучив за стакло, ако толку ти е мака и од томи типи стаклените се околу 600,купи си едно. Ма да мислам дека оваа пластика е ок за бебе,баш имаат нагласено,па којзнае. До сега викавме има време,ама како се ближи крајот секоја недела по нешто ќе се пазарува
Едната е за цело тело и лице , таа во туба за пеленска регија да ,се надевам дека ќе се ок пелените имам еден стерилизатор на Чико купен 2010 година ама не сум го искористила ниту еднаш па баш тоа ме интересираше за пластиката. Тоа е , готово бидна со цуцливе , ги отворив не можам да ги вратам , ама ќе земам и стаклени ,може некои со поголема милимитража. Понатаму ќе видам и некој термос да земам А за Ваикики мислам тој во Сити мол е поголем баш ако купиш нешто од новата колекција , сподели
Освен за нивните марки, ДМ за се друго е поскапо. Авент ги купив 600 од Зегин. Влошките за гради можеш од ДМ. Мада не мора тоа од предвреме, јас доев, а ниеднаш не ми затребаа. Од Енци Менци немам нарачано, одам директно кај нив иако се напорни продавачките кај нас и форсираат се на чико. Кадичка со постолје купив на лорели од бејби блу иста цена како твојата. Не знам каде да ја ставам, само за простор фаќање купив и по 3 недели зедов обично коритце ставав на маса и готова за 5 минути работа. Прво дете сакав се да имам.
Дали некоја размислувала за користење на платнено пелени за повеќекратна употреба? Има многу убаво дизајнирани како гаќички, а внатре иде платнената пелена која се вади. Ама не знам колку е изводливо да переш пелени со денешен начин на живот, иако овие пелени се природни, без хемикалии како во купечките, плус нема да создавам непотребно ѓубре кое не се разградува и останува во природата 500 години.
Здраво мешиња. Веќе не знам што да пишам. Секој ден се надевам дека го пијам раат последното утринско кафе дека ќе се породам ама никако Колку што ми поминаа брзо првите 8 месеци, така овој не поминува. Си викам ќерка ми е умна уште некој ден нека поседи да досуредам скали уште денес мајстори имам. Инаку денес на свеки и е роденден, па таа се надева дека 5 внуче со неа да слави. Ако треба да биде нека се роди, ќеф ќе и направи, плус среќен живот има таа па камо и ќерево да го прати среќа ако е до дататане ми смета воопшто. Инаку денес -1кг што значи од 35 недела грам немам ставено. Исто го мерам мешко денес ми е помал го обем за 3 см. Дали е во ред??? За килажата знам нормално е, ама мешко Инаку ни останува да чекаме @KuklickaSk не би зела платнени пелени за ништо. Се околу нас е загадено, вештачко, а пелените мислам се најмал проблем. Зошто да си отежнуваш. Кога се немало и морало ајде, ама сега не мора.
Добро утро, Кафе и доручек завршени. Нормално, не од мене, јас во кревет. Леле колку ми е тешко што лежам и мора да чекам од другите. Или морам да зборам, да кажувам кое каде стои или по неколку пати да повторам да се заврши некоја работа. Ми викаат другарките- ќути и уживај додека друг работи. Не сум јас таков човек. Мене сафра ме фаќа. Сабајле му викам на мм, леле колку ми се чистида си фатам јас се, цел ден да чистам. Ме гледа и се смее. А пак колку нервозно се осеќам деновиве. Неколку дена поназад осеќав дека ми се намалија болките во стомак и стврднувањата. Сега, овие 2 дена пак имам болки и вчера малку стврднувања. На почеток на Септември сум пак на ЕМГ. Сите околу ми викаат, ќе видиш ќе биде се ок, ама песимистот во мене тешко верува во тоа. Бебка мрда, клоца. Па кога ќе ме тресне одеднаш мислам јајникот ми го поместува Вчера другарка ми (се збунила дека носам женско) вика не се секирај, женските се понестрпливи, брзо искачаат, лесен ќе ти биде пораѓајот Абре и викам, машко еИ викам "е ме утеши сеа, и пораѓајот ако е тежок, тешко мене"  Јас изгледа ко тој вицот Имајте убав ден
Можеш да ја разгледаш темата за најдобри пелени и да прочиташ искуства за истиве. Екопелени, така нешто беа. Ми излегуваа едно време како реклама на фб. Она што го читав таму од коментарите, повеќето кои употребуваа беа задоволни. Нема ништо лошо во тоа да пробаш како ќе оди, оти секогаш можеш да се вратиш на памперс. Токму поради денешниот начин на живот, перењето не би требало да е проблем, мислам дека се перат во машина без проблем, а веројатно и брзо се сушат. Е сега, за излегување надвор и менување пелена, веројатно ќе најдеш некоја членка што може да те посоветува која е најдобра опција. Оти памперсот оди директно у канта. За овие не знам, можеби ќе можеш да ги спакуваш во некоја ќесичка што не пропушта миризба. Лично, имам супер искуство со памперс и планирам со истите и сега да почнам, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Инаку, овие другиве имаат прекрасни дезени и се преслатки.