Леле мила ме расплака. Да е здраво живо и силно синчето. Со убаво да го пребродите периодов и да го заборавите. А те мислев кај си. Животот не е лесен но мајките сме борци кои издржале се и сешто. Одмарај сега и биди силна и за тебе и за бебе. Кога ќе дојде дома му требаш убава, здрава и силна. Ве гушкам и бакнувам.
Честитки, нека ти е живо и здраво синчето, да биде се во ред и за брзо да се гушкате дома. Те мислевме сите. Ајде сега малку одмори дома, за брзо ќе си го земеш во раце, ќе си се гушкате дома. Битно се изреагирало на време. Ќе си добие на килажа бебчето, ќе си напредува како што треба.
Ти посакувам брзо опоравување мајка, за брзо да си го земиш синчето во раце. Не е лесно воопшто, верувам, ама мора да си силна за него. Од душа ви посакувам да сте заедно сите!!
Бог нека е со вас Да ти е живо и здраво синчето, само позитивна мисла и силно напред. Колку сме уствари силни ние жените, не сме ни свесни...
Со 54 останав бремена. Слабееш од многу движење. Како што те читам, не си застаната. Дури и кога не си јадена, организмот задржува резерви и бебето си зема од нив. Така да, не се грижи. Ако докторот кажал дека е се во ред, тогаш и така е и ќе биде така до крај. Знам дека паника и грижа си доаѓаат кај трудници по автоматизам, ама стварно мислам дека нема потреба за тоа.
Девојки, дали чепот е секогаш крвав? Нешто ми испадна.. не беше ко стандард исцедок, баш парче беше, ама млечно/жолто... немаше крв... па сеа не знам што да мислам...
Живо и здраво, големо и силно да расте синчето. Иако сите брисеви биле чисти инфекцијата била внатре повисоко, што придонела порано да прснат плодовите обвивки. Неможно било да се земе брис од тоа место, во такви ситуации Др.немаат беше избор што да превземаат. Како и да е, ти посакувам да се опоравиш што побрзо, бебето е на најсигурното место за него сега во моментот, и ке биде добро, ке биде супер. За неделите се родил со одлична килажа што му ги зголемува шансите за побрзо опоравување. Биди храбра за него, како што беше и до сега. Те гушкам, и пишувај ни почесто само убави вести да занеме дека сте ок. @Presrekna мила во овој период не можеш да си го измериш обемот на стомак реално, бидејќи беба се спушта секој ден се повеќе, и зафаќа позиција за раѓање. А и не се оптоварувај со тоа, остави др.да мислат за тебе @Starlic пожелно е на пораѓај да не се оди со вештачки нокти, или лакирани, до накит и сл.не се знае текот на породувањето како ке биде, на анестезиолозите им е потребно да ја следат бојата на ноктите и кожата за време на пораѓајот.
Може, но и не мора да има крв. Мојот немаше, во болница бев веќе кога ми падна. Ајде стискам палци, ако е дојдено времето, со лесно нека е @newyear2015 мила, се’ ќе биде добро. Бог знае што прави Земи си малку време за себе, да се опоравиш и застанеш на нозе, а твоето бебе е згрижено и во најдобри раце. Ќе расте и напреднува и тоа, па наскоро ќе си го земете домче. Те гушкам
Па и да и не.. зависи.. на мене кога ми падна чепот беше крвав и после тоа на секое бришење имав крв и додека се отварав постепено крварев.. за моја среќа бев на клиника кога тоа се случи така да немав простор за паника... и откако ми падна чепот јас со помош на индукации и провокации за 24 часа се породив...
@newyear2015 нека е живо и здраво синчето , честитки. Битно се се завршило како што треба, дека и двајцата сте добри. Знам дека ти е тешко, но бебчињата се големи борци , наскоро ќе си биде со тебе дома. И ќе си добие на килажа , не се секирај @Yowannty јас немав крвав секрет, кога станав ноќта за во вц видов на гаќите како жолто зелени парчиња и ми беше чудно што цела бременост не сум видела нешто такво. И по пола саат ми пукна водењакот баш следи ситуација , но може и да е обичен секрет ако има новости извести не
@koritsaki баш такво парче беше Читав и гуглав и гледав слики на гугл Дефинитивно е чепот. Леле ама сме гадни со овие исцедоци и чуда... Немам никаков симптом сеуште. Освен што овие денови редовно одам вц, а цел живот патам од запек. Ама од тоа што имам читано, дијареа е знак, тоа немам.
@Yowannty викаш бебка мрда ли, или ја чувствуваш послабо? Јас последните денови пред породувањето слабо ептен ја осеќав дури немав никакви симптоми се додека не го видов секретот.. Ако не , можеш и на докторот да му се јавиш, нека те види. А дијареа немав ни јас , само една клизма ми ставија кога ми пукна водењакот и додека чекав да се отворам
@newyear2015 Живо и здраво да ти е бебето. Скоро да се гушкате дома заедно. Се ќе биде во ред. Не мора чепот да е со сукрвица. Такво парче мало, мене вчера ми падна, па duffi тука пиша дека се чисти матката и се спрема за пораѓај. Јас како и увек, мајка ми ја смарам и кога и опишав што видов, ми рече дека чепот паѓа. Кое од овие две е точно, не знам. Иначе паметам дека истиов за двете деца ми беше со сукрвица, тие конците, а вечерта раѓав. Ако има зелено во исцедокот, тоа е најчесто водењакот. Дијареа е знак, но и зачестено идење во вц.
Овие неколку денови послабо ја осеќам. Не дека и слабо ја осеќам, туку претходно мрдаше буквално по цел ден, нон стоп, а сега се јавува малку поретко од претходно. @Lianna Anna па такво беше и бледо зелено... сум изумила да го спомнам тоа. Ја и претходно имав зелен исцедок, ама ова беше баш парче.. Моментално ми се јави некоја слаба болка и помина.. докторот ми рече може ден да имам болки, па ден да немам.. дека оваа недела секој ден ќе биде различен.. А веќе и не знам.. и клима и вентилатор и од се може да е...
Дали обичен матичен лекар ќе ми даде боледување? Претходно имав земено од матичен гинеколог, но се уште нема поминато месец дена.
штом е добар во моментов сигурна сум дека ќе така и ќе остане. Ќе даде Господ ќе се избори. Биди трпелива лошото поминало.
Може ама со друга дијагноза, не им е баш по ќеиф тоа на матичните а и нема многу дијагнози со кои може да ти покрие боледување @newyear2015 живо и здраво синчето, си родила борец и си станала мајка борец, само на добро од сега да одат работите и убаво работи да читаме од тебе
да мила бев одморив малку знам што ме чека хаха, фала ти што помисли на мене .. инаку најново е што ми закажаа царски во петок, се надевам ќе успеам да издржам ако нешто не не изненади порано дедо мраз едвај чекам право да ти кажам пукнав едвај издржав овие два месеци не се дише веќе сакам да се олеснам што порано, со душа го чекам, д денот.. се надевам ти супер тераш ?! ве гушкамм
Како мене да ме опиша Инаку јас со настинкавабсе опоравувам некако полека да земам сили за раѓање. Пак ме фаќа паника и страв, дали треба? Водичка има помалку бебе но добро е. Тоа значи ли дека пукнал водењакот и може било кое време да почнат болки? Паника и страв ме фаќаат од болките, дали ќе можам д ги поднесам и да не се истоштам, да не ми се врти од нив и изгубам сила и концентрација? Извинете вака, прва бременост и се поминува низ глава. Инаку бебко се движи на широко и тесно, нека издржи барем уште една недела во меше тешко ми е веќе со тежинава, 9ти месец мислиш вечност е, ауу. На работа не ми се ни оди веќе, влагам во 39та, доста е мислам, се мислам и да не возам и малку да се поалам зашто цела бременост не осетив којзнае колку дека сум бремена, си терав се како по старо освен цигари и алкохол но и не сакав да сум разгалена, работев цело време, стрес стандард, по дома чистење нормално, искачање,игротеки, кафе мафе, одмори, ама 9тиот месец ме потсети што значи бременост Со лесно на сите.
Со лесно нека биде во петок, ајде ако не изненади друга мешка ќе кршиш мраз од август. Јас супер се држам, дај боже ваква лесна бременост до крај на сите. Мене само нијанси ме вадеанод колосек на школска бременост, како мала тежина на плодот и страв од порано породување. Но еве ближам 38 недела. @Flower123123 со помалку плодова вода се турка ама сака редовни контроли. Ако некоја раѓа вечерва си лесно. Утре генерацио на рапорт.