@Larahappy од сетов според мене највеќе ми беше потребно за првата ќерка - ножичката , чешлето и топломерот, имав купено на Чико пумпа за носот уште на почетокот ама не ја ни искористив искрено И ноктарицата е ок ама мене ми беше страв да користам ноктарица , со ножички ми беше полесно Да не имаш видено некој др сет само со ножички и чешле ?
@Yowannty те читав за чепот, кај мене кога падна немаше крв, беше само жолто-зелен и се тегнеше како белка од јајце. Баш го фатив тогаш со ракавици. Веднаш откако ми падна чепот, почна да тече и плодовата вода по малку, ми пукна водењакот. Тоа се случи во 9ч сабајле, и вечерта во 18:50 се породив со бебо мој Се надевам и ти ќе се олесниш наскоро
Чешлето за чешит првите месеци, а четката со синко за чистење на ирата од главчето ја искористив. Јас на чико зедов. Утре после контрола уште ноктарче и топлометар да земам и спремна сум. Трета смена јас дојдов да обработам. Се чудам како ми издржува организмов, цел ден во движење, навечер зомби... Така е изгледа од хормоните да се навикне организмот за она што следи со бебе. Ајде мешиња ве чекам на муабет.
Уште еден редовен на трета смена. Поголема дневница да се земе, оти требаат пари за бебе. Па и две, ехееее... Само трета да работам не стигаат Како сте мешки? Јас заспана од 22:00 и сега наспан веќе. Кај и да е за пола саат пак ќе бидам во сонување. Грев ми е за мм, цело лето човекот сам го мина на тераса, со слушалките на уво и пивце. Јас уште во 21:30 во "кабина", ама што се мора, се мора. Се за бебите. Лесно нека им е ако има некој со болки во моментов, жешково за сите е мачно, а најмногу за трудниците со големи мешиња. Добра ноќ мешенца
Еве ме и мене трета смена. Од прееска некој кафен секрет, се спрема нешто. Се надевам ке се издржи до среда имам контрола. Му пишав на др.не се возбуди многу, рече ако има болки, пукне водењак или крв тогаш да се јавам. Па ке чекаме, друго нема.
Еве ме и мене Ме разбуди болка во јајници која веќе не се повтори. Па сега дремам... отиде сонот. Бар маж спие не ми гасне клима, па не се жалам на жешко. Бебе размрдано.. сирото тесно и е.. а не се дава да мрдне нанадвор. Стомак уште ми е висок и ме стиска на дијафрагма не можам да дишам, а доктор вели бебе е со глава надолу пред канал и е спремно.. како е можно само еден бог знае.
Гледам има доста трета смена ете ме и мене, се рзбудив со болки во стомакот, доле ниско, како за добивање, цело време немирно спиев и веќе не се трпеше па станав.... еве еден час сум будна и малку намали болката.... инаку 14 недела сум, можно е до олку да боли од ширење на матката? Кај мене некако се е убрзано и многу изразено, ми викаат дека се две така било, замислете дури секрет почна од градиве да ми тече бебки веќе ги осеќам како мрткаат а читам после 20 недела обично се чувствувале првите движења.... буквално се е подрането кај мене
Добро утро. Охо трета смена имало доста. Јас само што пишав, си дојде синко од излегување, па муабет со него, како помина... Па машина спружав во 1 час и на тераса беше свежо и до кај 3 останавме со мм и синко враќајки спомени кога тој беше мал. @Septemvri @Yowannty , @marchi-cool , ајде ситно броиме. Вие барем имате нешто од симптоми, болки, исцедок... Јас освен мешкко на мене ништо. Како 7 месец да сум. Вечер сум на контрола да видиме. Само главоболки зачестени што дефинитивно не е знак дека се ближи пораѓајот. Вчера беба беше затишана, си реков тоа е иди, но до синоќа кога легнав и ме исклоца и натепа на сите можни места од мешко, лево десно горе, а особено долу во бешиката, дури во анусот ја осеќам. @Yowannty Др ми рече дека се сега големи бебите така секаде ги осеќаме. Јас и велам цела бременост долу беше што сега горе се качи, се смееше и вели: Главата им е долу пред канал,, а нозете под желудник. Ајде жени отидов јас го испив кафето и почнувам по скали да чистам КОНЕЧНО заминаа мајсторите, и сега уште тоа ми остана, па вечерва може да има журка- макар тешко кај мене.
Добро утро Мешиња.. Вчера бев кај мојте на гости па со мајка ми ги извадивме алиштата мои кога сум била новороденче. Избрав нешто и за моето па од мама на бебе нема поубаво Од утре 31 недела времето до сега прелета...дали дека и свадба спремав па не осетив незнам..ама ќе ми фали мешко Имајте убав ден П.с едно сликче од моите алишта бебе
Добро утро и од мене женски. Вие дежурни бевте, и јас бев ама се вртев цело време па сум заспала. Нема шанса цела ноќ да ја преспијам кога цело време го посетувам тоалетот. Искрено јас така чешелчето го поминував низ косичето , потоа падна па немаше некое време што да чешлам е потоа кога излегуваше другата коса веќе го користев чешелчето нормално. Инаку ми се затна увото од завчера па сега се јавував на матичната да ми даде упат за ушно за утре штетно ли е во бременост да се чистат уши? Нема шанса вака да седам со затнато уво до октомври Па капак на се кога станавме пред малку со ќерка ми гледам на бутовите позади алергија , толкави пликови последно пиеше АЦЦ , сега читам може алергија на кожа да се јави. И така да сега ништо веќе не и давам ни инхалации да прави ни тоа да пие. Аман веќе раат да не можам да бидам , едно ќе излечиш друго ќе излезе.
Многу ми е возбудливо да чекам да се олесните мамички, иако не ве знам, ептен ви се радувам. Видов се скршил мразот во август, честитки @Mia Fuentes , да си растете среќни и весели. Со лесно на сите други августовки. Јас дојдов на работа, прв ден после одмор. Знам дека е ужасно жешко и портокалова зона, ама ми требаше промена, се пореметив психички затворена дома. Уште се борам со железо и е.коли, дури почна (ко што би рекла една августовка) ваџајнава да ме сврби, па претпоставувам дека е од таа бактерија, или пак кандида. Колку и да е човек педантен, бактерииве напаѓаат мешиња ко луди. Инаку од тахомата се утепав од повраќање и направив 2 дена пауза. Да не има некоја подобра варијанта за внесување на железо? ЕДИТ: И @Martka се олеснила, сега видов. Честитки и сѐ нај нај!!!!
Здраво. Дали во бременоста ви се случило да ви се затне увото и носот. Јас веќе 2 недели сум со затнато уво и нос. Бев пред 1 недела на ушно и миго чистеа и ден два ми беше подобро и сега повторно ми е затнато и многу ми зуе. Незнам што да направам а не ми дадоа никакви капки бидејќи антибиотик не би пиела. Инаку сум 16 недела.