Мене ми даде фоловит феро и одма ми се дигна железото. По две на ден пиев, сега ми намали на една. Баш ми потенцираше дека не сака да ми даде други апчиња бидејќи ќе ми се повраќа... Овие се поише како витамини плус со две ц витамин ги пијам.
Фала @Larahappy , баш ќе ги пробам овие уште денес. Ги има во сите аптеки или треба некаде посебно да ги набавувам?
Во втората бременост имав затното уво, зуење и страшни болки. Изгубив баланс и повраќав, оти беше воспаление на средно уво. Антибиотик беше неизбежен. Ама веќе си била на ушно и веројатно не е нешто комплицирано, па можеш да поминеш со капки за нос и почесто секнење. Самата бременост може да предизвика такви промени. Носот цела бременост ми е затнат. А на почетокот ми беше и увото. Што направи @Мариаа. ? Се гушкате ли со бебе? Јас ноќеска пак со менструални болки. Не се сеќавам дека ги имав во претходните бремености, па почнувам да паничам дека имам некоја бактерија или е нешто друго неповрзано со бременост. Толку многу ми е топло. Секоја вечер спијам со клима. Не ми дува директ, ами лади доволно у спална, од ходник. Не знам искрено мм како ме издржува цел овој период. Има денови кога сама себе не можам да се поднесам. Башка шо се жали дека сум го смрзнала. Спие покриен преку глава. Почна да кашла и тврди дека е од климата. Јас имам умотано само едно тенко чаршафче околу стомак и половина. Гаќички и маичка. И така ја поминувам цела бременост. Сака да ме гушка навечер, а мене ми е тешко само што ќе ми приближи рука и цело време го буткам. Жал ми е понекад жими се. Ама ај, ќе се издржи. После бебе ќе не дели и ќе зафаќа најголем простор у кревет. Па уште девојчињата кога ќе станат у сред ноќ оти сонувале нешто и ќе дојдат кај нас у кревет. Ќе спиеме на 10 см од креветот. Ама и тоа е љубов. И нема ништо поубаво. Леле ајде забегав. Одам со време кафе да си ставам, да се опраам.
Во 30 недела бебето имаше застој во растот. Од почеток одеше точно со неделите за во 30-31 да заостани 1 недела, а во 34 цели 2 недели. Мислеа дека протоците не се во ред и не се храни доволно, но испадна доплерот супер. И еве без плацента која е презреана, само преку папочна тераме скоро 38. Затоа ме спремаа требаше и инекции за зреењето на плуќата да примам, ама и без нив поминав. Затоа не е се секогаш така како ќе речат. Цервиксот ми е убав и затворен. Едвај чекам вечер да кажат што е и до кај сум. А кај тебе што е индикатор за предвремено породување?
@Lianna Anna Само што сакав да пишам. Си ме помислила Само што се вратив од преглед. Работата тргна како за природно,ама денес пресврт. Бебе главата ја свртело и кај каналот сега му е вратчето. Докторот рече нема да ризикува природно,може свашта да биде. Утре најверојатно прием ,и одиме на царски Време е
Марија со лесно и јас те мислев утрово. Веќе ближиш краен термин време е. Ајде не се секирај, само со убаво да се олесниш. @kockichka и мене тотхемата ми се тешки и земам хемовит плус и вит Ц.
Јас од сам старт на бременоста сум со затнат нос. Кога дишам се слуша, како 100 години да не ми е исчистен. Затнато уво имав на почетокот, дури проследено со вртоглавица заради нарушена рамнотежа, ама помина само од себе. Ако сметаш дека ти треба помош од доктор оди и кажи им ја твојата состојба. Сепак треба да ти е пријатно во сопственото тело
Кај мене е вродено помала и малку накосена матка, па благодарение на тоа скратен цервикс 3см. Молам Бога да стигнам до 36 недела, не ми треба ништо повеќе. Желна сум да прошетам малку, обично сум живец во место не застанувам и лежењево сега ме шекнува ама што мора, мора. Јас па ќе се бодрев со тебе сега, зашто знам многу движиш, ќе си речев Ете не е страшно може да се шета малку ама ништо, кај тебе сосема друго било. Најдобро да си седам мирна
@EvieBabe јас па пред 2 недели бев и кај матичната и во Систина кај др. Корнелија Трајковска и двете ми рекоа цервикс ми бил 3,5см. И јас одма изреагирав дека е малку, а бев 21 недела. И др. Корнелија ми вика "не бре, супер е, само да не е помалку од 2,5см". А др. Ивановски имам читано дека е екстра доктор, а еве различни мислења. Е сега дали има врска со матката плус па затоа ти рекол така. Не знам, и докториве знаат да не збунат со различниве мислења. И јас сум иста, место не ме фаќа, ама еве лежам. Ама и ти лежи, одмарај, што треба да се купи праќај маж.
И мене ми викаа мирување, не строго ама таа храна што е да оди за бебе. Ама јас сум хиперактивна и искрено не ги послушав. Верувам во Бог. Пред 6 год после киретажа ми рекоа дека нема да можам никогаш да забременам или ако случајно останам со ивф дека нема да го донесам на свет. Еве сум. Само тоа што треба да биде ќе биде. Ајде уште малку стрпи се. После 36 е полесно. На пролет до бебушите ќе шетаме Која недела си? Се најубаво ти посакувам.
А производите babylove од ДМ какви се по состав? Гледав една крема за мачкање брадавици за време на доење, добра е? Исто се мислам помеѓу Алверде шампоните и овие babylove..
Денес влегувам 29та. Само таа слика ми е пред очи, на пролет со бебе во количка, нема да можат да ме приберат дома И јас верувам во Бог, патот беше многу долг и трнлив ама до тука не донесе, нема сега да не остави Јас имав киретажа пред 3 години Посакувам сите на крајот од ова патешествие да си ги наполниме прегратките со здрави бебчиња
Јас освен сапунче бебешко не планирам да користам ништо друго за бањање на бебуш за почеток. А ионака некако убавко му е да се шлапка во стомак, не му се излева. од вчера веќе надминавме термин. Бебо само се превртува во стомак го сеќавам турбуленции ми прави, цел стомак ми се клати ту лево ту десно. Болки во препони, срамната коска наболнува и после кратко седење , а камоли лежење. Ако немам ставено перница меѓу нозе додека лежам , при станување ми крцкаат коските. Утре во 12ч цтг ми закажаа на болница. Морало првиот пат да се придржуваш на терминот. Во најголемата жештина ќе се возикам до таму и уште ако ми се погоди гужва ќе биде интересно чекањето. ТУку ова жештиниве убиваат , алал да му е на оној што ги измислил ова климиве инаку испоцркавме. Овие два дена не се ни излегува во двор да поседи човек , да те фане воздух, Како да ги убрзами маливе да излезат што е можно побргу, мака ми е веќе. Цела бременост како да ми прелетаа месециве, а овој 9ти мислам ми трае цела вечност. Мм цел месец беше на колективен одмор дома, бебуш не излезе, сега додека сум сама тогаш ќе му текне, ама ајде само нека биде се во ред.
Исто и кај мене а јас некако сега во бременоста само благо си кркам претходно не бев љубител ама сега неможам без блакце