Ааа со оваа не ни збориме на таа тема Сега ме праша дали се движам и јас викам да малку повеќе од претходно,вика па да да имаш конци не смееш многу(мисли дека имам правено серклаж). И си преќутев. На последна контрола во Систина пред 3 недели цервиксот беше во граници на нормала,сега на 22ри имам закажано друга контрола па ќе видиме што ќе каже. Си пијам уште магнезиум и ставам утрогестан 2 пати на ден. 36та па ептен касно да не,да не му текне на бебе да излегува @newyear2015 каде ги носеше брисевите на испитување што покажале негативно,а уствари имало инфекција?
@Lianna Anna а ти мереле цервикс до сега? Или си била доста активна после тоа исто може да чувствуваш притисок долу... Велиш дека не се правилни интервали.. значи нема простор за паника... @Sofi.ja ја брисевите ги имав во 37ма недела така да немај гајле не е касно. И немав трет скрининг, докторот сметаше дека нема потреба оти немаше ништо сомнително кај бебето. А за упат, верувам дека можеш да земеш за каде ти сакаш.
и мене така ми беше околу 36 та недела после се намалија болките. Е да,тогаш движењето е многу тешко и болно. И ти кај и да си ќе ни се придружиш веќе од 36та - 37 ма недела си "влезена во термин" и јас немав трет скрининг. Ионака на секој преглед со ехо си мери се. Зборавив да си кажам. Денес и на 4д си го видов. си викам ајде побрзо да си го родам мирна глава ќе си го земам и ќе си одам после си викам нека си поседи ајде ништо не му фали.
Доктор вика цервикс е 4, 4. За разлика од последно мерење кога беше 4, 8 мислам. Цтг мирно. Ова беше на 7-ми. Соодветно на неделите и според истово, треба да терам уште. Вакви болки имам горе-доле, веќе две недели. Движам многу. Спротивно и не можам, со две деца сум. Не се правилни, ниту стануваат појаки. Па на претходно искуство, ваљда нема да ги утнам правилните. Едино сакам цела 36-та да ја изгурам. После ми е сеедно. Мајка ми е крива, а не дека јас паничам, жими се. Она ми стави у глава дека трудници со трето брзо раѓале. Кога сме кај брисеви, ми земаа кога "отворив" 36-та. Инаку и мене ми рекоа дека ќе родам крупно бебе. Меѓу 3600 и 4. Истиов муабет беше и за второто. Она се роди 3.400.
Јас вчера на вибер и пишав на таа поглавната шефица и денес шефот што е кај нас се јави во маркет да ме ослободат за овие два дена... Па до четврток ќе одморам.
Еве ме и мене. Ќе биде гужва тука неделава. Се враќам од Плодност, бебе едвај го измери, едни мерки за 33, други за 37 недела. Во глобала супер е ситно, но сеуште доплерот убав. И викам Др ослабена сум, ме гледа и се смее. Ми е гајле ми вика, ти и така не си поправена колку треба, но тоа нема врска. И 5 кг да си ослабена, јас бебето го гледам, а вака супер е. Па ми рече чекаме болки или водењакот. Но кога ме прегледа рачно 1 прст отворена, цервиксот омекнат, ја допре и главата на бебе. И строго мирување до четврток кога ќе бидам 38 недела и ако издржам до тогаш, попладнето да се нацртам со торбицата кај неа. Леле пеперутки во стомакот имам. И од кога дојдов страшна дијареа ме фати. Дали од трема, дали веќе ближи средба со палчица. @marchi-cool @Мариаа. Изгледа заедно ќе раѓаме. @Septemvri , @Yowannty како е планот. Ќе чекате термини или? Е сега ми е страв бидејќи за синко 10 прсти отворена отидов на гинеколог, а болка не сетив. Само благо прокрварив. Се плашам да не се отворам, а да си седам дома. Звучи смешно, но трпам болка да не задоцнам. Леле глупости тресам, а второротка сум. Ајде бегам . Ве барам вечер трета смена.
Мешиња, кога се прави контракции, бебе мрда ли? Имам чести контракции на 5 мин ама бебе мноогу мрда, од него ли е или е време за да палам патиките во болница?
Ако имаш правилни контакции на 5 мин оди си в болница најдобро...И со лесно... А и на сите кои ситно броите само со лесно и за брзо да си се гушкате со бебенцата....
Еве само што мислев дека порано ќе заспијам, се јави беба и клоца. Во меѓувреме синко се врати излезен беше, па да каже кај бил со кого бил. Многу сме блиски и се ми кажува. Вечерва седеле со симпатијата. Во облаци беше. Секој со својот филм @Flower123123 ајде ако е дојден моментот само со лесно. Те чекаме. Поздрав до сите добра и лесна ноќ.
јас сигурно ќе бидам 3та смена,ако успеам да заспијам ќе биде чудо,ќе частам ми рекоа утре испитување крв ова она ќе чекам визита па ќе видиме
Незнам што да кажам, и јас второродка ама се понашам како прво да ми е. Мислев вчера ке раѓам, видов кафен секрет и малку контракции, кои може и од психа ми беа. Денес мирно беше, ни секрет ни контракции. Незнам до кога ке тераме, до термин не ми се верува баш, инаку се осекам тешко како д сум 100 кг, а не сум поправена ич. Хормони до плафони...сите филмови почнав да ги плачам, се потам како коњ што да кажам, од една страна едвај чекам да се олеснам, од друга си викам да поседи уште малку кај мене да порасне на килажа. Ајде доста е з вечерва цурки, да пробаме дали ке се спие.
@Sofi.ja кај кој доктор одиш во Систина, и сите други што имате препорака за доктор стручен за ризична бременост а е во Систина, ве молам совет
Ти го препорачувам др. Димчев. Инаку контракциите стивнаа, мислам дека нема да одам во болница,на 60 км ми е, и така утре имам цтг ќе одам, освен ако не изненади бебо.
Заокруженото ти се мерките што ги измерила на бебчето. Според ехото бебето е две недели понапредно, ти дала 02.10 како можен термин за раѓање. Ама не мора да значи дека и е точно мерењето спореди си со други извештаи.
Добро утро од мене. Јас не знам што да правам и мислам више Бебе се сврте пак со глава надоле како што треба. Доктор вика да му дадеме уште некој ден. Цтг мирно,контракции 0. Ми вика ако е вака несакам да брзам со царски. А јас цела ноќ око не склопив,психички се спремав. Сафра ми е веќе. Не знам ни што да очекувам.
@Presrekna и мене мерките за бебе ми се различни, главче поголемо за недела/недела ипол, ама доктор вели се е нормално па ич не се оптеретувам со тоа. Изглеа стварно гужва ќе фати како тргнало. А мене ич докторот ме нема вагинално проверено. Може сум отворена некој прст, а поима немам. Денеска цтг пак, ама не верувам дека освен ехо и цтг ќе провери нешто друго. Ќе си чекам до сабота ја, госпоЖава моја нема сама да се спотера тоа сигурна сум. @Мариаа. Дај му време чим е можно. Ја више не се умарам. Утре ми е термин, ама ништо не осеќам, па верувам ќе биде сабота на договорено. Само постелка да не презрее. Ќе си чекаш на крв, водењак или контракции. Така ми рече докторот мене. Без тоа... ќе си седиме уште дома.
Апсолутно никаква болка немаше? И јас сакам вака. Ама како ќе се сети раѓање ако нема болки, не ми е јасно. Јас со контракции на 10 минути отидов, 5 прсти отворена, повраќав од болка. А тек 10. Изгледа имаш висок праг на толеранција на болка. @Мариаа. Се зеза бебуле уште од меше. Почекај, ќе биде брзо. Нели беше отворена? Можеби повеќе движење ќе ти помогне. А се измачи бе. Ти посакувам за брзо да се олесниш. Иначе имам слушнато дека прво дете често се надносува. Колку е точно не знам, оти такви околни примери немам. Мене луѓе трето ми е, а се однесувам како да сум прв пат бремена. Паника на најјако уклучена.
И јас одам кај Гордана Петровска, докторката е одлична. Топла препорака и од мене, еве втора бременост водам кај неа, ме водеше и породи со првото.
@Lianna Anna Ептен мангупски ми се понаша уште од сеа,полудев Останав отворена 3 прсти не мрдна повеќе,иако многу движам,скокам на пилатес топка,по скали идам како луда,ама џабе Се надевам на најдоброто деновиве. Веќе не ми е ни битно како ќе се породам само нека искача бебе.