Ајде августовските нека побрзаат, многу гужва се направи, за ние од септември да си го фатиме редот Како што гледам можно е сите колективно да одите @marchi-cool @Presrekna @Yowannty @Мариаа. со лесно и среќно @koritsaki јас секој ден проверувам што има ново во waikiki, ама слабо посебно за женско. Скоро ништо нема во Битола за новороденче или уште е рано за есенски. И тоа што е не ми се допаѓа.А кај машкиот дел за деца има убави комплети. Не знам дали дека не барам сега за машко и се што ќе видам ми е убаво, а колку пати кога ќе купував за син ми си велев леле какви работи има за женски
@Magic13 да , можно е да е рано , јас бев во неделата во Сити мол, еден куп летна облека , чекаат може тоа се да се распродаде. Не можев да се снајдам , вртам кругови низ продавницава и на крај си отидов. Се беше пренатрупано, расфрлено.. здравје понатаму ќе видам , облека не планирам да купувам имам толку многу , а уште колку ќе ми донесат на работа , на крај ќе немам место ништо да ставам во фиоките Нешто за излез од болница и тоа @Yowannty @Мариаа @marchi-cool @Presrekna обавезно да не известуваат за некоја новост
Во утробата на една мајка се наоѓаа две бебиња. Едното го праша другото: "Веруваш ли во живот после раѓањето?", а другото одговори: "Зошто прашуваш? Нормално. Нешто ќе има после раѓањето. Може сме овде за да се подготвиме за тоа што ќе следи подоцна". "Невозможно", рече првото. "Не постои живот после раѓањето. Каков живот би бил тој?" Второто рече: "Не знам, но ќе има повеќе светлина од таа што ја има овде. Можеби ќе чекориме со нашите нозе и ќе јадеме со устата. Можеби ќе имаме и повеќе сетила за кои сега не можеме ни да си замислиме". Првото одговори: "Тоа е апсурдно! Чекорењето е невозможно. И да јадеме со устата? Смешно! Нашата папочна врвца ни ја дава храната и сè што ни треба. Но папочната врвца е многу кратка, така што, живот после раѓањето, логично е незамислив". Но второто не се откажуваше: "Мислам дека постои нешто и сигурно е поразлично од овде. Можеби повеќе нема да ни треба тој наш природен кабел". Првото одговори: "Невозможно. На крај, и да постои живот, тогаш зошто никој никогаш не се вратил од таму назад? Раѓањето е крај на животот, и после раѓањето не постои ништо, туку само темнина, тишина и осаменост. Тоа не води никаде". "Не знам", рече второто, "но сигурно ќе ја сретнеме мајка ни и таа ќе нè заштити". Тогаш првото бебе извика: "Мајка? Веруваш во мајка? Па тоа е смешно. Ако постои мајка, тогаш каде е сега?" Второто рече: "Таа е насекаде околу нас. Ние сме опкружени со неа. Ние сме дел од неа. Ние живееме во неа. Без неа, овој наш свет не ќе можеше ни да постои". Тогаш првото изјави: "Јас не ја гледам, па така логично е дека не ни постои". А второто бебе додаде: "Понекогаш ако се стишиш и се задлабочиш, и почнеш да слушаш вистински, можеш да го откриеш нејзиното присуство и да го слушнеш нејзиниот љубовен глас како те повикува од високо". Pablo J. Luis Molinero, "Morphogeny"
Хола Назад од цтг. Мирно, нема контракции, бебе за прв пат толку успано. Постелка добра, вода доволно, од утре 40та недела. 2 прста отворена, доктор рече супер ситуација е плус тоа што бебе притиска со главче на цервикс. Ми рече не сакал да ме пушти да терам 41 или 42 недела, немало потреба толку да се чека, не претпочитал ни самиот, ама ми смени ден, место сабота, петок сабајлечки ќе ме чека на клиника. Рече се тој ќе организира, тој ќе ја извести и педијатарката, ќе им каже на сестрите се да подготват, да доручкам нешто лесно, и во 7:30 на утро да сум таму. Ќе одиме на провокации со некаква вагиналета, која по аплицирањето ќе треба да почне да делува за околу 4-5 часа, и демек кога ќе почнеле контракциите може да трае до доцна ноќта. Во меѓувреме, бебе сеуште има уште 2 дена сама да одлучи да излезе. Возбудена сум многу, и жива префркната. Едвај чекам и истовремено умирам од страв, што и како ќе биде. Од таму отидовме со маж до jysk и конечно купивме фиокар. И сега седнавме на кафе, па да известиме народ за новонастанатата ситуација.
Сакате малце хормонски драми да ви раскажам? Мм секој ден на работа,кога до 15,кога до 17ч. Јас сама дома. До скоро не смеев да се движам,сега кога смеам жешко е преку ден,ни до маркет не одам. И по цел ден дома,сама. Ќе дојде он од работа,нормално изморен,јас очекувам да ми обрне внимание,да ме погушка,погали. Тој едвај чека да јаде и кревет да фати,ќе гледа малце тв и ќе си заспие,ако немаме некои обврски. Последен однос во 5ти месец,од тогаш забрането. Од тогаш почна да ме одбегнува на таа тема,колку пати ќе го закачнам, не бегај ,ти не смееш, викам ок ама ти смееш дај да завршам раб,он упорно не. Чепкајќи низ тел гледам од сабајле си ја завршува работата. Ок ај,ме избегнува заради проблемот мој.. Но некако односот му е ладен,како да не сме повеќе толку блиски,а баш мислев дека бременоста ќе не зближи и разлигави уште повеќе. Дојде пред малце од работа,ниту ме баци,гушна, се тупнавме на маса двајцата. После јадењето му викам ти мене не ме сакаш. Што ти е на тебе како го заклучи тоа. Му викам по однесувањето,не ни е ист односот. Може не сум ти интересна веќе. Не збори глупости. Си почнав да си плачам и кога очекував дека ќе дојде до мене да ме теши,гали уште толку луто дали си нормална зошто плачеш престани. И толку. Си избегав во спална. Не ми се допаѓа моменталната ситуација. Не знам дали преувеличувам,дали барам премногу внимание од што сум по цел ден сама,а него му е скурчено по цел ден на работа. Плус татко му болен од рак, плус парите што им ги должевме на неговите спомнаа да им ги вратиме. Можда се ова влијае на него, ама не сакам да се одразува на мене Со бившата биле 7 години во врска и кога прашав зошто раскинале вика веќе станавме како брат и сестра. На крајот од месецот и ние правиме 7 години. 5 во врска,2 во брак. Давам се од себе љубовта да ни цвета,да му е убаво со мене,да е среќен и задоволен. Мислев дека како се приближува раѓањето на бебе ќе бидеме уште посреќни и позаљубени,зошто е многу посакувано бебе. Очекував "да се правда" на некој начин дека сум во заблуда и ме сака. Не се потруди да ме разубеди. Да се надеваме дека ова е пореметен хормонален период Извинете за долгиот пост,морав да се искажам.
Мешиња, прочитав дека во ДМ до 25 Август ќе имало и до 35% попуст на бебешки колекции, па ете информација кој сте спремни за купување
Софи... Јас мислам дека хормоните си го прават своето. Не би да филозофирам, само ќе кажам дека сега сме хиперсензитивни и со сила си бараме рачки. Еве јас сум 24+, односи со мм цела бременост немаме. Така и ќе биде ди крај, здравје. Свесни сме дека ситуацијата тоа ни го налага и нема друго. А тоа што јас сум камен во тој дел и ниту да ми текне воопшто е друга работа Се галиме, ама не многу. Јас цела се грчам. Еднаш се случи, ми се поднавали на стомак. Мм вика страв ми е да те допрам. И го разбирам искрено. Драга, важно е да ја имаш поддршката, иако верувам дека ја имаш. Уживај и немај гајле. Периодот ти е таков. Осетлива си и веднаш креираш филмови во глава. Како и сите други мешки со хормони до керамиди
Не маваат сите хормоните повеќе отколку што треба; јас ни сама не знам колку глупави и смешни работи ме имаат погодено во овие 7 месеци, колку пати непотребно се изнаплакав. Не си ја мачи душичката, не си прави филмови. Факт е дека сега сигурно не сме им толку привлечни со мешлаците и офкањето и млитавоста, особено ние залегнатите дома, не се дотеруваме толку, не се средуваме како обично ама ќе пројде и тоа за два месеци па ќе си се врати се во нормала, ќе нема мешиња, ќе си бидеме пак секси Ние не сме имале секс од јануари, ни забранија од прв момент и не ни експериментираме нешто друго од пусти страв да не направиме беља ама не се оптоварувам ич со тоа, ова е најважно, а другото ќе си дојде по пораѓај. Гушкај си бебче таму и не се секирај
Со лесно нека е женски на сите што сте во исчекување @Yowannty ајде ти имаш уште малку, беба има два дена да реши да излезе @flower30 да баш видов имаше попуст на шампончето од 500мл на babylove, кремите за лице и тело со хамамелис и пантенол.. ќе видам потоа ако ме носи патот до дм да земам нешто
Не се грижи таков е периодот и ја сама си барам рчки периодов со мм, се мене нешто ми фали, за секоја ситница се фаќам..сакам 24/7 да се вртка околу мене ама тоа е невозможно. Еве кај нас беа дозволени односи па ептен се ретки едноставно неможам да се олабавам се мислам дека ќе повредам бебе..и он ме разбира не се закача на таа тема Ќе се роди бебе уште малце ќе се врати топлината, башка зима иде, нова година (уште од сега замислувам дека ова ќе ми биде најубав Божиќ) не се грижи се ќе се среди. Верувам дека и за него е грижа проблемите што ги имаше со бременоста..сите имаме такви периоди не се грижи.. Те гушкам
Со лесно на сите мамички што ќе се олесните периодов, после Ве чекаме за почетнички совети да не не заборавите
Мене ме мава депресија, ќе ми помине и за ден два пак исто... Се осеќам неспособна за ништо... Бебево не го осеќам од вчера навака, правам филмови во глава, да не ми умрело, да не се обесило со пап. врвка.... Маж ми ме напнува само дај, дај... па не можам.. не ми се сака... Он не разбира вика да бе јас ќе трпам секогаш.. На работа не ми се оди,не се осеќам убаво.. Никој ме ме сака... Не можам да поднесам никој во моја близина. Од дома не ми се мрда.. Неможам никако са си олеснам, да не ми биде вака.. Бидејќи цел живот вака го поминав, во лошо опкружување.. Извинете на постов ама морав некаде да пишам...
Јас денес со ужасни киселини. Овие денови и тахикардија имам и нагони за повраќање, ама ве читав и други па си реков не сум единствена. И денес јаки киселини, дури мислам грлото ми изгоре. И не знам еднаш порано имав читано симптоми за срцев удар се и киселините и болки и побрзо биење на срце и ми се уврте у глава еден страв. Знам, знам - не сум нормална и се јавив на матичната, што смеам да пијам за киселини, ми рече Гастрогард и сега едвај го чекам мм од аптека одам да земам едно. Или косичка растеили ова другово е. Нова кутија таблети во мојата збирка колекција. До 9ти ќе треба да си ослободам еден цел плакар само за моите лекови. Инаку @Sofi.ja иста сум и ја. Само освен хормоните, многу придонесува и седењето дома. Јас и претходно бев дома со дете, не ни излагав кој знае колку. Сега ова строго мирување ме дотепа. Доволно е да ми текне нешто или мм да направи нешто и одма истите муабети и кавга. А и хормоните до плафон и се заедно доведува до ова. Јас лежам веќе 15 дена и побудалев. Па и жешково ме убива. Пак си имам болки и сега на контрола, на емг, не верувам дека ќе ми кажат нешто поинаку, дека ќе можам да се движам. Така осеќам. Многу ми е напорно. Бебче го осеќам по цел ден. И само што помислам на него, одма мрда,паметно мое синче