Старлич, не смееш така да размислуваш. Душа носиш во себе, и ќе ја доносиш до крај. Расположението на сите ни варира, што од хормони, што од нервозно жешкото време... Само биди среќна со полниот мешко, ништо друго.
Мила ич да не се секираш сето тоа е од хормони. Исто и кас сум по цел ден сама и ми е досадно особено сега дека не одам веќе на работа знам и јас да се налутам ама после го сваќам изморен отепан од жештините и неговата работа е со луѓе и уште јас фалам да му дрндам го сваќам и јас кога одев на работа кога ќе си дојдев не ми се зборуваше. А за секс Ние секс немаме од пред постапката на ин витро значи од јануари. Не дека ни рекле не смееме ама ете од пусти страв и грижа на совест не ни пробуваме. До скоро сопругот се плашеше да ме допре за стомак да осети како бебе мрдка а не па ли друго да правиме
Да се напиеш кока кола и нешто благо касни ако добро памтам од тоа треба да се размрда, ако ти е толку мисла отиди кај матичниот утре нека те ѕирне на ехо.
само нека ти олесни,кога ќе се породиш ќе ја има сличнава ситуација само во обратни улоги. тој ќе биде ти а ти ќе бидеш тој. Затоа малку разбирање и ние и тие за да не дојде до ваков "дисбаланс"
@Sofi.ja Специјално за тебе се уклучувам, прочитав од прееска, ама излегов па сега најдов време. За разлика од досегашните мислења кои беа напишани, јас ќе кажам дека не се виновни твоите хормони, не е виновен ни мт, но до него е. Бременоста е друго стање не само за жените, туку и за мажите. Тој е само збунет, ништо друго, далеку од тоа дека не те сака, тежок заклучок си донела. Она што заклучив првата бременост е дека на мажите тешко им паѓа она "не смеете" да имате секс, посебно кога е кажано од доктор. Тој потоа се плаши да се приближи до тебе бидејќи може да добие нагони, а во глава му се врти она "не смеете". Поинаква е ситуацијата кога мажите се одбивани оти жената не сака секс, тогаш се поопуштени. Мене во првата бременост ми беше забрането една недела поради скратено грло и тогаш го заклучив ова. Кога докторката дозволи, му кажав на тел како сум поминала на преглед дека се е океј, а дозволата за секс му ја спомнав онака, кога човек се нацрта порано од работа Не го.притискај, но можеш да бидеш послободна, бакнежи, по некое галење, за кратко време ќе се опушти. И тие се како децата. Секако бременоста е на прво место, ако не смееш секс нема да имаш, но има други форми на близина физичка со мажот кои ќе ви годат и на двајцата. И убаво е што го размислуваш ова, јас сум за.здрава физичка врска помеѓу мажот и жената во брак, мислам дека е многу важна. Но да не те обесхрабрува ако не покажува интерес, уште еднаш ќе кажам, некои мажи едноставно така ја доживуваат бременоста на жената, со време се средува.
Еве циганката почна да мрда.. нека излезе само ќе и кажам јас не неа. Јадев благо цел ден, малку пепси се напив.. Ама нешто се успала денес... Ради неа паники ме фаќаат.. Втор скрининг на 23.08 закажав.. Едвај чекам.. Маж ми ќе оди за Џермани, таму ќе биде 3 месеци.. Криво ми е што нема да доаѓа на контролите со мене..
Сите со по некоја ,,бубачка'' во глава, али ако е за утеха релативно кратко ,,брчат'' некој месец само . Нема некоја што не и дошле безвезе мисли, ама пробајте во тие моменти да мислите на бебето, што ќе му купите, како ќе го облечете, свртете го вниманието на нешто друго, ако можете излезете купете нешто за бебето, макар и некоја ситница, некое лигавче, одма ќе ви се смени расположенето. Нас однос, освен во прво тромесечие, ни беше дозволен ама нема интерес од ни една страна. По цел ден може да се галиме, лигавиме, муабетиме за бебето ама сех не спомнува никој . Мене па срам ме изеде како ќе го носам на контрола со мене, ептен запна да иде и го земав, до сеа вешто избегавав да го водам, ептен незгодно ми беше маж у чекална на гинеколог. Ај се договорив со сестрата да ми закаже коа нема да има никој безвезе ми е ова, знам, ама ете, за среќа умен беше ко шо го учев од дома, ништо да не препрашува, да не муабети многу, ако го прашаат нешто океј, ако не да си ќути.
Искрено да ти кажам сега кога размислив верувам дека е испаничен од состојбата со скаратен цервикс. Не дека нешто имам желба за однос јас,ама во тие моменти има повеќе галење,мазење а тоа ми фали. Памтам колку беше испаничен уште првиот пат кога ми кажаа дека ми е скратен цервиксот, јас додека сфатам тој се расплака (пошо др настапи мн лошо,дека матката нема да издржи). Сега повторно разговаравме,ми призна дека од вчера нешто ми бил лут па затоа денес не ме бацил, се било ок меѓу нас,ме сакал викам зошто прееска ова не ми го кажа,вика глава ме болеше цел ден на работа,а и те прашувам што ти е ти само плачеш ај среќа уште еден месец трудноча со пореметени хормони (ма да има некој период и после породување).. И да знаеш дека си излегов и си купив прибор за нокти и силиконско лажиче,и баш се расположив. Во овие месеци не ни помислувам за мене да купам нешто,освен претходниот 2-3 маички откако ми станаа мали моите. Прв на мисла ми е бебко,да се купи се што треба за него. А за контрола мм само еден преглед има пропуштено,во 12та недела кога правев брисеви,дека од сабајле бев. На секоја контрола сме заедно и тоа пред да отидеме си повторуваме што сме сакале да прашаме,па таму се потсетуваме еден со друг. Секогаш во чекална има уште по некој маж,ич да не се секираш за тоа. Јас кога ќе видам гужва да има 4-5 пред мене,го праќам во кладилница па го викам ко ќе ми дојде редот,да не дреме со жени
многу си во право,дел хормони дел самата психа дел и она што се случува околу нас и како го доживуваме ние. Јас на почетокот првите 3 месеци имав доста мачнини и цело ама баш цело време мислев леле ќе умрам ќе ги оставам децата без мене сами па плачи па кукај па боже оф леле... После следните 3 месеци бев ко во рајот,синко ми викат мамо од ко имаш бебе во мешето појќе ме сакаш,сите не сакаш е последните 3 месеци ми се чини ауу депресии ме фаќаат леле кога ќе се породам мора да одам на лечење оф леле... да имаше некој да ме мавне со летва па да ме освести,а за секс.. цела бременост ја поминав со не ме чепкај лошо ми е мачно ми е тешко ми е жешко ми е... Последните 3 месеци кога ми беше "фазата на депресија" си викав леле ќе се разведам само да се породам со лесно да издржам маж ми не ме сака ни ме гушнал ни ме бацил сигурно има друга 100% ме изневерувасва среќа што помалку зборував цела бременост оти ако му кажував се што " ме мачи" богами тој мене ќе ме оставеше.
Јас не се срамам.. Ни од доктор ни од маж ми.. Јас сакам кога е со мене во тие моменти.. Заедно гледаме и се радуваме. Си кажуваме претходно што ќе прашаме и таму се потсетуваме. Има многу жени што доаѓаат со своите мажи. И не ми е воопшто срам да доаѓа. Сакам кога ќе го види и тој бебето. И секогаш закажувам попладне за да може и тој да дојде да гледа. Само една контрола пропуштил, кога ми зимаа брисеви.
Најлошите бубачки ми беа на почетокот (Првите 12 недели) кога се плашев дали ќе биде работата со сигурност, а мм раскажуваше наоколу дека сум бремена и сакав да го убијам, тоа ми правеше уште поголема анксиозност. Плачев скоро секој ден. За односи, не сме имале забрана, напротив докторот рече океј е да имате, ама мене во се ми е паметот освен во тоа. Биднало неколку пати, ама со силење. Само бебето ми е во памет. За контроли, доаѓа на сите кога го гледаме бебето. Се радува и тој, еднаш дури заплака кога ни кажаа пол. Во чекална секогаш има по некој маж, па не ми е непријатно. Да е само тој, можеби и би ми било. Сега сме на втор скрининг, се надевам ќе го видиме бебето во фациче Убав ден трудници, ајде од утре ќе залади малце да здивнеме .
Девојчиња,сега се враќам од преглед.Има срце Како ми е топло на душата Ми олесна кога ми кажа д-рот дека се’ е супер.Се надевам ке остане така до крај Инаку сватив дека тригер за мачнините ми е кафето на гладно.Јас дома си пијам кафе,а патувајќи накај раб јадам нешто ситно+банана.Сега прво каснав,па не ми е така лошо. Ви се изнасмеав на маките со мажите.Извинете.Не сте тоа вие,хормоните во вас се Секс само на тв гледам Од почеток на Јули како стартував со стимулации,па едно,друго,се редеа и со позитивната бета,страв му е на м.м да ме допре.И мене додуша,а и нон стоп имам Утрогестан пикнато Ај може во второ тромесечје ке се активираме,ако не,мојов рече дека без проблем ке си завршувал раб сам,само да има бебе.Тоа е љубов Ај,ве отрув од сабајле
Добро утро, @dunika супер, ете гледаш. Сега опушти се и уживај. Јас пак си станав со болка во стомак. Мене искрено освен седењето дома и хормоните, на расположение многу ми влијаат и тие болки што ги имам. Освен болката што ми смета, па почнува паника, па намрштена и уплашена фаца и ете ми никакво расположение. Само се надевам дека се ќе биде добро на крај. Мм со првата бременост 2 пати беше со мене, на 2та скрининзи. Сега ниеднаш (а доста прегледи поминав до сега). Ама не ми е нешто којзнае што срамно. Само кога одел со мене и јас малку му кажувам што /како да прави и збори. Другите мешиња до каде се, некои новости?! Ајде на кафе
Те чекав да пишеш Сега опушти се и само позитивно,гали меше и зборувај му За секс ќе надохнадите кога бебе ќе спие А за маж не му се секирај ја има он Десенка расич
Добро утро труднички А зашто ги оставате мажите во чекална? Мојот топтан со мене внатре е, си гледаме заедно бебе на екран, си седиме заедно за цтг, обавезно ме држи за рака, чат пат ќе ме бацне на рамо. Сите контроли ги закажувавме попладне, за да може и тој да присуствува. Иначе јануари ми беше најдолг и најтежок месец, и февруари ама јануари хормоните ми се чини на најјако ми беа пуштени. Едвај станував од кревет и нон стоп повраќав, не бев способна сама да се избањам, маж ми ме бањаше, тој готвеше и чистеше ја психички многу паднав. Ме мавна филм дека татко ми не дочека да си запознае внуче и плачев по цели денови.. толку ми беше лошо што само си повторував “не го можам ја ова”. До април беше преживување. Веќе во април почна да олабавува глава од црни мисли. И излезе дека сум го можела ова. Цели 9 месеци денеска. Така да женски, што и да е ќе помине кога ќе попуштат хормоните. Само трпение. Односи на почеток ни беа забранети, а после веќе не ни прашавме. Кога влегов во 9ти почнав да го буцкам мојов не дека ми се сака или ми е дојдено до сеХ со лубеницава што ми тежи, туку демек да убрзаме процес, ама тој жив префркнат е ми викаше “утре” на секое, оти кога ме напиња да го чешкам а ја тоа мрзам и ја му викам “утре”. И вчера после контрола кога докторот рече ја напипал глава на бебе, ми се врти едно време и ми вели замисли ја да напипав глава на бебе ќе умрев. Да му велам така тоа се умира, и многу ќе разбереше тој дал напипуе нешто или не. Ама сеа горд е што не попуштил. Ај му викам.. за некое време ќе се сменат улогите. Се реметевме вчера. Си ја спремам психава за пораѓај, ама мислам дека е невозможно. Како да бидам спремна за нешто што прв пат во живот ќе искусам? Еве и на крај ме маваат лоши сценарија.. секаде памет ме тера, си велам нека боли само да не се искомплицира нешто од тоа највеќе стравувам... Колку што ми треба сон овие 2 дена, мислам дека нема шанси да заспијам. Ама и тоа ќе помине, ко и се друго што помина месециве...
Добро утро мамички, тука сме некаде сите со бубачките, вчера бебчињата не ги осетив речиси воопшто, а еве и денес ги нема леле ептен се секирам, само глупости мислам.... следна контрола ми е за 2 недели ама тешко дека ќе издржам до тогаш да не ги видам дали стварно си зафатија горе во меше некоја добра позиција па некни значи цел ден преткаа, мм ми вика си се сместувале тогаш горе во мешко.... незнам што да мислам веќе. А кога сме кај односите не сме имале откако видов две цртки, никој ништо не ми забранил но страв ни е, сепак се две бебиња, на сите документи ми пишува ризична бременост и заканувачки абортус ајде споделете искуства со мирувањево на бебињава пошто ќе се шекнам и јас
Добро утро мешиња, како сте? Мене уште сабајле ме разбудија палавковци, кренав пижама и уживав во бранувањето на стомакот. Каква убавина... Инаку, утре ќе проверувам скриен шеќер па се секирам како ќе сум гладна толку време, а плус и шеќер да голтам. Ќе се стисне заби, мора. Луѓе, само здрави и живи да ги донесиме на свет бебенцава, се ќе си надокнадиме после. Се што ни се случува на сите на релација маж-жена е природно и нормално (ваљда ) Може лошо ќе се изразам, незнам, ама во овој период мажите не не гледаат како "сексуални објекти", како љубовници туку како жени-мајки кои ги носат нивните деца. Јас на пример, односи во бременост не би имала па и да ми дал докторот виза. Беби се среќни со неколку бакнежи, прегратки и галкање мешко. Најавуваат врнежи за денес. Ќе ја имаме таа среќа? Ве гушкам, убав ден имајте
Ве молам за мислење Пијам пре мама и вчера на грешка наместо да се напијам таа жолтата таблата и розева, јас сум ја испила жолтата и една Оспен. На одмор сум и сите лекарства во едно најлонче ставени , сум ги измешана. Има ли штета една Оспен
Лејла, многу се мали за да ги чувствуваш постојано. Во тој период тие си мрдаат ама мајката не го чувствува секое нивно движење. Нормално е да се загрижуваш така, и јас и сите го правиме тоа, ама пак ќе кажам, во малите недели движењата потешко се детектираат. Ќе видиш за две недели-три што ќе се случува. Ако ти е многу мисла, за да не си вознемирена тркни до кај матичната. @dunika срценцето нека бие наредните 8 месеци, леснотија и убавина само да осетиш во бременоста Уште едно бебе-херој имаме на пат!