Дечки мене и со клексан д-димерите и тромбоцитите исти како и пред нив, дури и малку полошички. Незнам што организам ке бев. Попладне сум на ЦТГ, а во понеделник кај др.што ке ме пораѓа. Па ке се договориме што да правиме. Од денес 38ма, нека е за арно.
Почна да се расипува времето стварно не можам веќе со топлово сабајле бев излезена со мајка ми и ќерка ми, до Бакал нешто да каснеме па на пазар па во супермаркет и демек излеговме во 9 саат, пак топло беше.. Туку сакав нешто да ве прашам женски. Пред едно 2 месеца на брадавиците (баш на тоа место каде што треба да тече млекото) ми се појави нешто ко жолто-бело и се исуши и си стоеше така , не сакав да го чепкам. Е вчера од левата града тоа ми се откина и сега местово ме пецка при допир што можам да ставам или подобро да не пипкам на тоа место, да оставам така да си помине ?
@koritsaki Купи си ланолин и мачкај, специјално за брадавици е и рани при доење. Убаво омекнува и заздравува. Јас на Лансинох имав купено од ДМ, изгор скап, мислам околу 700 ден мало тубиче, ама ич мака не видов со болка од цицање, само некои 3-4 дена после болница. Има и поевтин ланолин по аптекиве. Инаку, мачкав уште трудна додека бев, и сите ги советувам истото. Брадавиците многу ми омекнаа, кога се породив бебе фати од првпат и цицањето песна ни беше. Засушеното што ти паднало најверојатно е колострум, предвесник на млекото.
Хормони до плафони... без гајле мила тоа постепено ќе се среди - би требало... ако ти е за некоја утеха и кај мене е исто само обратна ситуација.. јас сум таа "ладнокрвната"... а најлошо е тоа што вњќе 2 месеци сум породена.. мм се обидува да ми се приближи, да ме гали, да ме бакнува а јас "бегам" како "ѓавол од темјан"... не знам зошто е тоа така, немам објаснување.. се срамам самата од себе ама што да правам, не сакам така да биде ама ете... го имам најдобриот маж на свет, за се ми угодува, за се е покрај мене, посебно сега со малото е нон стоп... го чува а и мене ме чува... се плашам дека неговата љубов ќе исчезне ако продолжам да го одбивам, дека нема веќе да се обидува да ми се приближи, да ме гали, да ме бакнува... се надевам дека и кај мене се хормоните а не некој проблем... опушти се и уживај во бременоста ...
Девојки, како сте? Да не барам назад низ темава знам се коментираше за шишиња. Утре сакам да купам, не знам какво да земам. За син ми користев нук пластично, добро беше околу 500 ден. Ме интересира како се движат цените и се мислам од која фирма да биде.
@Sexybaby86 Ова сабајлето го купив. Значи може да се користи и ако не сум породена се уште Ланолин е ова така? Околу 80 денари беше мислам Исто и чаеви два земав, кога ќе почнам да дојам ќе ги пијам. Со првото дете кога доев пиев чај од коприва и од чаевите Weleda (мн поскапи беа , 5 евра кутија) А овие од дм , мн евтино ги земав , ваљда добри се
Тоа е колострум.. првото млеко, затоа е жолто.. тоа е предвесник дека млекото надоаѓа и дека по пораѓај ќе си имаш млеко за да доиш бебе... а за тоа што те пецка мачкај 2- 3 пати во денот со ланолин... тоа ги омекнува брадавиците и нема да те пече и боли.. исто и кога ќе доиш ќе треба да ги мачкаш брадавиците со ланолин за да немаш проблем и да немаш болки... со лесно до крај мајка...
Ја имате ли користено оваа крема и дали помага, мене ми ја даде золва ми и рече дека ке ми треба за во болница
Тоа е сигурно, штом вика маст за брадавици. Мачкај се слободно, само ставај хартија или влошки за гради, зошто мрсно е, да не ти направи флеки. Јас само по градник бев цело време на почетокот, па во градникот бев стално со влошка. Лансинох е инаку органски бренд, затоа и се толку скапи производите. Почнав едно време бебка и со нивна купка да ја бањам, ама скапа беше, па се откажав. Добри се и Бејбилав сите производи, особено кремата за лице за бебиња, омилена ни е
Ne e ova lanolin, nekoe maslo e, ama sigurno nema stetaa da se mackas. Ako kupuvas lanolin vo apteka baraj, vo DM ima ama 900mkd e
Градите во бременост се мачкаат само со маслени АД капки. Јас се мачкав од 34 недела и супер поминав со доењето, никакви рагиди, рани и болки. Инаку и мене ми се правеа такви како засушени.
Дали ви се појавија брадавици и нови бенки по телото. Почнаа да ми се јавуваат првично на вратот обични брадавици, сега гледам почнале да добиваат кафеава боја, а ги имам и на градите околу ареолата
Мене по лицето ми се појавија пеги, на телото сеуште немам ништо приметено.. Брадавиците на градите исто така почнале да ми потемнуваат, а сестра ми доле сеуште е иста Она некако не е заинтересирана да мења изглед, нејќе да биде како другите.
Здраво мешковци. Кога ве читам дека некои веќе само уште некој ден броите и мене ме фаќа еуфорија за вас. Јас на пола пат сум, не ни сетив кога летна. Колку што се замарав во првата бременост, сега вака треба, зошто кај мене е така...оваа бременост лежерно. Само дај Боже се арно да е. Сите мали алишта си ги вратив мк, па некогаш ме фаќа желба да купам нешто, но си викам уште рано е. Мислев во второ тромесечие се добива повторно енергија, а јас од ден на ден се поуспана. Можеби и од досада, секој ден ист. Толку од мене, одам да спремам дете за во градинка. Лесен пораѓај на сите што броите ситно
Јас на деколтето имам големи флеки во смеѓа боја. По мешето, пределот под градите, имам исти такви ама поситни. И многу нови бенки. Ареолите ми се црни веќе, а ја имам и Линеа Негра долж мешко. Е по лицето немам уште ништо, ама и да ми се појават, воопшто не жалам.