Мирна глава од денес. Почнувам 37-ма. Секретот ми е се пообилен. Утринава бледо жолто нешто. Не мислам дека е чепот. Не знам што е, а и веќе не се замарам. Брисеви ми се чисти. Болките ми се смирија. Уште имам, ама многу поретко. Може дека паничев, па од стрес сама си ги предизвикав. Сабајле на пример ја прочитав Јованти за контракциите и одма почна да ме боли. Може ќе треба да престанам да ја отварам темава. Девојчињава смислуваат име. Цел еден список имаат. Да, уште не сме одлучиле. Малата е цело време разочарана, штета што не било женско. Кога им кажавме дека ќе имаат братче, не можевме да ја смириме. Плачеше да сме го врателе назад и да сме земеле женско. Искуство со провокација немам. @Yowannty болките се тие. Ќе бидат исти како природните. Колку брзо ќе се отвараш ќе следат докторите. Искрено ти посакувам да си поминеш најлесно на свет. @koritsaki Кремата не е Ланолин. Ама не верувам дека може да наштети и веројатно го има истото дејство. Ланолинот е одличен, јас го употребував и болките одма ми се смирија. Иначе имаш колострум, млекце ќе доаѓа. Ај нека се јават другите што се пред раѓање, што направија. Убави вести чекам.
Не се плаши, ништо страшно не е. Ни најголемите плашливки не останале непородени, јас стално така си се тешев Како што спомна, те немаат прегледано со рака. Можеби е веќе омекнато грлото, па вагиналетата ќе забрза процес и ќе биде доволна, мисли позитивно. Кај мене беше тврдо камен и цврсто затворено, не се отворив ни сантим и покрај толку провокации, па ете пак не останав непородена. Само смирено
Богами и мене ми е страв од провокации. Уствари кога е најдобар избор провокација? Ако си веќе отворена,а немаш болки или? Страв ми е да не се измачам со провокации,и на крај пак царски да завршам. Само што се вратив од преглед. 3 ипол прсти отворена,контракции пак многу слаби. У сабота пак. Не знам до кога ќе терам. Денес 40+3. Поштено се изнаплакав и излигавив зошто ич не очекував вака да биде
Не се секирај, знаат они. Секогаш прво вагиналета даваат и следат ситуација. Ете една девојка што ја качија заедно со мене во родилни сали, се породи само со помош на вагиналетата, после неколку саати откако ни ги дадоа
Ме прегледа со рака во вторникот конечно. Ми рече многу добра ситуација е што бебе притиска со главче на цервикс и демек тоа било по-олеснителна околност. Ама сешто изначитав на интернет месециве, па и дека исто постои шанса да се качи горе... така да само седам, читам и си праам филмови. Иначе, измеѓу се ова со провокацииве, кога следи клизма?! Ми тргна последниве денови редовно да одам во тоалет ама еве овие 2 дена пак ништо, ќе умрам од срам ако напраам беља на сред пораѓање, а знам дека и тоа се дешава...
Клизма ми дадоа во соба, пред да ме качат во родилни сали, пред да ми стават вагиналета и све остало. Се осеќам ко советник за пораѓај, на све имам одговор
Можеби нешто повеќе од 2 години сум неактивна на форумов. Ве читам чат пат и секогаш сум со насмевка на лицето. Категоријата "Семејство" ми беше најпосетувана и најкоментирана еден долг период. Две бремености ги споделив со вас. Што убави денови беа тие... Носталгична сум.. ми недостасуваат и дружбите и големото меше. Многу нови членки гледам, но и многу стари, или бремени или мајки на две па и повеќе деца. Нека ви се живи и здрави. Трудници убави вас нека ви е со лесно. Ги живеете најубавите, неповторливи денови од животот! Уживајте во секој миг!
@Yowannty не се плаши воопшто било што да ти стават од провокација, се се трпи. Јас почнав да се отворам , бев 4 прста отворена откако ми пукна водењакот , и ме тераа да шетам во меѓувреме ме проверуваа. Тогаш и клизма ми ставија.Потоа за да ја забрзаат работата, ми ставија провокација преку инфузија е тука почнаа болките. И по саат време се породив. Е тоа беше без епидурална. Сега јас со епидурал планирам и појма неам како иде постапката. Како и да е, слушај ги докторите, диши правилно те очекуваме со новости @Lianna Anna фала ти, ќе го мачкам и ова па ќе видиме. Ќе видам и во аптека за ланолин
Јас бев со таблети не со вагиналети.Првата таблета ми ја дадоа во 12 тогаш имав термин и ми рекоа да отидам за 4 часа пак да ми дадат уште две. ОД првата ништо не се случи.Па во 16 пак отидов.Ми дадоа плус таблета за омекнување на грлото на матката.Не бев отворена бабицата ме тешеше дека сум пола прст отворена.Па во 16 ми дадоа 2 таблети и ми кажаа пак ако не добијам болки да отидам во 21. Јас си шеткав си уживав и во 20:30 почнав да осеќам како влелење .Ама мислев сум се уморила од одење.Продолжив да одам накај болницата и случајно глелам дека ми се повтараат контрациите на на 2 мин.Не беа јаки искрено.Отидовме во веце и на бришањето видов крв.Си велев почело е почелоПа се истуширав и се симнав долу во породилната сала во 21 часот.На цтг и се гледаа болките и контракцииите уште не бев отворена.Си се смеев на глупостите на мм.Така не учеше бабицата дека горнат и долната усна биле исто ако се стегаш се стегала и долната така да смеј се Не е страшно не се сеќирај ,пораѓајот е најлесното нешто ќе видиш.Трае најкрарко.Бременоста е потешка и помачна
Ќе ти се олесни ако повратиш, но ако повратиш повеќе пати, може да се иритира желудникот. После повраќање обавезно пијам пробиотик, ме спасува од болки во стомакот, и многу вода. Ептен е битна водата, да не дехидрираш.
Леси се враќа дома. Ништо и денес од средба со бебе. 3 прсти отворена, грлото нанадвор извадено ( не знам што е тоа). Палчица-слончица ќе испадни. 2800+/- 400 грама. Др ми вели ми е жал да ја вадам со провокација, шо уба се прави во мешко. И образи ставила на мајка лепотицата. Иако ко татко и личи. Исто и мене ми вели пред понеделник нема раѓање. Ептен водењакот да прсни или болки да добиеш. Нема таква опција хахаха. Да имаше лесно беше.
Само што се вратив од цтг. Срцевата реаквија беше добра околу 140/150 се до половина од листот кога откуцаите беа околу 120. Болки нема. Незнам што се случуваше, додека лежев почна да ме облева некоја ладна пот само на лицето и рацете и осетив како да ми жари нешто во препоните и внатрешно во госпожата. Докторот само го ѕирна извештајот , и ме викна попладне да повториме цтг, но да бидам убаво најадена , напиена и одморена. А јас па во последно време како метеопат ни ми се јаде, ни ми се пие нешгто. Утрово каснав само една рубанка леб и пола литро вода. Што може да влијае на намалената срцева акција на бебуш?
Не знам, не паметам добро ам сакав да ти пишам и за моето претходно искуство. Со првата бременост така на ЦТГ и сестрата ми рече да се напијам Дијазепам, благо и кока кола и да чекам во чекална. Мислам околу 2 саати чекав и повторно правев ЦТГ. Е сега, не се сеќавам добро, оти се тресев од страв, после ме тераше да одам по скали таму на ГАК и обезбедувањето се зафркаваше со мене. Знам дека нешто многу не помогнав, ама послушајго докторот-пола саат барем пред да идеш напиј се Кока Кола, јади чоколадо. Ако било нешто страшно, ќе си останала таму. Така да, послушај ги и опушти се
Денес се дише конечно... Обожавам да ве читам сите до една, иако не пишувам многу. Искрено, кога почнав да ве читам ме нервиравте, сите ми личевте кенкави, лигави, потресени до бескрај за ништо...сега се будам и прво отварам да видам да не се породила некоја како за сестра да чекам ...Јас последниве денови некои стравови од тоа што ќе му правам на бебе кога ќе дојдеме дома...ама еј, кој не се снашол за јас па да не се снајдам ... Љубоморна на сите вас што ви е 2ро,3то и знаете што ве чека Ќе ми фали групава кога ќе се испородиме сите!
Девојчиња 28ма недела сум.Од Понеделник 29та.Во последно време горе десно во стомак болка имам при одење,повеќе стоење..и желудник ме наболува.Утре сум на ехо на абдомен.Бев пред месец ипол ехо на сите органи правев.Се беше супер.Можно ли е да е од бебево?Ме фаќа страв да не ми е жолчка нешто.
Мојата крвна слика ужас... Хемоглобин 8.9 железо 28.71 до плафон. На 26 испримав 2 кеси еритеоцити утре сум на контрола на гак па ќе видиме шо ќе кажат. Резултатите се многу слични со претходните пред примање крв си реков ќе е подобар хемоглобинот ама ништо