А зошто не пробаш и со природно нешто. Не сум користека јас, ама читав доста трудници правеле мед и семе од коприва, јаделе насабајле. Читав дека и какаото, месото се добри за крв. Еве и други трудници може да ти пишат што друго може да земаш плус
Господ да биде со вас и да ви го чува малото. И сите дечиња борци. Те читав и те памтам од можно предвремено породување зошто и кај мене постоеше таа опасност уште од 22 недела. Фала му на Господ се породив во 35та, сепак сега многу повеќе сочуствувам со сите мајки кои се соочуваат со ова. Од она што го читав, светски признато е дека кенгурирањето е од голема помош за прематурчињата, па ако имаш шанса прашај дали ќе ти го овозможат. Имајте верба мила, Бог е голем. Се молам за вас.
@Yowannty е издржиш, не се секирај Јас како најголема паничарка на светов, си мислев дека од болки ќе умрам на пораѓај, ама не се умирало тоа така Цело време си мислев сите раѓаат, па и јас ќе успеам. Мене кога ме задржаа првин ми ставија клизма да се прочистам, па после тоа и провокации - инфузија. 3 саати ми течеше инфузијата, и откако истече цела почнаа јаките болки на 2-3 мин па и помалку. После 2 саати се породив.
Ништо кај мене не помага не се сврзуваат железото и хемогловинот и се апсорбира само железото имам бета таласемија наследна од татко ми изедов 4 тегла семе од копеива мед лимон ореви маџун се домашно баба ми имаат пчели секој ден пијам сок од цвекло со аронија и сега ќе видиме утре шо ќе кажат
Ме изнасмеа онака од душа Палчица ли ќе биде, слончица ли ќе биде, најубава на мајка ќе биде. Со лесно. Ситно броиш
Оф извини не знаев дека толкава мака имаш. Ајде утре консултирај се со докторот, мора да има начин да се поправи хемоглобинот.
Бебињава мои благо немаат осетено. Не го знаат тој вкус. Преку овошје само, свежо или суво. Деновиве некако многу на сладолед ми оди умот и си каснувам по малку. Леле, ами тие убавите, преку стомак мислиш ќе излезат. Ги бендиса ептен изгледа. Јас во кујна над кутија за сладолед застаната, сркам лажички и се смеам. Мм се чуди што правам... Дефинитивно повеќе се радуваат на сладолед отколку на сува брусница. А кој не би?
И моето ќе заборави што е убаво благото. Со диетата само преку овошје внесувам шеќер. Само во торти и благи ми оди паметот. Му реков на мм кога ќе се породам една тегла со нутела од големите да ми донеси и пресреќна ќе бидам
Да бидам искрена со синот кога си дојдовме дома ми беше многу тешка адаптацијата. Јас со епзиотомија неможам убво да седам, баби жаби совети глупости од сите страни. Бебе не сакаше да цица првите два три дена, ни шише не сакаше. Се будеше н секој саат и дење и ноќе. Јас нервозна и ненаспана како никогаш дотогаш. Но....за многу кратко време фатив некоја шема, спиев кога бебе спиеше, најпосле останав сама без никој да ми соли памет што и како(секое бебе случај за себе, педијатар е лек за се,ни баби ни стринки), раната попушти, почнав да се сакам себе си а и бебето сега се рачунам по искусна, ама и со повеќе обврски со уште едно дете школарче ама ке биде се во ред...мора да биде, бебето расте од ден на ден се е полесно, сите се збунети на почеток, за по еден месец да станат експерти )
Јас па им љубоморам на овие што одат на цтг секој ден Од што сум љубопитна да го запознаам бебко,не за друго Ајде ќе дојде и нашето. @newyear2015 со тебе сме мила,тетките од фемина му даваат голема поддршка на бебко твој (му ставивте ли име? ) таман додека јас се породам,да излезе од болница и да се гушка со мама и тато @dunika ако знаеш како со сила да повратиш,поврати ќе ти олесни. Јас не знам да пикнам прсти и да повратам,лробував и со чистач за јазик допирав до грло,џабе. А некогаш ми фалеше само еднаш да плукнам за да ми биде полесно...
Мајка искрено се изнаплакав и јас за вас, голем е Господ, само верба во него и сигурно ќе успеете и се ќе биде во ред, а ние тука сите ќе се помолиме и за вас за што поскоро да бидете заедно и да се гушкате, ви ја посакувам цела среќа на светов
@Yowannty Јас се породив во 42 со сите можни провокации. 2 прсти бев сама отворена неколку дена без болки. На 2 прсти ми ставија вагиналета, на 6 инфузија. Паметам силни болки дека анестезијата ми беше изместена и не делуваше, ама не можам да споредам како е без провокација. Пораѓањето го завршив за 13 часа, среќа спонтано се заврши.
Nie tebe uste poveke te guskame i ti prakame sila da izdrzis.. sto pobrgu da se guskate doma so borecot