@marchi-cool честитки, живо и здраво да е синчето, големо да расте. Како помина, пиши ни кога ќе можеш
И тука да честитам. Здраво и живо бебето мила само среќни да ве прави. @newyear2015 те прочитав од сабајле ама сега да ти пишам. Борец син имаш мајка, штом го сместивте на клиника добро е, во подобри услови. Знам тешко е, ама имај верба во Бога ќе биде се во ред. За брзо ќе си го земете дома и ќе му се радувате. Мајки потсетете ме. Дали при отварање имавте болки? Какви се вистинските контракции? Денес почесто и подолго ми траат здрвувањата на стомакот и имам како жарење долу.
@newyear2015 браво за храброста мајка,и уште поголемо браво за јуначето.Ке го пребродите овој предизвик,а кога ке порасне ке му раскажуваш дека од бебе е херој @marchi-cool честитки,живо и здраво да е бебче,да расте со мама и тато
Јас имав болки при отварање и со двете....а за здрвувања на стомакот мислам дека како топка да носам камен ми е поголемиот дел од денот..болка долу мислам дека ако пикнам прст главата ќе му ја пипнамсе тешам дека уште малку ни остана...вчера бев на цтг на гак се е мирно,на ехо го гледаа вода има доволно а вагинално не ме прегледаа...останува да си чекам ...поздрав
Здраво девојки. Јас бев на втор скрининг, добро поминав бебе расте. Со некои мерки е поназад една недела во однос на циклус, но мислам дека нема простор за грижа. Докторката рече се е во најдобар ред. Туку, ми дадоа да пијам аспирин еднаш дневно. Пие/ пиела ли некоја, има одредено колку долго се пијат? Малце ми е страв за бебе, ова ми е прв лек во бременоста
Немај гајле. Јас пијам уште од сам старт на бременоста. Го даваат за подобра циркулација. Така и беба подобро се храни. Голем дел од трудниците го примаме. Немаш простор за паника воопшто.
Јас пиев од кога дознав дека сум бремена, до полна 32 недела. Познавам многу што пиеле, нема докази дека штети на бременоста.
Мене пак цтг не ми прават. Еве и понеделникот и денес бев само рачно ме прегледа и на ехо ме виде, а цтг немало потреба. Леле јас пак имам висок праг на издржливост на болка, и др ми рече како ништо не осеќаш, а се отвараше затоа прашав. Ќе си почекаме, не брзаме. Кај мене е чудно што од 34 недела ме спремаат ќе се породиш предвреме, па барем 36 да дојдеме, после барем37 Еве и 38 тераме. Нема правила. Кога е речено ќе биде. Само со убаво и лесно. Поздрав.
И мене до термин само еднаш неделно ми правеа цтг. Сега секој ден или секој втор. Ајде уште малце,стискаме заби Дај боже наскоро да ги гушнеме
И мене на последниот преглед ми дадоа аспирин 100ка да пијам по едно навечер.. нема штета а? и дали треба да се направи пауза одкако ке се испие една доза или нема потреба? Иначе последниве денови имам болки во кичма, карлица ме влече позади дали е ишијалгија нешо со тежинава.. или е нешо др.. сл искуства? некој ми препорачува да одам да вежбам, некој повеќе движење..
Фала женска, па го чекаме и мангупот твој и палчица на пресреќна и сите од генерацијата да се комплетираме, со една болка само. Јас завршив со средување. Се избањав на крај и еве легнав. Дека ќе заспијам ноќеска нема шанса. Бебе ми се чини ми се одмаздува затоа што ќе ја вадиме, а не чекаме момата сама да одлучи да излезе. Па тоа мавање и шутирање што ми го приредува во моментов... се чудам од кај толку сила има.. и никако да престане. Ме здроби внатре. Башка и свеки “ме израдува” ќе доаѓала и таа со нас. Ќе ми стаеле инфузија и за 2 саати ќе сум се породела па таа да била таму. И објаснува маж дека нема да е инфузија и дека ќе трае подолго, ама не. Па валда ќе и објаснат на клиника и ќе ја пратат дома.
Нормално е, расте мешко. Јас кога се движам супер ми е, најмногу ме боли грб и кичма кога седам или лежам на грб. Ама ја издржувам болката (сеуште)
Со лесно мила. Стискаме палци лесно да поминеш. @Мариаа. Ние ќе си чекаме и ќе правиме мекици. Само за убаво.