Не знам дали си заспала и дали ќе прочиташ, ама многу се потсетив на мојот пораѓај, кога те прочитав дека се среди и легна и не знаеш дали ќе спиеш. Истото ми беше и мене, закажана во среда.за провокација, јас мислиш последен ден ми е во животов, се најадов полнети пиперки, уклучив филм да гледам со мм (оттогаш не сме изгледале салам), па во кревет гушкање ехеее. На крај не само што сум заспала туку и се успав, станав сабајлето во 9 Згора на тоа, си пиевме кафе, се шминкав, па се дотеравме со мм двајцата во нови алишта Леле кога отидовме, кога ме подбра докторката убаво, јас од 7 ќе те чекам, што мислеше кога ќе почниме, сестрите сите веќе беа запознати со моето доцнење, пропаднавме во земја од срам После се смири и ми вика ајде оди си утре рано дојди ќе почниме ме прегледа 2 прсти отворена, цтг и дома. Мене памет не ми иди, мм сакаше да оди до работа, му викам слези сама ќе продолжам и зедов да се повозам низ град малце, 42 недела дека Надвор беше премногу ладно, па отидов после и да го земам, да не мрзне по пат, јас ако со стомак до заби Вечерта легнуваме, гледавме приказни на таблет, гушкање, бакнежи, па ајде добра ноќ, се вртам легнувам и по 10 минути почнаа болките. По 4 часа трпење дома, во 3 по полноќ веќе бев на болница. Сепак беба моја сакала сама да одреди датум. За жал не се отворав и покрај болките и пак мораше со провокација, но се помина супер. П.С Јас вака ја за*бав свеки Ако е свеки твоја спремна да чека минимум 12 часа нека и е. Секако не смее да биде со тебе, само мт смее, таа кутра ќе се здрви во ходник Со лесно до убави вести
Да е здраво ,живо,весело @Yowannty со лесно мила Во Рамстор во Тритекс има попуст,бодиња по кратки и долги по 120ден
Здраво мешиња Еве и јас срамежливо се приклучив на темава пред некоја недела, ама вчера видовме срцева активност и се охрабрив да ви пишам. Јас сум 7 недела, досега се' е во ред, само ехо имам правено, ништо дополнително. Немам мачнини, дури и се чудев дали стварно сум бремена. На сите што сте пред денот Д ви посакувам многу сила и да си се олесните во предвидениот термин. А на другите новопечени трудници, како мене, им посакувам лесна бременост. И ако можете препорачајте ми некоја апликација за бременост, може и книга, сајтови за читање...морам да признаам дека малку сум информирана што се случува во бременоста, и кои задолжителни испитувања се прават во кое тромесечие. Поздрав
Здраво! Со лесно во следните 8 месеци! ) Јас ја користам оваа апликација и сум доста задоволна. @marchi-cool честитки!!! Сѐ најубаво!!! @Yowannty да поминеш денес најлесно и чекаме инфо!! Сите што сте пред крајот ве читам и навивам да ви помине нетрпението... И да поминете супер. Мене ме има ама сум хаос. Денес последен ден на работа - е после ќе седнам и раат ќе ви пишам! Ко блесава колач печам за колегите сабајлево.. не знам дал ќе стигнам на време. Така сум малку нервозна а и возбудена. Едвај го чекав денов, а на крај како не завршив сѐ што сакав и тоа ме прави нервозна малце. Ќе ви пишам после! Имајте најубав ден! @newyear2015 мајка лавица! Пишувај ни како сте! Знам дека сме само виртуелни, но поддршката ти ја даваме од сѐ срце!! Ви посакувам сѐ најдобро и најбрзо да си го носите беблаче дома!! ***
Добредојде и со лесно да си ја износиш бременоста. И јас ја користам истата апликација за бременост @Kaetana што ти ја покажа. Убаво е пишано за секоја недела посебно и за мајката и развојот на бебето. За други книги не ти требаат - темава е трудничка енциклопедија Се шалам Уствари и вистина е, секоја дилема (освен со доктор) ја разрешувам овде. Мислам дека искуството од трудниците многу повеќе ми помага отколку одредени книги или совети општо од интернет. За прегледи, ќе си најдеш доктор на кој му веруваш и ќе слушаш негови совети. Зависи како сте договорени, мислам ако е се ок, нареден преглед е во 12 недела (се прави прв скрининг, се гледа развојот ма бебето детално) и се прават микробиолошки брисеви. И крвна слика и по потреба проверка на урина(кај мене беше така). Ај добро утро, Станав во 6ч.за до вц и не можев да заспијам. Стана и мм, сега пиеме кафе на тераса додека малава спие. Вчера денов ми беше хаос, нервозен. Па после си добив поклон и се расположив. Па на крај пак се изнервирав Мм демек на одмор е, ама и денес треба да иде до работа на 3-4 саати и ме нервира малку ама тоа е. Ајде денес нека е убав ден, посебно за мешињата со термин
Огромна гушка за сите; за тие што чекаат да се породат набрзо, за тие што веќе ги испразнија мешињата деновиве, за тие што се борат заедно со своите бебиња, за тие што уште галат меше и не можат да најдат положба за спиење веќе - да даде Господ вака или онака сите да гушкаме бебиња до крајот на годинава
Добро утро и од мене. Најубаво ми почнува денот со "Труднички муабети" на Фемина. Искрено ве засакав. Сите до една. Како фамилија ве чувствувам. Невозможно е да се постави прашање, а некој да не најде време да одговори. Има право Цвет, ова е енциклопедија. 1000 зошто-1000 затоа во најсовршено издание. Нема ни 9 часот, а јас ги завршив утринските ритуали. Најадена, млеко пиена, терапија земена. Сега вртам по телевизор. Мм спие уште и на моменти ми чепка меше. На мајките што се во исчекување на првата средба со бебенцата им посакувам што побргу и со лесно да биде се. Имајте убав ден фамилијо, па да каснеме денес некоја теганица
Здраво и добредојде! Со лесно нека ти биде . За мачнини, не се секирај рано ти е, барем мене после 7ма недела ми почнаа. А може ќе бидеш среќлија па нема да ги имаш. За испитувања, како што ти кажаа покрај редовните контроли кај матичен имаш скрининг од 11-13 недела (може и приска, а некои не ја прават) и брисеви. Лично јас правам крвна слика и проверувам урина секој месец обавезно, докторот секогаш ми дава упат, ти следи еднаш месечно бесплатно. За апликација користам една Pregnancy+, ја немам споредено со други ама чат пат си читам и на неа, има поучни работи. Инаку претпоставувам прва бременост ти е, и јас сум малце погубена, ама искрено тука гледам кои испитувања отприлика кога се прават и си прашувам за секој случај кај докторот. Поздрав.
@marchi-cool нека е живо и здраво бебчето па да раскажеш како си поминала кога ќе можеш. @Yowannty со лесно нека е, па да не израдуваш денес. @bela.m и мене ко тебе секое утро ми почнува со Трудничкиве муабети, без разлика дали сум дома или на работа. Првин отварам да видам што има ново, па после се друго. Добивам некоја сила вака кога ве читам, пошто ептен сум упрпана јер прва бременост
@marchi-cool честитки!!! @Yowannty да си поминеш најлесно. @Enci200 добредојде и со лесно. Добро утро на сите. Однесов дете во градинка и сега да одморам ☺ Спиев 8 часа. Наутро станувам и пак ми се спие. Одам по пат и се прозевам. Мислам ова не е во ред. Никаква енергија, само поспаност. А на последната проверка на крв, резултатите беа во ред. Да не има некоја од вас некој совет? ☺ или ми нема спас ☺ Поздрав до сите!
Фала девојки на поддршката. За сите да се радуваме. Веќе скоро 3 саати сум на клиника. Ми земаа крв, ме издупчија со огромново иглиште дур погодија вена, уште делумно не ја осеќам дланкава, поминав клизма, седам прикачена на цтг и го чекам маж да дојде, го пратија до државна болница да даел крв, за секој случај. Свеки ми праи друштво, ама секоја со телефонот па.... Гинекологот уште не е дојден. Сите што ме проверуваат ми викаат имаш време. Веќе една девојка што дојде после мене се породи. Ај да видиме уште колку други ќе испратам дур дојдам на ред. Наредно ќе ви пишам кога ќе имам што да кажам. Пуштете по некоја добра мисла и имајте убав ден.
Феминки после абортус кога е време за секс? Дали огразмот се препорачува? Некако ми е шубе и едното и другото, а мажот ми веќе ми фали, веќе 2 месеци сме немале ништо? Прво бремена ни забранија до 12та недела, па таман истекоа тие недели, па абортус, киретажа, крварење... Искуство, совет? Фала Ледна бременост на сите пресни трудници, а вие кои чекате последни моменти, и ситно ви се брои ви праќам сила
@Yowannty никогаш не се знае, колку примери има викаат има време, па за брзо се породуваат. Ти ја пуштаме сета среќа, што побрзо да се олесниш
Баш ме израдува да знаеш. Мило ми е вака кога читам. Со лесно да си поминеш. И побрзо со бебуш да се гушкаш.