@Enci200 добродојде Тука ќе се исполнуваш само со позитивни мисли и совети. Едноставно така си функционира овој форум, со тек на време почнуваш да ги мислиш виртуелните пријателки како се, до кај се, дали се средил некој проблем... За мачнините може ќе имаш среќа како мене, воопшто немав јас. Јас не само што се будам и заспивам на темава, еве на пример утрово прво што помислив е дали @Yowannty се олеснила, како ја прошла ноќта.. Убав ден мешиња
Можете да имате односи,само треба да внимавате да не останеш бремена, треба да поминат4-6 месеци. Поздрав
@Yowannty те мислев цела ноќ , и гледав да не имаш нешто напишано во меѓувреме ајде со лесно женска , уште маалку ќе си ја гушкаш бебка, те чекаме да ни пишеш @Lorins нормално е, гледам уште на почеток си јас со вторава бременост бев ок , баш полна со енергија , ама првата бев така ко тебе , успана , цел ден можев да спијам, без енергија.. ќе мине
@marchi-cool честиткии, живо здраво бебчето и секако и ти да си добра, те чекаме со повеќе детали @Yowannty тебе со лесно, биди многу храбра, се гледа убавиот крај, сигурно и ќерка веќе е нетрпелива да ве запознае
Мешки нормално ли е што на градите, конкретно на ареолите, имам како бели корупки, како кога е сува кожата? Инаку 24+ сум, сеуште не сум забележала да ми потече нешто од нив. Незнам...
И јас имам, се мислев од што е зашто исто немам приметено ништо да истекува. Кога сум веќе тука едно смотано прашање. Едната града ми е прилично поголема од другата, отсекогаш ми била ама откако почнаа да растат во бременоста, баш е очигледно, таа повеќе и побрзо ми расте. Дури и ареолата на таа града ми е зголемена повеќе и како растечена да е Нормално ли е ова?
Не толку изразито како што викаш, ама и мене едната ми е малку поголема. На неа ареолата ми е поголема и повеќе црна.
Девојки, ги извадив вреќичките за спиење од девојчињата. Тоа е едино што не купив за беболино, оти имам. Не знам ни зошто сум ги задржала. Обично се што е мало давам. Е сега, проблемот е што на три од нив (најубавите секако) имаат жолти флеки. Веројатно од стоење, не знам. Перев на 90 степени, 2 пати и не излегува. Ќе си пукнам од мака, јес да се прастари. Ама баш ги сакам. Потсетуваат на ќерки кога беа бебушки. Да не знаете чаре можеби или да фрлам? Инаку, јас ок. Ново ништо. Спиев како заклана до кај 4. И после некој без везе кошмар, толку луциден, што се разбудив препотена и преплашена. Цела бременост имам вакви вивидни соништа. Ги мразам. Колострум е тоа. Остава такви кори, како да е испукана кожата. А уствари не е. Не секогаш се забележува дека тече. Ајде ве чекам со убави новини вие што сте за раѓање.
За жал таквите флеки од стоено, мислам дека не излеваат. Ако тој дел кај што е флеката е чисто бел да пробаш да протриеш само таму со доместос? Стварно незнам што би помогнало, кога веќе си ги пуштила на 90 степени...
Девојки убави мешиња Ние сега си одиме од преглед бебе си спиеше цело време докторот сакаше да го разбуди ама слабо успеа, важно ни кажа дека е се во ред дека нормално напредуваме и дека бебе е најверојатно дунде и сега сум со кез од 6ка до 6ка Инаку сме 17та недела и не советуваше од 20та до 24та да одиме на скрининг најубаво кај што мидлам да се порагам Исто како што рече некоја од вас погоре не ве знам ама се радувам и плачам за секоја од вас можда не пишувам често ама редовно ве читам и на тие што сте на почеток ви посакувам лесна бременост, на вас на крај уште полесен порагај и на секоја една што се плаши од нешто нека знае дека не е сама ЗАЕДНО СМЕ ВО ОВА Ве сакам сите и секоја една посебно Се разлигавив доста е
И мене ми велеа дека има време, после бабицата ме молеше да почекаме хахахахаха да дојде докторката со лесно нека ти е
Денес 12недела,бебуш расте супер но и се крие од мама со грбче со рацете во вис,изгледа на тато инает ќе биде или инаетчика.. Срцето уште ми трепери Ви посакувам среќа на сите мајки што сте при крај и што поскоро да гушкате бебуши,а и на тие како мене што уживаат во првите месеци од бременоста.Љубов до сите
Probaj so aris de gras, poprskaj, ostavi da stoi pa istri so cetka. Posle ke si gi isperes ubavo so prasok za bebe. Jas imav benkici so takvi fleki od prvoto, izlegoa bas sega sega gi cistev
Да ве поздравам само Мене ич не ми е денот.Од сабајле не ми запираат мачнините,ми се лоши ми се,а и кај 2 часот си видов кафен исцедок на секојденевната и крвта ми смрзна.Се јавив одма во клиниката,ми рекоа нормално е,да не се плашам,ембрионот се поместува и пукаат капилари,или самата матка се шири а плацентата се прилепува за неа.Ми рекоа само крв со интензитет налик циклус е страшно.Секако дека не се смирив,срцето лешник ми е,како да не зјапам во тоалетна после. @Enci200 добродојде,баш сакав да те поканам а не бев сигурна дали сакаш и имаш време да не’ дружиш. Имаш среќа што си без симптоми,уживај си.Јас ја користам апликацијата “What to expect”,ок ми е,шаренка и полна со информации
И јас имав на двапати ваков исцедок вторава бременост, уствари само при бришење го видов. Многу грдо чувство кога ќе го видиш, страв, ама ми имаше кажано докторката да не паничам. Замисли, не ни отидов на преглед пошто др на одмор ми беше, знаев во себе дека не е ништо, но не велам дека е паметно моево. Штом си се јавила, немаш место за паника. Првата бременост најшколски на свет ја поминав бре, и детево ми е како по книга ама вторава со триста проблеми од старт. Да не навлегувам, ама се’ поминува и се заборава кога ќе го слушнеш првиот плач