@dunika јас на почеток на бременост, во првите месеци 4 пати имав таков кафеав исцедок. Мене тогаш ми дадоа Прогестерон депо инекции, Дабростон и Утрогестан. Не знам дали примаш нешто, не знам како е пракса таму. Јас на секој исцедок трчав ко мува без глава и секогаш докторката викаше ок е, само да не е крв ко менструација. Одмарај повеќе и не кревај тешко. Ќе помине
@flower30 имам терапија,х3 Утрогестан вагиналети дневно,значи покриена сум со прогестеронска поддршка. Ваков исцедок имав на денот на тест,бев 100% сигурна дека ми иде,па кога ми рекоа бета 260 мислев ме зеза или е некоја грешка. И викам тогаш каков позитив јас имам циклус,она од таму се смее,вика не е страшно тоа Еве сега вторпат,значи ептен мала дамка беше,нема сега ништо ама пак не сум раат и само трчам во вц. Живнувачка од преглед на преглед Се молам само се да е добро.
се ќе биде добро, тој кафен исцедок речиси сите сме го имале во прво тромесечие, мојот беше ко талог од кафе, и покрај тоа што знаев дека ако нема свежа крв да не паничам ипак кренав узбуна одма заминав на др, она се смее и вика ,,гз да му јадеш на бебето''
Не е страшно, битно е дека примаш терапија и е кафеаво. Истите причини и мене ми ги кажаа. Мене дури ми вика докторката- имала пациентки пола бременост крвареле па родиле здрави дечиња. Тогаш ми рече само малку повеќе одмор дека и стомак ме болеше. Ама многу често се јавува тој исцедок кај трудниците. Знам дека не е сеедно, ама ти рекле и докторите, еве и нас не има повеќе трудници со такво искуство, така да одмарај и уживај(ти рече најголемиот паничар на темава). Ќе биде се добро
Јас незнам каква бременост ќе имав.. На почетокот немав никаков исцедок, ниту крварење, ми се лошеше само на почеток на 3 месец и тоа само една недела. Блеев во тоалетот дали ќе имам крв, нели викаат додека плодот да се смести да прокрвариш, ништо од тоа немав. Сега веќе 5 месец исто, ниту ми се гади ниту ми се лоши. Само мрза на велико имам. Само да се лежело, ништо да не се работело, кој што прави јас само на кревет да сум.. Си викам ќе помине.. Собирам сили за да имам кога ќе дојде малечкава, или па уште толку ќе ме мрзи. Ама имам чувство дека на пораѓај ќе се намачам за сите месеци.
И јас сум таква.. секогаш си замислував дека кога ќе останам трудна најмногу ќе сакам да бидам тип топ, јас станав најголема мрза за на работа мијам заби, облакам што ќе ми дојде ни шминкање ни ништо...
Здраво на сите. Да се претставам стара членка сум, ако има од постарите сигурно ќе се потсетат. Не сум пишала оддамна. Пеперутчето мое е 5 годинки, а сега бремена со второ од утре полни 16 недели. Пишав на темата патување во бремемост оти утре идеме на одмор, па ако некој има искуство со патување на долги релации нека ми пише таму. Позз се надевам на добра дружба и во оваа бременост!
И јас така си замислував. Како кралица дека ќе бидам Ама сум се излажала ххаха Добредојде, и со лесно да си ја износиш бременоста .
Јас полна 16 недела дојдов во Будва (8 часа возење) ноќно возење , за да избегнеме жешкиот. Кога стигнав цело тело ми се тресеше, што од дрмање в кола, што од неспиење се чуствував здробена, дури и ме фати паника што ми требаше ова. Се затворив во соба и спие 3, 4 сати станав како нова. Сите денови се капев во море, пливав, шетање, движење цело време. Енергија имам многу. Утре се враќам па го мислам патот цел ден А дома дури бев само главоболка, тмурно во главата, никаква енергија. Мене докторот ми рече правете паузи на 2 часа возење по 15 -20 минути за да се стабилизира телото. А јас не го послушав, утре на враќање има да паузирам по пропис. Убав помин
Добро, има ли некој претстава кај е @ocicka2014? Со денови ја мислам, што ја нема, што се случува. Скоро во исто време дојдовме на форумов, многу слична битка водевме и ме плаши што ја нема толку денови по темиве
Се уклучив за @Yowannty да видам до кај е и ете среќна вест. Здрава, жива да е малата кукла, мислам немаше некоја на форумов шо не ве мислеше. За нас од октомври има време, барем така си се тешам. Како шо ми летнаа 31 недела неосетно, така и овие ќе бидат, па дур се свестам дошло времето и за мене. Ќе си чекам јас до 40 ич не ми е проблем. Вистина оваа бременост ми е помачна заради обврски околу другово, ама сакам да си поседи до крај. Не за друго, да си имаат заедно роденден. А и ништо не сме спремни. Допрва имаме уште мноогу работи за средување шо страв ме фаќа дали ќе стигниме. 1 недела малку ќе ни е. Ам после уште толку за да го спремам плакарчето за новото бебе. Па и за поголемово есенски да видам шо имам да исперам да средам. Овие дена легнувам уморна, станувам уште поуморна. Укочена во половинава едвај мрдам. Дури ми се чини појќе ме боли после спиење отколку ич да не седнам цел ден. Следната недела на контрола па да видиме до кај е бебушко. Се посилно шутира и не бира место. Кај ќе стигне таму. Особено долу ме штрека. Инаку претходната бременост ми се направи флека на челото и 2-3 на градите и ми останаа така. Други промени немам баш. А да и косата ми се исправи. Од преубави локни стана за никаде, ни права ни виткана. Здравје после породување ќе барам чаре за тие работи. Да си легнам сега, утре сум на работа.
Дечки јас прокрварев, и чеп излезе и уште на бришење имам крв. Бев до Ремедика, Др Јегени беше, рече рано е грло само вложиво за прст, ЦТГ мирно. Да си одам дома и да си чекам болки. Се гледа крајот на мојата бременост. Со лесно на сите.
Јас патував до втор крак во 28 недела поминав добро, мачкање со добар фактор ако идеш на одмор, носи си линекс, јаглен, парацетамол и топломер (ова беше препорака од мојот гинеколог). Иначе до сеа истерав и многу викенди, секогаш со дозвола од доктор. Се зависи од тоа како се чуствуваш, каква е бременоста, советувај се со матичната
Јас неможам да заспијам никако. Утре сабајле сум пак на цтг и да видиме што ќе каже др. 5 дена над термин. Не звучи страшно,ама мене ми е Многу сум изморена,и цело тело веќе ми е изморено и истрошено. Нејќам да кукам,ама веќе нестрпливо го чекам бебе
@Septemvri со лесно мила. И јас вечерва некако тешко ќе ја поминам. Осеќам се ближи средба со бебе. Бев на шишање па со мм и пријатели бевме излезени на вечера и некако чувствувам како нелагодност долу. Прв пат имам болка во половината и крстот и нагон за какање. Ама не е ништо неиздржливи. Ќе си чекам. Бебе мава долу и ика повеќе и посилно. @Мариаа. Ќе биде долга ноќ оваа за нас. Леле јас 12 дена до термин и полудев, а камо ли ти со надминат 5 дена. Ама ајде ситно броиме, денови можеби и часови. Утре рано ќе видиме како сме ја поминале ноќта. Убава и лесна вечер.