Добро утро. Јас поминав ноќеска " Некако ". Со благи болки но на неправилни интервали. Утрово пак дијареа, а бебе како на "slow motion" да е пуштено. Успорено. Како сте вие другите? Малку останавме. На списокот кога ќе видам, после @Мариаа. сме ние од 28-29. Нови мешловци уживајте не се оптеретување многу, а оние на половина не се жалете во најубав дел сте.
dunika мила со лесно сега гледам многу се израдував мила која недела си Јас имав така болка и тоа е нормално се шири матката земав и за подршка утрогестан не се плаши само позитивно те гушкам Поздрав и до сите мешковци ве гушкам сите А на сите што се со термин прикран со лесно мамички
Добро утро, @Septemvri со лесно. Да помине се во најдобар ред и да биде брзо и лесно. Чекаме новости.
Добро утро Сакам да Ве прашам дали некоја од вас знае каде може да се најдат лепенки за над креветче од тие убавите ?
@Lara 27 се пријавив пред околу недела овде Ларче Иначе привршувам 7ма недела,пред некој ден слушнавме и срце. Нека има симптоми,се ке издржам,само да се развива добро бебе,тоа е најбитно Убав мирен викенд мешиња
Друштво се гледа крајот конечно. 4,5 прста отворена. Докторот сакаше да ме задржи ама ама ај се договоривме да дојдам дома,да поспијам ,да се средам и спремам зошто уште немам болки. Утре рано ќе ме прими Одиме со провокации Пресреќна сум,конечно ќе го видам овој мој мал мангуп @Presrekna со лесно мила и на тебе. Конечно го трчаме последниот круг
Со лесно женски,блазе вас @Yowannty честитки мила,да е здрава и жива принцезата цел живот радости да ви носи Деновиве имам гости,па немам време за пишување,ѕиркам набрзина само до кај се родилкиве наши
Нека се здрави и живи сите родени бебиња Ние вчера бевме на преглед бебуш е добар и ни рекоа да истуркаме до 36 недела и најверојатно на пораѓај поради мојот проблем со крвта
Добро утро и од мене мешиња како сте? ајде августовските мамички се олеснуваат полека полека, па и ние со термини во октомври ќе се приближиме кај и да е од една страна одвај чекам , од друга страна страв ми е некогаш си мислам кога ќе се роди , дали ќе ме изненади таму крај на септември или па ќе го мине терминот.. ма кога сака нека излезе па си мислам дали ќе личи на ќерка ми или ќе има сосема друга фацичка разни мисли ми се мотаат хахаха. Станав , се фатив за чистење, прашини ова она , нешто ќерка ми фати да брише, брат ми.. веќе почнав да се осеќам тешко, ме боли грбот , да фатам нешто да поработам одма ќе се изморам. Вечер ќе имаме гости , па ќе правиме торта , сендвичи некои со мајка ми. Ве поздравувам. @Мариаа. Со лесно женска
Не се стигнати, треба за брзп да стигнат, баш ќе ти пишам Ама мислам дека и тука да купиш исто ќе бидат. Освен ако не ги испечатиш во некоја од печатнициве.
Со 6 дена поминат термин штотуку се вратив од цтг. Болки регидтрира околу 40-50 , срцева реакција околу 130-140. Има доволбо вода , се храни доволно мажот , а и постелката е скоро созреана. Утре сабајле повторно на цтг , па да се догивориме што понатаму и кога да почнеме со индукции. Добредојде на новите трудници , имајте лесна бременост.
Здраво мешковци! Оние кои се во рана бременост да имаат школска бременост, оние што се во термин со лесно да поминат, честитки на оние кои се породија живи и здрави да се бебушките! Мене утре ми е краен термин но на бебушов мислам дека не му се искача.. во Понеделник имам закажано стг.. поздрав до сите ве читам постојано.
Во случај на нормална бременост , но со поминат термин дали е подобро од старт да се одлучам за царски рез или да чекам со провокации да ме породат? Искуства и мислење би биле добредојдени
Здраво на сите, фала ви за одговорите. Со лесно и среќно ма сите што ќе се породат денес и бо наредниот период. Ние се решивме и тргнавме на пат, па со Господ напред да не чува се ибаво да поминемсо убаво да стигнеме.
Јас се породив со првата бременост крај на 41 недела. Терминот на 21.02 а се роди на о2.03 и тоа со провокации оти не сакаше да излева. Ми ставија чеп 24 сата беше во мене па добив болки и почнав да се отварам за околу 12 часа се породив. Одев на чести контроли цтг и сл. Тоа во германија за во мк незнам како е.
Мераци, мешињата си потераа работа. Навала од летни бебенца. Нека ги има што повеќе! Туку сакам да прашам, какво е чувството кога бебе ика во стомакот и од кога се чувствува? *Ваљда не сум глупа што го поставувам прашањето?