Не си глупа некаде од 7ми месец почнав да го осеќам, чувството не ми се допаѓа,не е силно како удар, посилно од пулс,језиво некако (кај мене е со главче надоле,па можеш да замислиш кај го осеќам). Наутро и навечер знае така да ми прави.
Како пулсирање е чувството, а ако е бебе доле со главчето ќе го осеќаш пулсирањето во ваџејџеј Нема да го утнеш кога ќе го осетиш. Ич не памтам кога првпат приметив дека ика, мислам беше набрзо откако почнав да осеќам како бебе клоца. Мојава икаше нонстоп
Јас само еднаш до сега ја осетив да ика, прв и единствен пат во 29 недела. Може дека уште е со главче нагоре па не ја осеќам, а може и не ика. Вечерта кога ја осетив се мачкав со масла и триста чуда против стрии легната пред вентилаторот и бебе одеднаш почна некои чудни нежни ритмички движења, буп-буп-буп. Тогаш сфатив дека ика, изгледа ја смрзнав таква мокра пред вентилатор, стомакот ми беше камен ладен Ми падна жал, одма изгасив вентилатор и веќе не сум ја осетила да ика.
Сигурно и било ладно од вентилаторот и затоа икала Леле луѓе јас маж ми сабајле го испратив за странство. Вие немате претстава колку ми е тешко... Се си плачам.. И на работа сум сега.. и кога ќе ми текне плачам.. Не можам да се помирам... Таму ќе биде 3 месеци. Му викам кажи ми искрено да не бев бремена ќе одеше ли? Вика не. Одам заради неа. За да и го дадеме најдоброто. И сега станот дома празен.. Никој не ме чека... Нема кој да ме чешка навечер.. Нема со кој лубеница да јадам... Сама сум.. Незнам како ќе ги издржам овие 3 месеци
Сакав нешто друго да пишам ама ме растажи многу твојов пост, јас бев сама скоро цела бременост, не беше ба пат постојано ама многу често, а останатото време на работа, неолку прегледи само заедно бевме, многу празници поминав сама, само во почетокот бев тажна после се навикнав, сама си направив ритуали, си уживав во мирот и повремено кафе со некоја пријателка кога ќе дојдеше или ќе ми дозволеа да излезам зашто бев на мирување до крај на бременоста, секогаш знаев дека жртвата е за нас и детето, заради тие жртви не мислевме премногу на трошоците што ги имавме за цела бременост и пораѓај, а после и за секоја потреба на бебето. Сигурна сум дека не е исто со три месеци отсуство од дома, ама сама не си, си го имаш најдоброто пријателче во стомак
Мешиња, Парацетамол се пие цело време во бременост нели?! Пиев на почеток, сега сум 23+, осеќам некоја болка во гради ко да настинувам, па да се напијам
Јас пијам по еден до два дневно ако се почувствувам дека настинувам. Ама само еден ден, потоа го прекинувам. Инаку парацетамол е дозволен во бременост да се пие..
Девојки да ве прашам за мислење,имам 2 дена некое чешање внатрешно,не е неподносливо ама е непријатно на моменти,пред 2 недели бев на преглед рече дека имам кандида,ама немам исцедок,инаку сум 18 недела,дали можам да земам некои вагиналети,пијам апчиња ама сега од каде чешањето дали ќе помогни премивки од камилица и дали е нешто штетно?
Се е навика бе мила, откако се зедовме и откако останав бремена неможам да го замислам да не е до мене. Претходно кога одеше не ми беше мака ама сега... На контролите сама ќе одам, а претходно доаѓал и тој со мене... Тоа е... ќе издржам некако... Најмногу поради малечково... Жртви сме сите за нив... Само да ми се врати жив и здрав..
Парацетамол смее ако мислиш дека имаш потреба можеш да се напиеш.. иако не е штетен јас го избегнував, пиев неколку дена бидејќи имав температура
Убаво ти кажала Сесил, рано е. Всушност, чувствувањето на движењата е многу индивидуално. Кај некои порано, кај некои подоцна... Не се секирај
Прво со лесно на сите трудници, вие тазе мајки да се живи и здрави бебушките Јас сум со термин до 20ти август, досега никакви знаци на бебуш не му се излегвит Е сега докторката ми рече дека сум била многу тесна карлично и таа е повеќе за царски..некоја со слично искуство? Да одам со закажан царски или да чекам болки за природно? Ме фаќа страв само да не мачам со болките и да мора пак царски.
Јас се породив со индукции, болки само 8часа,во 10ми ставиа индукции, во 18:40 се породив. Не знам какви се природните болки, ама овие ги издржав на нога сите, последните 2часа бев на бокс тогаш беа малце појаки ама се издржуваат. Нема потреба од операции ако можеш да си родиш вака природно.(и јас барав царски и среќа што ме убедија да раѓам природно, не беше толку страшно)
Немој да плачиш оди за добро на бебецето и за тебе не си сама со бебушо си и со Господ мила Ние сме тука ајде ќе помини времето одма те гушкам силно
Мене док вчера кога му реков дека мислам дека сум почуствувала движење ми рече тоа само ако си медицински феномен (17та недела сум) вика после 20та ке почнеш да осекаш тек така да не се секирај
Некој по каснп некој по рано чувствуваат. Јас прв пат го осетив во 16 недела чувството беше како да ми тропна под папокот па не бев сигурна дека е тоа ама прашав и ми потврдија после тоа се поинтензивно го чувствував
Исто и јас сум 17 недела и сеуште го немам почуствувано. Докторката ја прашав и она ми кажа дека постелката ми е на преден зид дека ќе го почуствувам после 20 недела. А едвај чекам да го осетам да мрда