Добар ден, еве нов “апдејт” од мене си пристигнавме у сутоморе со се паузи 20 часа пат, мм и ќерчето се на плажа а јас под клима у апартман лежам дека цела се тресам од пат и ненаспиена. се си велам шо ми требаше ама ајде со лесно ќе биде. Добро поминав у главно само што сум менаспиена и цела треперам. Притисок мерам у реду е пијам јадам само што сум зашеметена. Чекам да се стабилизирам малку па да одам и јас попладне на плажа. Црвек мој си мрда по малко, сакам да соијам ама неможам. @*malenavolena*87 pernica najobocna i prva bremenost ai sega, а за секс од време навреме и тоа колку да се каже за мм да се испразни. Сонувам и јас али тоа е тоа неможам да се опуштам.
Здраво друштво, не сум многу активна ама секојдневно ве читам едвај чекам да причитам што има ново кој што ќе се пофали кој што ќе се пожали како сите да ве познавам лично. Btw тие што сте 30 + недела толку многу сум ви љубоморна што за ептен кратко време ќе си ги видите најмилите. Јас сум 18 недела и некако мојата бремоност ми се чини цела вечност едвај чекам да дојдам 30 + да почне и мене паника да ме фаќа. Го прочитав постот погоре на Каетана и сакам да кажам дека за жал секаде е исто за некој сме машинерија што треба да ја заврши работата и толку на крај колку и да се трудиш нема ниту благодарам да добиеш а па за пофални зборови да не ни зборувам. Откако останав бремена ништо не ме интересира прво доаѓам јас и моето бебе па потоа се друго, за пауза за доручек никој нема да умре ако почека буквално 5 мин и секакви стресови поврзани со работа се излишни така што колку поопушено се однесуваш толку подобро, едноставно се ќе биде во ред . П.С. стварно сте ми најмили сите до една
@Kaetana едно имам да ти кажам. Иста “будала” бев како тебе, се потресував за работата како да е најважна на свет, не знаев да кажам не и секогаш останував подоцна да сработам. Кога првпат останав бремена пред скоро 3 години, секој втор ден си одев со плачки дома заради преголемиот притисок. Се’ додека мм не ме седна еден ден и не ме натера да си ја чукнам главата. Со тие нервози си навлеков проблем во бременоста, кој можеше дури и фатално да заврши, па последните 3 месеци останав на патолошка дома. Тие месеци беа пресудни за да се смирам и сфатам што правам. Оттогаш, минута после раб. време не сум останала. Што завршам завршам, другото утре. Мува не ме лази и многу сум поопуштена, иако имам одговорна работа. Ако тие се без осет, ти биди дупло. Што можеш заврши, што не, никому ништо. Да не бидам груба, ама е*и им мајката на говеда што не почитуваат трудница и намерно и’ прават притисоци и нервози. И да не си трудница не е во ред, а не па во оваа ситуација. Сега пак сум бремена, нели, и си го сработувам моето и ич не се потресувам за било што. Овојпат нема шанси да дозволам да се потресувам за работата.
Перницата од ова pillows lala е супер, јас ја имам со персонализиран натпис Мислам и претходно дека имам пишано, откако ја земав се изнаспав А за секс ако ти е нормална бременоста, немаш гајле Ние уште од старт имаме, еве веќе при крај на осми месец сум, си тераме
Добар ден женички, како сте ми? Сте се распишале, сите до една ве прочитав. јас бев со брат ми , ќерка ми и моите родители до Визијана , да ја повозам колава демек кафе , ќе пиеме , седнавме па ни рекоа нема слободна маса (требало да резервираме) , и тоа е станавме си отидовме. Прошетавме низ тоа паркчето, ќерка ми ги ранеше животните и тоа бебка не ја осеќам додека возам , изгледа од трускањето на колата спие. Ама ноќе не ме остави да спијам воопшто Веќе познато, ноќта не спијам од што не можам да си најдам поза, кај одам сто пати во вц па и уште ќе се удавев , хранава ми се врати назад мислев во сон ќе повратам. Кој ми е крив што јадев глупости касно ноќта и од ова највеќе не спиев ми беше страв.. @bela.m јас хрмороиди имам надворешни уште пред да останам трудна. Сега бетер ми се појавуваат, осеќам тоа место ми жари , дури кога спијам. Не крварат , само ме чешаат земав една крема гинекологот ми ја препиша на Фрезидерм ама ништо , не помогна. Па ставам мраз нешто подобро се осеќам, но да поминат , не поминуваат. Единствено ми е страв кога ќе треба да ми стават клизма, како ќе ми ја стават од хемороидите уфф.. За тема секс, сме немале од јануари. Прво јас не сакав, па потоа кога почна да ми се познава стомакот , мм не сакаше. Ми вика , го гледам стомакот, внатре е бебето, не можам и така да ништо од сексот. @Sofi.ja оваа слика е од Рамстор маркетот? Ти до сега од цуцли што имаш купено?
Леле Мацо сама ме оставивте. Кој се породи кој на патолошка. Се шалам.Со лесно мила пиши до каде си. Јас не пишувал оти не знам што повеќе да кажам. Час се пораѓам, час како 5-6 месец се осеќам. Денес на 2 пати малку воден исцедок помешан со бели и зеленкасти парталчиња и болка во препоните јајници крстот... Знам тука е некаде ама не одам додека немам некој поубедлив знак. Да ве прашам дали пред пораѓај бебето помалку се осеќа?. Од утрово многу слабо, успорено и ретко ја чувствувам. Не знам мислам на 5 мин, ама ако си блиску. Ако не оди си со време. Ти посакувам лесен пораѓај.
не си сама и ја сум со тебеи јас фраерот помалку го осеќам овие два дена...исцедок имам зголемен др вика нормално било...болки во препоните и кичмата нормално ама не е тоа тоа...ајде уште малку ни остана поздрав
Добро е имам Друшка за тешење. Ми доаѓа да одам со провокација да молам макар што др вика до крај ќе чекаме без провокација. После ќе видиме. Поздрав па се бараме.
Жени ме примија и мене . Болки дома на 7-8 мин, според цтг реалните се на 15 мин. Лежам и засега се издржува. Се намалува ли потоа временски интервалот на 2-3 мин , да знам кога да викам по сестра, дека во последна соваа сум сместена
Мами се осллучив за philips цуцли ги земав од аптека и стаклено шише од рамстор на акција 500 ден е од 715.. Си земавме и прв памперс...почнува да ме фаќа еуфорија некако веќе едвај си го чекам девојчето
3cm otvorena . Edno isto oddelenie e kaj nas vo opstata bolnica , i ginekologija i akusersko. I trudni i porodeni se na edno mesto
Значи на почеток си, има време. Пробај да одмориш, ако можеш и да задремеш, штом болките ти се издржливи. Тие крајните пред излегување на бебе се различни, ќе ги препознаеш, без гајле. И јас бев во последна соба, ама кога мислев дека доаѓа бебе, а реално бев далеку од пораѓање, ме слушна цела болница. Ајде со лесно и цело време на памет да ти е дека се поминува, колку и да изгледа долго и болно, а крајната награда е врв, да не ти правам спојлери ❤️
Дали само јас имам брекстон хиксови секој Божји ден, уште од 25 недела, сега веќе 30та или ги имате и вие? Најчесто кога ќе легнам на грб или кога ќе мавне бебе внатре, ама се случува и во одење или кога се вртам да легнам на страна. Знам дека се демек нормални ама гледам никој не ги спомнува освен жениве што се пред породување што се жалат дека им се дрви/стврднува стомакот и @flower30 што и покажа вистински контракции пред некое време Нередовни се моиве, на неправилни интервали, не траат долго и не болат ама па сепак ги има секој ден и тоа по многу пати во 24 часа...
Хмм, чувството е како да се склопчува бебе внатре, како да турка нанадвор со телцето и стомакот е стегнат така што практично се оцртува бебето, главче или газе можеш да видиш/допреш кај му е. Јас прво мислев дека е баш тоа, дека бебето турка кога мрда и станува камен тврдо ама по многу сурфање сфатив дека тоа се брекстон хиксови/ лажни или подготвителни контракции. Кај некого почнувале од 16 недела, кај некого воопшто, а некои жени имаат ама не ги ни осеќаат. Сите викаат дека кога е бебето поактивно ги има почесто затоа што на секој удар внатре реагира матката и се грчи.
Фала ти многу на исцрпниот одговор. Мене некогаш ми се случува да ми е потврд стомакот, ама брзо поминува. Не ни приметувам кога. Не е проследено со болка и не се случило такво "оцртување" на бебињата. Инаку сум 25+
@EvieBabe јас немав такви, кај мене ќе се стврднеше стомакот и не пушташе Јас некој изрод сум. А инаку ко што читав тие се тие Бракстон хикс контракции. Ама ти, колку што паметам си 29-30 недела, така да мислам нормално е.