И мене така ми се здрвува стомакот, последниве 4 недели сигурно. Не е болно, ама малку непријатно на моменти.. и да , се оцртува , дали ноџе е , еднаш го прашав гинекологот вика што е тоа горе десно што се подигнува - ми рече задник не знаев дека такви се тие лажни контракции. Јас сум сега 31+5 , така да може и веќе нормално е
@Kaetana Не е ни прва ни последна работата. Ставај на кантар секогаш. Имај на ум дека не вреди за нив ни една солза да пуштиш. Гали мешко и смешкај се на секој негов прекор. И повторувај си дека тркалото се врти
Друшкр не си единствена и јас за истото окркав страв со жилет сум се секнала и утрето одам на работа одам во тоалет гледам капка крв се препотив,си заминав од работа целатс во паника на мм му викам де провериме кога ке ме виде цела линија сум си направила уфф паники 300 напрсвив Дај Боже такви банални работни да паничиме .
Јас сум 22+ и неколку пати до сега ми се случило како да ме притиска доле, како да сака да излезе, и како грчење доаѓа, но кога мрда не ми се познава на стомакот до толку за да се оцрта главче или газе ептен неприметно е, само малку ми мрда мешето. Не знаев дека тоа е тоа.
Абе и јас тоа викам. Дај боже само за вакви будалаштини да паничиме. Да не ни е оправдан стравот, до крај!
А па така кажи друшке,да знам што ми било здрвувањето Многу често веќе можеби повеќе од 1 месец го чуствувам тоа,се здрвува едно место како топче се прави,го опипувам да погодам кој дел од телото е ама е нејасно. Трае неколку секунди а на колку време се појавува не сум приметила. До пред недела,две така ми беше од левата страна,сега од десна. Не само што ми е стегнато туку и како удар го осеќам во ребра најчесто. Јас сум 31+ @koritsaki Сликата е од Рамстор маркет,тоа шише ќе го купам,стаклено од 120мл,а цуцли имам од Томи Типи обични силиконски.(слика во прилог) Денес бевме до City mall,влегов во тоа Елва,ефтинко било. Имаше два пара долни (како тренерчиња) за 300, две боди по долги за 300ден. Сите се со јунаци, бетмен, мики маус, спајдермен, го подновив синко утре ќе ви прикачам слика (има и за девојчиња). Почнаа мн да ме болат брадавиците овие денови и штом соблечам прслук приметувам и на прслукот а и на аеролата бели како лушпички,од вашите коментари сфатив дека е колострум. Ќе си купам ланолин па ќе се мачкам, на интернет најдов едно од Лансинох со цена од 446ден ама 10мл да не е малце Деновиве ептен ми рипнал мешко,како сме тргнале леле мајко што ќе правиме до 40та недела ,
женки кажете најдобра позиција за лежење за полесно отварање и спуштање на бебо. Од -10 саат сум 5прста, а болки на 3-4 мин. Се изморив шетајки, немсам сили
имаш ли опцја за туш со потопла вода??ако имаш изтуширај се со што потопла вода инаку шетање ти треба и правилно дишење при болките не се стегај не напињај туку биде поопуштена и диши издиши сигурно си првородка и обично побавно оде отварањето до сабајле ке се породиш
Мешиња ај едно прашање ако ве има будни. Ме разбудија грчеви во стомакот, бев во вц 2 пати, дијареа, ама мала, не нешто страшно. Сега уште ги имам, ко да ми врие нешто во стомакот, а пробиотик пиев во 22ч Што би можела да пијам, дали знаете? Претпоставувам од храна ми е.
@flower30 еве еден буден мешлак. Ама за жал незнам да ти кажам што смееш да пиеш во овој случај. Ти пишам за да ти кажам дека е актуелен стомачен вирус, дрма секаде. Да не си мислиш дека ти е од нешто друго, сигурни те има вирусот фатено. Си храна регулирај додека не ти каже конкретно доктор. Двопек, банани, соленки-стапчиња, варен компир... Незнам дали ентерофорил смее во бременост, многу помагаат. Со постов не ти помогнав воопшто знам Ја користам приликата да прашам дали смета што ставив малку кантарион на вагиналните усни? Како испуканко имав од едната страна па многу малку намачкав за да омекне. Ставив малку и на проблематичниот хемороиди Муабетот ми е, ако ли?
@bela.m фала ти. Ми текна после дека читав дека има стомачен вирус па може и од тоа е. Уште тоа ме немаше фатено. Изедов една банана сега. Мене пробиотик ми помага, ама пиев во 22ч а се пијат еднаш на ден. Се покрив убаво на стомак и што ме утоплува малку ми смирува. Сега ќе пробам да заспијам и се надевам ќе помине, ако не сабајле одма ѕвонам на докторката. Нај мака ми е кога имам проблем а ми се јавува ноќе или преку викенд(а скоро секогаш е така). Јас за кантарион не знам точно да ти кажам, ама веројатно не е проблем дека си намачкала надворешно. Нареден пат ако пак имаш мака, намачкај павловичева крема ако имаш. Тоа омекнува многу. Ти што не спиеш оди спиј додека можешпосле ќе си пишуваме ноќе почесто, па користи сега
@flower30 јас станав за мокрење, по незнам кој пат... Мм р'чи прилично јако, па ми се скрши сон. А што е убаво за спиење, прозорот отворен и се осеќа ладен воздух. Веќе заземав позиција со пернициве. Ајде добра ноќ
Со истата мака сум ос 1ч. за среќа во 8ч сум кај матичната за брисеви (ако дозволи ситуација да се земат) па ќе видам што ќе каже. А дома моментално ко за инат немам ништо што би ми помогнало и грчеви во стомак имам. Се надевам брзо да ни помине на двете
Алиске да си ми жива и здрава за советот за тушот , ем ме опушти и подобро ги поднесов болките. Се туширав на мешко околу 15 мин , и де отворив максимално за неполн час. Убав ден на сите и нека ви е со лесно
Добро утро, Се јавив кај докторката, ми рече штом имам и грчеви можно е да е стомачен вирус или од некоја храна. Рече пробиотик по 1 ќесичка на ден(такви пијам) биле поконцентрирани, електролити за да не дехидрирам,полесна храна, диета. Рече ако е повеќе од 24 часа да идам до општиот матичен за да ме види и да ми препише Ентерофурил(се пиече во бременост). @mici-22 ти како си? Што ти кажаа тебе? @duffi мене и претходниот пат и сега 2 докторки ми рекоа по 1 на ден, посрбно па ако е од тие ќесичките, биле поконцентрирани(така ја разбрав). Ама се надевам дека ќе помине И сега ја прашав за скриен шеќер, рече можело од 24-28 недела да се направи