Женички терајте си бременост и уживајте. Јас исто тек тук со нервози па со одење на работс дома обврски дете едно друго... Сама си ставав психички тежини на себе иако имало и добри момемти. Бебето ми се роди во термин ама малечко. Среќа здраво живо во моментов со 2800 кг. Не се оптеретувајте ни со работа ни со ништо,вработените повеќе себе да си се посветат одколку на работата. За 6 дена што лежев во болница секакви случаи на бременост видов. Немојте да си го загрозувате вашето физичко и психичко здравје. Се случува бебиња предвреме да се родат поради компликации,не си ги стварајтр сами тие компликации
Да , во нормални услови еднаш е доволно. При вакви ситуации може два пати. Сепак консултирај лекар. И кај бебиња се дава слободно по два пати во вакви ситуации. 2800 не е мало бебе. Таман е.
@flower30 само што се вратив од кај матичната, ми препиша провен за трудници, но не се нормални со цениве за лекарствава 900ден кутија од 30 таблети. Но што треба тоа. Важно добри сме со бебчето, грло на матка долго, тврдо,па за два дена резултати од брисевите. Ти мила како си?
Јас да ти кажам го пратив мм во аптека и му го дале тој Провен и ко видов 900д дамла ме удриИ после прочитав дека содржи повеќе витамини и ја консултирав докторката. Ми рече користи си ги тие во ќесички, не мораш пробиотик за трудници. И со тие терам. Инаку супер, штом се е добро. Уживај сега. @duffi да, ако има потреба шак ќе и вртам да ја прашам
Добро утро мешковци! Јас цела ноќ имам болка во долниот дел на стомакот болката сеуште трае на моменти ке ме стегне силно и потоа пушта.. вчера ми беше крајниот термин.. стомакот ми е стврднат.. ноќеска кога бев до тоалет на бришење имав нешто слично како белка од јајце но со жолтеникава боја .. за два часа имам закажано за цтг сакав да ве прашам дали е можно да ме задржат за пораѓај , да си ја носам ли торбицата со мене?
Мене ми почнаа уште во 23-та недела, исто како тебе, и при пешачење и кога лежам на грб. Ми се чини дека со првата бременост покасно почнаа, иако можеби не сум ги препознавала или сум мислела дека е нешто друго. Помалку знаев, повеќе паничев. Мене ми се забавни, ги сфаќам како начин на бебуш да комуницира со мене, ама морам да признаам дека малку ме замисли со твојава паралела со вистинските контракции на другите членки.
Честитки, да е жив и здрав бебушот!!! Ќе го памтам и јас советов за во ноември, ако е толку ефективен, од туш нема да излезам додека не излезе бебе.
Епа сега испаѓа дека сите ги имаме, само кој знаел кој не знаел, па нема потреба за грижи Јас цело време гледам никој не ги спомнува, си мислам дали е можно само јас да ги имам, затоа се грижев.
Дојдов да видам @Мариаа. и @Presrekna што направија? Инаку и јас ги имам лажните контракции. Кај мене се со менструални болки, болки во половината и здрвување меше. Наликуваат на вистинските почетни, само што немаат правилни интервали, не траат долго и болката не се интензивира. Ми почнаа негде од 34-та недела. Скоро намалија, а баш често ги имав првите 2 недели. Честитки на сите тазе породени мамички. Живи и здрави да ви се бебушите.
Јас пак бев на лекарсега кај општ матичен. Се чув со татко ми, се смее вика преку еден ден идеш. Му викам не, си имам просек јас, еднаш неделно Ми кажа и матичната, Ентерофурил да пијам и купив и пиев сега. Плус земав електролити. Не можев, ем дојареа ем ме боли стомакот. Капак на се малаксано се осеќам, па и што ме болеа градите... Се на куп ме слушна на гради, рече немаш ништо, може од провев ти е. И така. Си ја надополнив домашната аптека со уште 2 кутии цццц пензионерите толку ме пијат ко јас што пијам.
@EvieBabe, @kockichka и јас имам секој ден такви контракции, среќа кратко траат и најчесто ми се појавуваат кога пешачам, особено кога пешачам повеќе, 6-7 km. Ваљда е време да намалам со километражата. Денес бев на ехо преглед во Државна, не знам зошто ме прати матичнава моја (имав закажано за Чаир за 23-ти, ама ми го откажа тој преглед, ме прати во Државна на преглед, не ја сфаќам поентата). Ај што се изначекав, него се изнагледав лигави трудници на кои уште не им се ни познава стомакот, дошле со 100 души придружба, па нешо се лигават, припаѓаат таму... мислам дај бре, ако си трудна не си болна, боже ме сачувај Ај, нема везе... Него, имате во Тритекс во Рамстор убави бодиња за новороденчиња и на попуст се по 120 денари. Плус прашање до поискусните, што бројче купувате за бебушите?? Јас купив број 50, ама некако многу малечки ми се гледаат бодињата.
Цвет од ентерофурилот ќе бидиш како нова за два дена. Што се мора-се мора. Тоа е, не се секирај. Арно постојат и таблети за болештиниве
Искрено поима немам. Претходно малку се испаничи матичнава ради високиот притисок и отоците на нозе, ама откако попушти времево ми се стабилизира и притисокот.
Хелоу За @Мариаа. Не знам на патолошка ја примија. Нема пишано. Со лесно мила. Јас пак дома. 3 прсти отворена сеуште. Супер доплер, вода, плацента, цтг мирно. Малку Беба успана, ама ок е откуцаи во нормала. Не бев јадена. Четврток пак. Веќе пукнав. Едвај чекам да ја гушнам. Денес бебе 3200гр. До сега се плашев мала е ситна палчица, а сега се плашам од поголемо заради пораѓај. Оф леле. Ќе си ја послушам јас @marchi-cool и не се секирам за ништо повеќе. Па девојки јас вака така на Септемвриските беблаци ќе се приклучам..
Да се надевамеми рече др. дека се пиече максимум 3 дена. Јас се надевам ќе биде добро и за помалку. Вчера мм ме седна и ми одржа говорВо право е за се. Ми вика, те гледам 6месеци веќе не живееш, не се смееш, се плашиш од се. Стварно, така е. Ама стравот и секој ден нови маки, си го прават своето. Мајка ми вика, дете аман бе на секој саат апчиња пиеш. Ама што викаш и ти, добро е што има лекови барем да ни помагаат. @Presrekna ајде со лесно. Не се секирај, и по 5кг ги раѓаат @Мариаа. Кога може да ни пише со апдејт