Мини90 јас 56ка гледам да купувам , ако нешто купам за почеток, зошто бодињата што ги имам од ќерка ми некои беа 50ки и не и беа точни , едвај ги закопчував доле. А ќерка ми не беше големо бебе , 49цм се роди 2600 и пак теснички и беа. Сега што купив минатите месеци 3-4 бодиња се 56ка ги земав.
Ич не намалувај со километража ако имаш енергија, со оглед на тоа дека се јавуваат и при лежење, така да подобро да си држиш кондиција. Бар мене и при едно и друго ми се појавуваат. По таа логика, јас треба или само да стојам или да седам. Инаку во врска со бројчиња за бебуши јас одамна се откажав, зошто едно исто бројче од различни фирми може драстично да варира. Само од око, или со мерење. Друго што сакав да прашам... само што купив умебоши слива, од тоа што истражив, не треба да е проблем за трудници. Ако некој има спротивно мислење/искуство, се надевам до утре сабајле ќе ми пише, од тогаш стартувам со конзумирање. Поздрав идни, нови и веќе искусни мамички, ве гушкам!
Јас имам купено 3 за штотуку родено на него пишува само newborn нема бројче. А другите што ги имам купено се од 50-56 цм
Само што пишам во друга тема,имам две бодиња од Тритекс двете се 50ки ама се разликуваат,а од иста фирма. Ќе прикачам слика. Ако не ве мрзи ѕирнете во Што се е потребно за новороденче,го пишав мојот список да не сме заборавиле нешто
Мами Како сте?? Ние од утре стартуваме 32 . Бебе денеска сум го налутила нешто, притиска доле, кичма ме боли тешко се издржува Јас кога гледам нешто за бебе да се земе, се ми е така малечко како за кукла, и само си велам нема шанси да е волкаво, се ќе му биде малечко ама излеа се стварно трошки Колку памперс носевте во болница, таму се дава или ние мајки сами пресоблакаме ?
И се дава, и мајки сами пресоблакаат. А за количина, зависи колку ќе останеш во болница. Јас носев цело пакетче. Пола го дадов, пола го трошев сама, а 7 дена бев во болница.
@Larahappy може си зависи од болницата каде што ќе се пораѓаш јас прв пат се пораѓав во државната болница во градчево што живеам во Грција и си носев пелени , прво едно пакетче земав па потоа ми докупуваа мм, свекрва ми. Сега ќе одам во клиника и овде немам појма како ќе е, ниту знам што ќе треба да носам во клиниката , кога ќе одам на преглед ќе ги прашам , се надевам ќе ми дадат некој список
Нема ли некој поефтин ланолин @koritsaki колку ја зема ти кремата од ДМ за брадавки? @Larahappy да си носиш едно 10-15 пелени. Ма да се зависи колку време ќе останеш,ама бараат. Снашката кога се породи одма дента и бараа пелени,немаше однесено позајмила од цимерката па им дала. А утредента и дале од тие промотивните Бекутан,Виолета. Ова кажувам за на ГАК
Женски како средувате интима во бременоста? Јас брич немам ставено,од 14 год почнав со восок,сега заради можни инфекции сум малце воздржана,ама сепак не би да се бричам. Жената што ме депилира работи исклучиво со чист,непрецаден восок.
Си одам на депилација како и досега. Јас на шеќерна одам, но ако користиш восок за една употреба, не би требало да има проблем. Јас бев двапати и на депилација со ладен восок во првата бременост, зашто женава кај што одам беше на одмор и немав проблем никаков. Ако имаш можност пробај шеќерна, ем хигиенски, ем помалку боли, и не се прават поткожни и црвенила воопшто. Пробав едно време и со Лидера прашак за депилација, ама не е тоа тоа, одма растат.
Да пакетчето што го земав е со 54 пелени, па ме интересираше дали сите да ги носам. Доволно се 15 мислам
@Sofi.ja и мене многу скап ми се гледа ланолинот ова што го земав јас, го мачкам сега и не е баш крема туку е малку потечно , ко масло. Околу 80-90 денари мислам беше, таа цена ми се мота низ глава моментално На Медела да не знаеш колку е ланолинот? Ама и тој под 600 не би бил..
690 денари е големото пакување, малото околу 460 во Зегин. Не се троши брзо, ама сепак не е баш евтино.
Здраво мешиња.. Деновиве имав болки во долниот дел на стомакот бев на преглед цервикс нормален се ок.. се ширела матката.. денеска ми стасаа резултатите имам стрептокока и ешерихија коли.. се исплашив искрено.. ми дадоа панцеф и вагиналети полигинакс.. некој сл. искуство? ке се среди ли со терапијата? затоа што имало ризик за спонтан или предвремено раѓање.. не дај боже.. испаничена сум..
Ешерихија често фаќаат трудници. Чим си под терапија не се грижи, моја другарка е во 5 месец и она има стрептокока и е под антибиотик и кажале дека нема простор за паника.
Јас си одам на депилација како и секогаш само што пред тоа одев еднаш месечно а сега на 2 месеци не ми растат влакната скоро ич
Моја другарка во петти месец ешерихија среди за една недела само со големи количини чај од брусница ама сува незасладена брусница (во ГТЦ ја има на влезот во семкарата), не чај купечки. За една недела брисот беше чист. За другово не знам :/