Na kakvo ispityvanje tigi najdoa baktriive??? Na brisevi ili na urinokultura posto mene mi bese se cisto vo 12ta a sega mi se javi nekoe cesanje pa se se tesam deka e od antibiotik sto piev kandida deka sum fatila ti kakvi simptomi imase i sto ispituvanja pravese???
Има во ДМ ланолин во лилаково кутиче 180 ден е. Ќе го сликнам после да го видите, не ми текнува која фирма беше.
Јас правев микробиолошки брисеви таму ми излегоја.. иначе симптоми често мокрење и како притисок во долниот дел..
Женски денес после напорната ноќ со дијареа, цела дехидрирана и омалаксана правев и крвна слика. На резултатите шеќерот ми е над горна граница, 7.2 а макс за трудници до 5.2 Можно е од стрес да ми е висок шеќерот или тоа нема врска? Фала
Трипати лечев стрептокока, на крај и бебе се роди со мала инфекција што се среди за еден ден, не ми предизвика предвремен пораѓај, абер немаше бебе да искача. После терапијата пиј си пробиотик подолго, пиј чај од брусница и пролом вода за да не се пренесе еширихијата во уринарен тракт, јас тоа го правев цела бременост, многу сум подложна на инфекции во бременост и баш предвремено породување ме плашеше, се изнапив антибиотици ама кога мора мора
Диплејќи сега алишта налетав на едни од хеланките за во теретана што ги носев пред инвитрото и пред меше - леле колкацки се ќе паднев у несвест! На сета среќа за бебче, кога ќе ме свести нешто вака колку кила плус имам на мене, ме фаќа страв и носталгија за слаби дани... ама никако слаби дани без бебе Нека ми се роди само жива и здрава, па ќе му ја мислам после
Може да се качи од стрес, ама секако 7ца е високо и треба пак да провериш и да следиш. Инаку @Sofi.ja @Autumn_ , еве го ланолинот. 50ml е, ама споро се троши. На попуст беше во саботата, 180 го купив.
@KuklickaSk супер, фала ти што сподели со нас доста е поефтин од другиве , искрено за ланолин не ми се даваа 800- 900 денари
Така е.. фала ти многу за советите, веднаш почнав со терапијата ќе земам и чај од брусница да излечам што побрзо..
Јас само најдобронамерен совет да дадам. Го пратив мм да земе ланолин и ми купил на sensilis. Полошо нешто не сум видела. Одма се намачкав после пораѓај и врска немаше ланолинот. Ко со павловичева да сум се намачкала. Бебушка ми направи страшни рагади дур ми донесоа purelan ланолин на медела. Со него од прво мачкање ми се смирија брадавиците. Така да не штедете на ланолин. Овој на медела е околу 600 ден. и трае доста. Многу е густ. Јас само 2-3 пати дневно мачкав на почетокот, а после тоа само навечер. Тој на sensilis не е чист ланолин туку има некој % ланолин.
17+2 Денес на контрола ми рече дека планетата ми била малку подспуштена, да не кревам тешко и да не се напрегам. Но бидеќи не бев информирана за ваков проблем не препрашав ништо. Сега читам и ми се крева косата доколку се спушти цела. Некоја со ваков проблем? Дали мислите дека патував 7, 8 часа со кола довело до подспуштање
Женски јас се извинувам што подолго не се уклучував. Малку пред пораѓај и после пораѓај ми е хаос, тешко било да си во улога на мајка. Тешко ми е да најдам време за работи што предходно имав на претек Породена сум со царски, дојде на свет мојот принц убав на мајка Подетално покасно кога ќе најдам повеќе време. Честитки до сите нови мамички, друшки од месецов
Девојки поздрав Доаѓам да видам @Мариаа. и @Presrekna до кај се Како се држите вие останатите? Јас утре напуштам клиника. Сите други што беа со мене си заминаа уште денеска, нас не задржаа ден плус оти само ние бевме со царски и така шансите бебе да фати жолтица биле поголеми, па педијатарот сакаше да ја следи уште денеска. Млеко имам и малата си фати цице од одма ама ми ги упропасти брадавиците за цел живот. Боли пече.. ужас. Сеа маж дур ја чува а ја топлес седам измачкана со медела, најдов време да ви пишам. @ocicka2014 не знаеш колку пати те помислив деновиве. Многу се израдував. Да се изнауживаш со мангупот.
@Yowannty мило ми е што сте добри , ајде утре си одите. Дома веќе е друго потоа , кога ќе си фатиш ред лесно ќе биде подоцна. Него зошто царски? Беба не се спушти? Како си со раната?
Мешковци, најдобронамерен совет, земете си ланолин и не штедете на тоа, многу помага кога бебе фаќа да цица на почетокот, инаку страшни рагади се прават. Лансинох од ДМ е околу 900, Медела нешто поевтин, но добриот ланолин е поскап и е многу густ и ептен мала количина треба за брадавиците, така што ќе ви трае многу долго. “Тенки” кремови, односно со лесна конзистенција, не помагаат воопшто. Сеуште ми е свежо сеќавањето од пред година ипол кога процица бебе колку ми помогна оној на Лансинох, па реков да споделам искуство.
@Sofi.ja @koritsaki ланолин на Лансинох го користев и за доење на син ми. Скап е, ама многу ефикасен. Толку многу ми беа крвави брадавици, одвај ги заздравив. Доењето ми беше преболно. Сега го зедов навреме да не ми се повтори истото и се мачкам секој ден. @Yowannty ајде дома ќе биде се полесно. Јас утре сум на преглед и последен брис. Многу ослабев со диетата, само стомак на мене остана. Не знам дали е вака нормално, се плашам како се развива бебето, дали доволно се храни кога внесувам толку малку храна.
Long story short ги пробавме сите можни провокации и бебе на сите реагираше многу лошо плус јас не се отворив, цел ден многу малтретирање и на крај мораше итен царски вечерта во 8, за среќа се добро заврши. Раната ко рана... боли, ама морав да се движам бебе е цело време со мене, истата ноќ ми го донесоа да го надојам, а уште утрото ме станаа и ми го оставија бебето, цело време е со мене, го земаа само на кратко за бањање. Тек вчера вечер ми ја извадија иглата од епидуралот, па од денеска сум само на апчиња против болка кои не се баш најефикасни. Ама тоа не е више ни важно. На сите ви посакувам само леснотија. Господ да е со вас сите да се испоредите една по една за раѓање.