Душа, да те гушнам еднаш Скроз иста судбина како мојата те снашла, само мојата голгота два дена траеше Како и да е, набрзо се’ ќе заборавиш и за две недели ќе бидеш како нова. Станувај, движи се и размрдувај се секогаш кога можеш, дури и со сила. Што повеќе го правиш тоа, толку помалку ќе те боли со секој нов ден Побрзо опоравување ти посакувам
јас земав ланолин на леа,и со првото исто ама не ја искористив многу бидејќи слабо цицаше па се префрливме на ад млеко. Сега исто на леа ми земале. Густ крем е од 30мл ама слабо мачкам дали два три пати. На едната града имам како закоравена крв непријатно е ама тоа е.
Фала ти мила млеко не пијам повраќам од него сега голтнав неколку зрна ориз па ќе видиме а утре ќе купам и гастрогард
Јас пред некој ден цел ден се мачев, пробав и со ориз не ми помина. Ја прашав матичната ми рече може Гастрогард, се џваќаат. За 20 мин. Ми се смири. Пробај сега со оризот, па ако не земи си и од овие
честитки си се олеснила живо и здраво да ти е бебе топлата купка со жешка вода колку што може пожешка ја препорачувам на сите додека се дома да не мрдаат од кадата со жешка вода ова од како ке добијат регуларни контакции да убрзаат процес
И јас имам постојано веќе месец ипол Ништо природно не ми помогна, па почнав со едни таблети за џвакање од Америка се порачани Овде ги има како Гастро гард, само овие америчкиве се со убав вкус Како и да е, само тие колку толку ми помагаат, земи не се мачи дозволени се во бременост
Можеш и Рупурут да земеш, исто се дозволени за трудници, се џвакаат и многу помагаат. Во првата бременост ги јадев како бонбони
После ќе тркнам до аптека ќе видам што има. Од кога сум останата бремена ги имам ама сега стануваат со поголем интензитет мислам дека пламени во грло имам
Оооо срц бе За малце слична приказна ќе сме имале ајде битно се до нас такви мали и совршени гушки до малата лепотица
Него за ланолинов и ја да прашам. Вчера пробавме бебе нејќеше да фати,башка јас бев изнемоштена и кома,ама денес бев упорна и успеав. И одма почнаа да болат и печат брадавиците. Го имам на медела и стаив два пати до сега. Пред или после доење треба или нема везе? И епизиотомијава ме уби. Пржи ,пече одвај станувам и се движам. Не знам како да си олеснам. Ја мијам само со вода,и станувам со тешкотии.
Мамички сите што сте се олеснале да ви се живи и здрави бебушките ,гушкајте се сега и уживајте,а сите што сте наблизу со термин најлесно да си поминете. Јас да се исповедам ,па и ако има некоја да ме советува или иста како мене. Еве 2ра вечер како месечарам 23+3 сум ,едната вечер се чуствував вознемирено срцето ми лупаше до 2ч не заспав се ми сметаше,исто и синоќа смирена бев ама се додека не се напив б6 и не се преместив во дневна не заспав ме фати 2часот ,да не одам на работа немам гајле кога ќе заспијам ама морам да станам во 7ч за на работа,кажујте спас за несоницава нервоза ми праве,досега немав мака со спиењето легнувам и заспивам најжешкото го поминав а сега кога е попријатно за спиење јас неможам.
Добро утро женски , како сте Од денес 32 недела бебево беше мирно ноќта , за разлика од другите денови денес се наспав затоа сега е качено горе , во ниедна положба не можам да дишам нормално среќа киселини немам (со првата бременост имав кога бев 8ми месец) Знаете што забележав - овие неколку дена кога лежам , слушам некој чуден звук како пукање на меурчиња знам еднаш се коментираше на форумов за ова За ланолинот , здравје кога ќе се вратам, ќе го земам на Medela , ама изгледа ќе го купам од Грчка, таму гледам 37гр кошта 9,30 @Мариаа. Како што читам на нет на упатството, нема штета кога и да го мачкаш, и пред доење да го намачкаш , кога ќе треба да доиш не мора да го измиваш
Јас не сум користела ланолин, ама ако добро се сеќавам градата треба да е чиста пред да цица бебето, најдобро е по цицање. За епизиотомија прашај дали може Бивацин спреј, чуда прави
Здраво женички! Јас си чекам и чекам... Женскава моја решила термин да чека и нема што. Беба со став команда од стомак. Др воопшто не сака да не провоцира, вели може да не помогне и да те намачам,па да завршиме со царски. @Мариаа. мене во Еурофарм овој ланолин ми го дадоа. И цената е добра 214 ден. Ми рекоа сега пред пораѓам да ги извлекувам брадавиците, а и пред и по подој обавезно, не сметало на бебе. И стварно има ефект. Ми омекнаа и излегоа брадавиците, јас навнатре вовлечени имам, плус суви и мали. @koritsaki јас тоа пукање го слушам веќе 3-4 месеци, посебно кога бебе е активно, но знам нема конкретно објаснување зошто се јавува. Поздрав мамички Љубете ги бебушите, а вие трудници уживајте и галете ги мешковците.