Одмивај се со солена вода, на 3л вода една лажица морска сол, првите денови ставав ациди борици на улошка, после тоа кантарион.
јас ставам после доење бидејќи тогаш знам дека ќе ги одморам и колку толку ќе омекнат користам на леа. Мислам не се скапи. А пишува не се штетни за бебето и да доиш со намачкана брадавица т.е доколку не упие све. А за болење не би да зборам,господа го гледам кога ќе ја фати градата и почне да влече. На болница овкав што од резит кој ме печеше што од градите ама се издржува. Оти мора да се издржи
Здраво, сакам да ги прашам членките кои се бремени со инвитро кој доктор ви ја следи бременоста? Јас правев кај лазаревски во систина и одев кај него на контроли до 18 недела и кога дојде време за вториот скрининг ми рече само закажи си кај димчев или петровска, и после кога ја прашав сестрата кога наредна контрола кај лазаревски ми рече да продолжам кај димчев. Јас наредна контрола бев кај петровска пошто не бев многу задоволна од димчев, не зборуваше многу и кратко траеше скринингот. Исто и од петровска не сум задоволна, прегледот кај неа трае 2 мин а бремена сум со близнаци и многу ми е арогантна. Исто за породување би сакала лазаревски да ме пораѓа пошто од него сум најзадоволна, ама сакав прво овде да прочитам искуства од членките кои се со инвитро кај Лазаревски, кој ве пораѓаше и ви ја следеше бременоста? Фала ви однапред
Мешиња од денес 32 недела Мами се решив Hipp за бебе денес ја земав колекцијата во Еурофарм, испадна околу 600 (во случај на некоја мама да и треба) Земав и аспиратор за носе на NoseFrida тоа ми го кажаа како најдобро. Дали имате предлог за топломер погоден за бебиња и како им идат цените. Во аптекава ми кажаа над 2000-3000 некои, некако многу ми е Имајте убав ден полни мешиња
можно ли е во првите 2 недели да ми се "издуваат" градите и да ме болат...неможам да ги допрам ма да ми се свиѓаат вака ко мини силикончиња хахахах инаку уште немам отидено на гинеколог на една се јавив сестрата ми се испонаша као ако не ти е матична неможеш на преглед докторката си има многу работа безобразно ми се испонаша...
Девојки знаае ли некој до која недела де пијат таблетите Имприл.Јас сум 28 недела незнам дали до крај на бременост се пијат.Има ли некој што ги пие?
Не сум со инвитро, но ќе ти одговорам. Слободно можеш да си продолжиш кај докторот, нема зошто да не одиш кај него. Ти рекол да закажеш кај Димчев заради скринингот, зошто само он и Гордана прават скрининзи, но тоа не значи да престанеш да одиш кај него. Логично штом тој ти правел инвитро, тој и да те води и породи. Не знам зошто сестрата така ти рекла, но не е во ред и не е нејзина работа да кажува кај да ја следиш бременоста. Продолжи си кај Лазаревски.
Одбројувањето продолжува.. 8...уште толку недели до 40 Од денес 32, веќе и мм научи,вчера ми вика од утре сме втора недела во 8ми? Ми стигна од апликацијава известување и читам што да очекувам оваа недела, пишува бебето 70% од времето спие...ах како да не, моево 70% е будно и шутира, фудбалер на мама И јас понекогаш слушам како меури и баш се чудам дали доаѓа од стомакот,ама пошо секогаш се придружени со удар сигурна сум дека е од него Ланолин ќе земам некој поефтин сега, колку да ми ги омекне брадавките, после здравје боже ако треба или тој на Медела или Лансинох. Кога се пресметав вчера колку треба да се плати за козметика, препарати од аптека....5000 дал ќе стигнат Само му барам нешто на мм,вика дај да купиме се и да не ми досаѓаш цело време Вчера го купив шишето од Авент, во Рамстор, да знаете на полица не им е сменета цената,јас со се каталогот на каса отидов да не ме зезнат Утре ќе правам крвна слика,да видиме железото дали го ојачавме во четврток на контрола за цервикс и така... Сакав да ве прашам,од која недела почнавте да чистите по дома и да перете облека за бејби? Се мислам да фатам од кај 1ви септември(краен термин ми е 15.10) па да не е рано
Аха, не знаев. Обично сите доктори од Систина што ги знам водат бремености и пораѓаат, па ми беше чудно како не може да оди веќе кај него. Тогаш е веќе друга приказна.
Јас пијам Имприл од сам старт. Досега докторот не ми најавил декс ќе ми го прекине. Обично пред време ми најавува околу корекција на терапијата. Дури се сеќавам ж, во еден наврат ми спомна дека ќе ги терам до крај. Ама, јас сум мтхфр мутација, можеби затоа.
И јас планирам тоа аспираторче да го купам. Дали треба и физиолошки раствор да се купи? Една мајка ми рече пред да се чисти носето се става физиолошки за да омекне,па после да влечеш За топломер има поделени мислења ма да повеќето се за живин. И јас сакав бесконтактен,но ми рекоа и тој како и дигиталниот дека не покажуваат точно. Е сега со живиниот колку ќе биде мирно бебе па да се измери е знак прашалник..дај боже да не ни треба,јас не купувам однапред туку по потреба.
Незнам за физиолошки ако има некоја мајка нека сподели? На живин се мисли оној обичниот што е околу 150 ден?
@Sofi.ja @Larahappy За физиолошки, да, обавезно прво се прска спрејче или капки (спреј е полесно за користење), па се влече со аспиратор. Nose Frieda е одличен, за малата го користам од старт. Спрејчиња физиолошки имате многу, ќе ви препорача педијатар кој да го земете, но во принцип сите се исти, тоа е само солена вода
Јас цела бременост ја водам кај мојот ивф доктор, кај Петановски. Единствено скрининзите ги правев кај Петрова по препорака на докторот бидејќи сепак неа и е тоа специјалност. На мм братучеда му правеше ивф кај Лазаревски, до 4 месец ја водел.. После и препорача кај кој да продолжи од причини што е фокусиран на ивф само. Јас лично не сакам така. Јас и за брисеви и за други рутински работи сум кај мојот доктор, не би ја доверила бременоста на друг. Единствено во него имам доверба и не би сакала да ме "остави". Сепак, секој си има свој начин на работа...
Некаде дискутиравме веќе за физиолошки и за чистење носе, аспиратор за носе не нешто што се користи секој ден и без конкретна потреба, ако ептен се затне и не може да диши преку нос и со дозвола од педијатар, агресивни се и може беља да се направи со неа. Во почеток само капка физиолошки и со чепкалка за уши евентуално да се потфати, а влечење со аспиратор нема потреба, сите бебиња хрчат на носе не е ништо страшно тоа.