Ноктарица. Јас ни за себе не сум користела ножички никогаш и страв ми беше. Си купив цел сет за бебе, со чешелче, ноктарица, ножички, дури и турпии мали има и се’ користам и ден денес, освен ножичките. Мал е приборот, не можеш ни со ноктарица да го повредиш бебето @Autumn_ не може повеќе да е во право за аспиратор. Се користи исклучиво по потреба, додека физиолошки може слободно да се прска секој ден. Додека се мали звучат затнато, нормално е тоа, но сами се чистат бебуши преку кивање
@Sofi.ja @Larahappy колку ми е интересно вака што сме сите заедно со терминиве точно , уште 8 недели плус, минус , ќе видиме За перење , свекрва ми ми ги испра сите алиштенца од ќерка ми , ќебенца и оградичката , јас само ги дигнав во фиоките уште минатиот месец пред да дојдам кај моите. Имам некои нови што сум ги купила, да ги исперам Пред некој ден мм го нашол релаксаторот , па го испрале и сега е спремен За чистење , ќе видам од 10ти септември натаму , ќе фатам тоа што можам за алиштенцата да си ги спремаш мислам не ти е рано @Sofi.ja вчера купив и ножички со ножички ми беше полесно да сечам нокти
Пошто не сум од ск, доколку не најдам на пазар дали може од виталиа сува брусница да си ја правам како чај па и да ја конзумирам така?
20та недела, точно на пола, ме фаќа паника дали се ќе биде во ред, има уште многу од оваа бременост, па си викам ако не се решам за трето дете, ова ќе биде последна прилика за оваа блажена состојба, секогаш сум уживала во помислата на бременост, и сите проблеми и стресови што ги имав во минатата не ми ја уништија желбата за пак. Веќе имам бракстон хикс, притисокот ми паѓа и многу лошо се осеќам некои денови, денес е од тие добрите, ве читам и јас си планирам што се ќе треба да си докупам, што од потреба што од чист мерак. Не можам да најдам за која брусница кажавте дека е добра и без шеќер, некоја од ДМ прочитав, од што ми се гадни засладени брусницине на виталија нелогаш пијам увин чај чаша-две, знам дека и тој не е баш испитан во бременост ама страшни киселини имам од брусница
Може секаква, но од оваа вистинската незасладена брусница има најбрз и најголем ефект затоа што е 100% концентрирана брусница.
Мешиња, знам дека еднаш прашував за Авицена, ама сакав да ве прашам за искуства - за проверка на брис од вагина Авицена или Биотек????
Инаку, да си пишам за прашањава и јас. Ние на малава купувавме мали ампули со физиолошки раствор и капнувавме по 1-2капки во носе. Пумпица земавме, ја користевме кога ептен беше затната и потешко дишеше, инаку секојдневно не. За топломер, земавме дигитален на Микролајф околу 3000 ден. го зема маж ми. И јас мислам не е 100 посто точен, ама еве кога сме оделе кај Паскалов и они мерат со таков. Пред неколку месеци бевме на Клиника со малава, тие мереа со живин(поточно тие со германиум што се). Е сега јас мислам повеќе ќе можете додека е бебе да се измери со обичен топломер. Е кога ќе потпораснат е потешко. Мојава така имаше 1,5 - 2г и пробав со живин да и измерам, мрдаше и ми го зема од рака и го тресна на земја. Среќа на тепих, па не се скрши.
Вчера пишав список со облека,денес имам друг со потребни нешта за новороденче Цуцла лажливка и шише имам,планирам уште да купам и: Аспиратор, Павловичева крема, влажни марамици Виолета water care, Купка и млеко за тело Мустела, влошки за гради, гаќи со мрежа, кутија за цуцла, пелени Памперс Премиум, крема за брадавки, прашак за бебе Персил, четка за миење шишиња, подлоги за пресоблекување-мушамчиња. Ваљда тоа е тоа?
Здраво мешиња. 38+2гн сум, веќе 2 дена чувствувам на моменти силни болки долу кај препоните како да ме удира бебе со нозе, мислам дека ќе испадне и одма имам нагон за мокрење, болкава ме буди од сон... други болки немам, ни менструални ни половина да ме боли, ништо, само ниско во препоните како нож да ми се забива. Инаку бебето ми е карлично. Некоја со сличен проблем??
@Sofi.ja па да , тоа е тоа јас планирам и некој термос да земам , секако поквалитетен, па да ставам внатре вода , чај , ете и мајчино млеко - мислам за подоцна кога ќе почне бебето да јаде цврста храна ќе се најде повеќе
Jas gi pocnav od koga mi pravea puncija i ispiv 2 pakuvanja potoa prodolziv so pregnazon pa posledniov mesec pijam samo haemovit a sega sum 29 nedela. Znaci doktorot sto mi pravese INF mi rece da ja dopijam vtorata kutija i tolku.
За точно 10 дена влагам у 9-ти месец, ајмо журка За тие што се заинтересирани, утре има бесплатна работилница на тема доење, организирана од Лулка. Кој е за, ајде
Има посебна тема за списоциве, таму може да се провериш а и да добиеш нови идеи за тоа што се ќе треба да купиш , нека ја означат темата поискусните. Подлоги за пресоблекување има на Бекутан може тие да ги видиш, чепкалки за уши со граничник, гази пакувани по една, алкохол и хидроген, физиолошки расвтор во монодози, ете да те дополнам со нешто
Ве молам за помош,сега бев на преглед на извештајот пишува PVC со должина од 28мм и мал Sludge.Што значи тоа SLUDGE,колку е опасно и дали се средува некако или си останува до крај на бременост?
Здраво девојки, нова сум овде, од пред некое време ве следам. Кажете ми ве молам какви се тие гаќи со мрежа, не можам да разберам за што се работи и зошто им требаат на родилките Поздрав!
Тие ќе ти требаат по пораѓајот, ќе крвариш и такви треба да си имаш со себе во болницата. Јас користев вакви Ама ги купував во Гр, ти најубаво прашај во аптека какви поточно продаваат во Македонија