Јас на ГАК се породив пред 3,5г и не дозволуваа гаќи, за да "дише" раната. Ако облечевме гаќи, обавезно пред визитата се соблакавме ем заради визита ем они не препорачуваа
Јас ги пијам бидејќи сум ин витро, И јас ги пијам од почеток бидејќи сум ин витро.Е сега не можам да го добијам докторот за да прашам дали да продолжам со нив до крај или да земам некој други.
Дали можам да пијам Гастро Гард таблети за киселини? Синоќе и денес имав на моменти ама неиздржливи ми се. Шефицата вика де бе колку си нежна, треба да трпиш заради своето дете, не да пиеш нон стоп нешто кога ќе имаш киселини..
@Sofi.ja Има... во зегин на sensils мислам беше... некаде околу 240 ден мислам го земав јас... и добар е .. помага... (барем мене ми помогна во доењето да не ми пукаат брадавиците)
Девојчиња, сега на бришење во веце на тоалетот имав малку чуден густ исцедок, како малку желе - не знам како да го опишам, како мрсулче. Не некоја посебна боја, туку така проѕирно накај бледо жолто. Ми дојде чудно зашто цела бременост немам никаков исцедок, а баш денес прошетав малку и ме наболува долниот дел од стомакот. 30 недела сум. Ви се случило ли да видите ваков исцедок, дали е нормален? Се исплашив да не почнува да паѓа тој чеп Многу е рано
Не се плаши, и јас го имам тој исцедок некогаш 4-5 дена , па престанува , па некое време немам па пак се појавува. Од почеток на бременоста го имам инаку. Баш густо ко желе , жолто. Еве вчера пак го имав, а 32 недела сум. Ми кажа и гинекологот дека е нормален (се додека нема мирис)
Немаше мирис, баш го душнав од страв, буквално никаков мирис. А немам ни друг пропратен симптом да речеш, болка некаква, контракција, грчеви менструални, ништо. Ме удри може и психа дека денес превентивно примам Флостерон па како да сум во очекување да се случи нешто порано
Леле од вакви жени ко шефицава твоја колку ми е мака. Сите си земаат за право да коментираат се и сешто. Подобро е да се зема нешто превентивно што е дозволено отколку да се трпи болки. Може да се пијат Гастрогард, јас прашав гинеколог. Пробај и со ладно млеко и зрна ориз
Баш зборував со другарка што неодамна се породи, она имаше во торбица ама не и дозволиле да ги носи,само влошка со мрежа. После тоа за дома ги користела,а дома може и обични гаќи. Така да јас шкрткам од листа
@Only1 НЕМА никаква врска. Начинот на забременување не е индикација за Имприл. Имприлот е метилирана фолна киселина која им е потребна на оние со генетска мутација чиј организам не је апсорбира обичната фолна. Ако не сум во право нека ме коригира некој.
И јас имам киселики поготово навечер, прашав доктор дозволени се гастрогард, но и јас трпам и не ги пијам
И јас така знам @bela.m Од терапија после пункција имам само Утрогестан х3 по 200мг до 9г.н,и Аспирин кардио х1 до 12 г.н. Пиев и Прогинова(естрадиол) до детектирање на срцева акција. Секој случај е индивидуален и таков пристап си бара. Иначе вчера некоја членка праша за водење на бременоста после постапка.Овде кај мене,клиниките за асистирана репродукција се исклучиво за тоа,до 1во ехо после позитивна бета.После тоа ке си одам кај матичен.Мене ми е така и логично,оти специјалистите за ифв би требало да се концентрирани само на таа проблематика,сепак ги нема многу,а паровите со проблем се се’ повеќе.Од друга страна ја разбирам и потребата на пациентите да останат кај ист лекар,се ствара поврзаност и сигурност. Убав ден мешиња,јас едвај чекам да ми порасне,читав дека во прва бременост се покажува покасно
Јас ги пијам Имприлот пред пункција, но од причини што сум со мтхфр. Уште од сам старт ми кажа дека ќе го терам до крај токму поради таа работа. Јас имав малку повеќе терапија, ама убаво кажа, се зависи од специјалистот како и од природата на проблемот нормално. Во однос на водењето бременост кај ивф докторот, потполно си во право, и пологично е да е така. Уште кога добив позитивна бета сакав да ме следи ивф докторот (не знаев дали ќе е изводливо). После прво ехо, во контекст на муабетот после преглед, одговорноста за бебињата во целост ја имам ми рече. Тука ми олесна и бев пресреќна што е така. Има многу специјалисти што маестрално си ја вршат работата и беспрекорно ги следат бременостите на пациентките, ако и мене ми налагаше ситуацијата секако дека ќе направев избор. Тоа што ние се поврзуваме со докторите кои ни помогнале да ја добиеме долгогодишната битка е друга работа и наш проблем Сепак, на крај најважно е вака или така да ги наполниме рацете! Ќе расте мешко Дуниче, ќе видиш колку брзо лета времето. И јас едвај чекав да го видам заоблено, и сите идни мами сигурно. Јас цело време пред огледало бев, па и уште сум. Сакам секоја жена да има заоблено меше барем еднаш во животот!
Јас набавувам од локална аптека. Првично немаа ама ми нарачаа и сега редовно ми ги носат. Толку многу ми излегуваат во пресрет што некогаш кога не сум во можност да го купам цело пакетче (две ленти има внатре) бидејќи не е баш ефтино, си купувам само една лента, а остатокот кога ми е при крај првава. Од која аптека обично си купуваш прашај си за да ти ги носат.
На резултатот од микробиологија ми испадна рубела игг негативно, а треба да е позитивно. Вакцинирана сум како дете. Со првата бременост ми беше позитивно. Како е можно сега да е негативно?