Добро утро, Леле колку сум збркана значи. Цело време си мислам уште неделава и од 25та недела дека влегувам во 7ми месец. И отворив да барам во гестациски недели и гледам во 27ма недела се влегува во 7ми месец. Леле месецов ми се виде ко година. Прашав вчера тука, оти не знам во која друга тема да прашам. Искуство за проверка на брисеви - Авицена или Биотек??? Ќе носам приватно па не знам каде е подобро
Јас дури сега почнав да купувам по некое парталче, не ме држи срце веќе Земав нешто од Тритекс, нешто од интернет нарачав, нешто од Extreme Intimo, од Ваикики и во Евроазија позади се наоѓаат слатки парчиња на H&M и Reserved преубав органски памук. Од интернет нарачав од оние Tiny baby shop на ФБ затоа што George од Англија брендот не испорачува во МК и бодињата им се преубави, памучни.
Навистина незнам што е правилно, и прегназонот содржи фолна. Докторот што ме води сега секогаш ме прашува што пијам и вика дека е ок не треба ништо друго .
@Larahappy H&M, Waikiki општо од тука купувам , потоа една продавница Orchestra (ја нема во Мк) имам купено картичка и се земам за пола цена, така се исплати многу. Туку баш гледам за првата ми ќерка да порачам едно палтенце од Алиекспрес - па ми се прикажаа од страна бебешки работи , со натписи ,обожавам таква облека да ти кажам па може да порачам нешто за бебка ете за зима
Јас сеуште не сум бремена но Лазаревски кога ми ги виде резултатите дека имам мутација ми рече да пијам имприл плус едно апче неофолик и да пијам и кога ќе останам бремена па се до крај на бременост
Waikiki, Тритекс, Стружанка.. Ако ти е во близина Драчево, тркни, има интересни работи по продавничките. Него, од вчера почна многу да ми се здрвува стомакот.. да не претерувам ама скоро цело време ми е ко здрвен. Шта то би? Треба ли да се загрижувам?
Вај Кики, картерс, окаиди, џамбо некои џиџи миџи. .. Како ги наредив со кирилица Јас и од Грција нешто зедов од H&M premama, има и многу продавничиња локални. Зависно што и како бараш.
Која цена се, и јас пијам метилирана неофолик мета па да знам дали да замарам луѓе да ми ја донесат пд Бугарија или да си ја купам тука кога ќе ми заврши. Покрај фолната и витамини за трудници пиеш?
Имприлот освен метилирана фолна и метилиран Б12 содржи и други витамини. Само метилирана фолна од 1000мг има во Еурофарм,1660ден-90 таблети.
Гаќи со мрежа? Одлучив да не купувам. А влошки 3-4 пакетчиња не знам како ќе биде ситуација. Направив крвна слика. Минатиот месец железо 4.6 сега 4.2 Цел месец пијам апчиња, да бидам искрена без витамин Ц,па еве ако е до тоа ќе почнам и него да го пијам. Јадам и мед со коприва и баш мислев дека барем во нормала ќе биде. Може има врска и тоа што таблетиве се за џвакање а јас ги пијам? Има и други изместени вредности во крвта, 3 плуса за бактерии во урина и 9-10 еритроцити во урина. Гуглав и се укажува на бактериска инфекција. Изгледа ќе треба да се прави уринокултура? Не ми е за мене,не сакам бебе нешто да трпи од ова Аман веќе нека завршува трудноќава,само некои стресови.. Облека имам купено од Waikiki,Tritex,Loco croco, Elva, Карамел на Бит пазар ,локални продавнички и бутици во Т.Ц. Бисер
Имприлот без некој ситен денар се 3000 денари. Скапи се, ама многу се добри. Одличен состав имаат. Од витамини, Премама Дуо на Алкалоид ги пијам. Магнезиум пијам на Jamieson.
@flower30 6 месец е еден од подолгите. Брои 5 недели (сигурно си забележала штом си ги отворила г.н.) За погоренаведените лаборатории неможам да ти кажам од искуство.. Јас претходно на државно си ги правев и немав проблем со резултатите никогаш. Сега во бременост во Ремедика ги правам. Само сум слушнала дека во Авицена потфрлувале, ама па каде не би можело да се случи тоа?? Во контекст на ова, на мм спермограмот во Авицена прилично солиден, во систина прилично лош... А имавме проблем со машкиот фактор. Да не знае човек што да мисли...
Аха во ред, рано ми е мене, 8 недела сум само така прашував оти не ми беше јасно што уствари е тоа - гаќи со мрежа. Сум гледала реклами на тв, ги рекламираат дека се за повозрасни жени што не можат да држат моч, знам сега за што се работи ; ) Поздрав на сите и фала за објаснувањето!
@bela.m не да е долг месецпа и дека само дома, на едно место.... Инаку, за Авицена нешто такво чув и јас а јас често таму правам анализи и затоа се мислев. Стварно ова е страшно со лабораторииве, кај даваш толку пари за испитувања па уште и неточни резултати
Јас во Авицена отсекогаш испитувам крв, штознам, немало некои отстапки досега што би ме замислиле дали е ок. Еве и сега со вторава бременост пак испитувам таму. Брисеви решив овојпат да правам во Систина кај докторката кај што одам, кај матичната не ми се чека со месеци за резултати. Ако веќе давам пари на приватно, нека е кај докторот што ме води, да не одам на сто места. Од утре полна 12-та. Почна и срамежливо мешко да ѕирка по малку
Девојки, сакав да се консултирам како се справувате со низок притисок. Кај мене отсекогаш бил низок, ете и сега 8 недела сум и таков е - вчера 110 со 60. Пијам газирана вода и кафе, по едно, и може само моментално помага. Осеќам како да ми фали воздух, сигурно од тоа ми е. Има ли некоја штета за плодот со толку низок притисок?
Луѓеее пак фати топло, што ќе се прави.. На работа, дома, сафра ме фаќа веќе. Јас 30та, почнав како слонче да се осеќам. Мешето скокнато, ми се здрвува од време на време, ме затега надоле.. Убаво си читав дека 3 триместар најтешкото доаѓа, ама ќе издржиме. Следна недела на контрола, едвај чекам, 1 месец не сум била. Вчера купивме количка за бебе, може рано е, ама па да поделиме поголеми трошоци во неколку месеци. Убав ден на сите.