па и не ти е баш низок, јас кога ќе стигнам до оваа вредност ќе частам од 60/90 до 70/100мах се качува, повеќе не
Јас сум цел живот со низок притисок и тоа 90/60, 80/55 и буквално ништо не осеќам, не ми пречи. Сестрата последен пат кога ми мереше за глава се фати ама јас фала Му на Бога не осетив ништо цела бременост. Баш ни нозе ми отекуваат, ништо.
Исто, низок ми е од секогаш, ама не ми пречи Женцки, ддимери коа проврувате, трансфузиологот ви праи ли некој преглед или само крв ви земаат и толку?
Влегувам кај него прво, па ме праќа да ми земат крв, па после со резултатите пак кај него да каже што како. Пред да те прати за крв, ќе те праша за историјата: да не имаш некој проблем, а ако немаш, тогаш општи прашања (која недела си, ехо дали е уредно и сл.) за да добие увид во состојбата.
Не се само плусевите кај бактериите, намален хематокрит (заради железото) покачени гранулоцити-за овие прочитав дека асоцираат на бактериска инфекција,исто и еритроцитите во урина, епителни клетки -, кристали +++.... И јас претходно имав плусеви па кога правев уринокултура немаше ништо,зошто ги има на обичнава проверка не ми е јасно..
Исто и јас. Туку, кажете за неискусни, дали е исто пумпица и аспиратор за нос? Почнав да гледам што друго треба да купувам...
Не е исто. Моја препорака ти е Исомар аспиратор околу 290 е во еурофарм, најпрактично е и потполно исто како фалената носефрида која е 550. Имаш во самото аспираторче плаво сунѓерче, тоа е антибактериски филтер, тие се менуваат и се купуваат посебно. Си пишува во упатството се. Уште го користам аспираторчето повремено а син ми одамна не е бебе
Мешиња јас сега се враќам од преглед кај матичната. Палавковци мои пораснати машала. Едното бебе 900 грама, другото 870 грама. Се задеваат внатре, ја удараат преградата меѓу двете плаценти. Денес убав ден, и лабрадорката наша стана мајка (по незнам кој пат). Цел ден се мачи, едно по едно полека ги вади. Досега се 7 кутриња. Конечно се погоди да е трудна заедно со газдарицата
Исто и кај мене од 100/60 погоре не мрда и кафе пијам и кока кола солено јадам фала богу повеке од благо ама нема ефект
Женски во која недела се прави првиот скрининг? Инаку и мојот нормален притисок трудна или нетрудна е 90/60, 90/70. На почеток имав доста вртоглавици, тахикардии, ама со бедоксин е малку подобро
По муабетиве ве гледам како никој благо да не јаде јас па без сладолед или чоколадо не можам денот да го пројдам. Првите три месеци немав никаква желба за благо ама после ми се врати и не поминува ни ден да не каснам. Вие немате желба за благо или свесно го лимитирате? Може треба и јас да престанам
Не си носи товар на душа, јади си што ти се јаде и не се споредувај со други трудници. Сѐ додека некоја храна не ти прави здравствен проблем, нема штета. Само да е умерено, не претерано. Јас лично од прв до последен ден со двете деца ждерев благо, ама ептен имав желба за благо.
Јас правев во 12 недела. Инаку благо јадам како луда. Знам дека не смеам толку многу ама што да правам... Душа сака.. И се си викам ајде утре нема да јадам, ама утрето дупла доза ставам во стомак. Се плашам да не се поправам многу па после да неможам да симнам килажа..
Јас колку јадев благо пред да останам трудна, толку сега не јадам. А каснам благо, ми се враќа назад и фала му на синко за тоа. Ама затоа тесто не можам да се сопрам од јадење. Така да, мислам дека сите јадеме по нешто што не е најздраво, ама дур сме добри, ја мислам нема гајле.
Тие што се во дилема околу тоа каде и кај кој доктор да се породат јас би ви го препорачала сашо јовчески доктор на гак. Освен на гак го викаат повремено и во болницата во кавадарци и во болницата во охрид. Јас ја имав таа среќа тој да ме пораѓа,искрено на почеток малку чудно ми беше мислев појма нема не гледа на ехо се преку цтг ама за стручноста како хирург немам зборови.