Мешиња јас конечно си ја почуствував пеперутката моја. Пред 3 дена почуствував и си викам ај не си правам филмови бидејќи едвај чекам и си замислувам, ама вчера и денес истото го почуствував така да 100% е пеперутката Инаку од вчера сум 18 недела
Мешиња другарка ми исто е бремена 21 недела и фати сипаници варичела.. има ли место за паника? Испита крвна слика се, утре ке оди на гинеколог..
Не знам за кокосово, ама има тука на форумов еден рецепт што јас го правев за првата бременост и немав ни точка ни линиичка после бременоста на стомакот. Ептен ефикасен! Со павловичева, АД капки, ампула вит.Ц, бадемово масло и маслиново масло
Јас ставам кокосово,од обичното од Стокомак околу 50ден е. Засега е добро,не ми се појавиле стрии. Прв скрининг сум правела во 13та недела. Благо немав ставено во уста до 5ти месец,ми се повраќаше од самата помисла. Сега јадам повеќе од пред да останам бремена,ама во умерени количини. Мм е по благото,па се тешам дека бебко има земено ген од тато и и бара благо на мама Поминав до кај матичната со крвната слика. И подвлеков што е пореметено од параметрите за да обрне внимание. Влезе сестрата и ја даде,ја видела и го заокружила железото. Пишала врз него Тотхема Ми ја дава сестрата и ми кажува за железото Тотхема. Ни начин на употреба ни дозирање. Викам ок тоа,а со мокрачава што правиме,треба ли уринокултура? Не не треба,пиј течности..викам пишува таму еритроцири дека има. А за ова брис треба и следен пат да ти ги види бубрезите. Гинеколог да ми гледа бубрези Утре сум кај Гордана, баш да видам таа што ќе каже...
Мајки јас денес си ги видов моите пеперутки, девојчиња дефинитивно (уште од 11 недела ми кажаа дека најверојатно се девојчиња) Сега сум 15 та недела а според мерките една недела се понапред, меше расте леле мајко, а и гради богами... неразбранки, се вртеа, доктор едвај ги измери, се измачи човекот ми вика гужва пред голот
Mene zelezoto od 20ka za dve nedeli 4.2 ama nastinata sum pa si vikam od toa e ke se sredi. Pij mn voda i napravi si kontrolna mokraca so urinokultura, za da si mirna.. i kakva maticna e taa, smeni ja
@Sofi.ja и јас сакав да ти пишам за матичнава, катастрофа жива е жената, стварно уште не можам да си поверувам како е можно па да има и толку мн пациенти, па и во темава за добар гинеколог да е една од најпофалените
@marchi-cool Он те породи? Јас па баш него не би го препорачала . @Sofi.ja Која ти е матична? Негде имам прочитано дека си кај Наде или грешка сум ? Иначе направи си уринокултура, да си будеш раат.
Добро утро, Уште пијам кафе. Од пред 8ч будна , чекав мм да стане да ми свари кафе. Сега чекам да ми донесе доручек. На матичната уште пред 1месец и се јавив да ја прашам кога да идам да ми извади упат за ЕМГ, ми вика 10дена претходно. Вчера го пратив мм, немало термини. И сега во понеделник да идел мм да му даде приоритетен упат па да ја барам на Клиника докторката. Е сега ако може да се јавам и да прашам кога е др. таму арно, ако не како јас со препорака за строго мирување ќе се шетам низ Клиника. Не знам што ќе направиме. Инаку, во понеделник сум на ехо, по грешка закажав 5-6 дена порано, ама не откажувам. Ќе одам бар да видам како е цервикс, како напредува бебе. Молам Господ да е се добро, и да ми намалиле контракциите за да можам да се движам оти побудалев вака. Ем се молиш на секој да ти помага, ем зависиш од други. Дома е ко бомба да паднала. Ќе треба да чистам 3 дена по ред за да вратам се во нормала.... Ама тоа е, само да е се добро со бебе, ќе тераме како мора. Ајде мешиња, убав ден и повелете на
@Sofi.ja јас имав сличен резултат ко твојот од урина. И мене исто ми рекоа докторките повеќе течности, чај од брусница ама не засладен(јас купувам од сувата брусница и варам чај). Јас во исто време направив и уринокултура- немаше бактерии. Кај мене кај бактерии во урината исто пишуваше ++, ама матичната рече не мора да значи дека ќе има бактерија на уринокултурата. И немаше (секако ако се точни резултатите, во Авицена правев). Така да, додека направиш уринокултура пиј брусница и вода многу
И претходно сум имала плусеви кај бактерии,ќе направам уринокултура и ништо. Ама сега ме бунат еритроцитите во урина, др ништо не спомна за нив
Здраво мешковци! Јас работно, а загрижувачки е тоа колку не ми се оди на работа. Секоја недела бројам денови до петок А сега веќе почнав да бројам и месеци. Уште три и пол месеци земам втор дел од одмор и си отворам породилно, здравје! Откако се породив со првото дете со велев леле што убаво ми беше бремена, си одев и на работа, па со ќефови се вратив назад, а сега иако совршено знам што ме чека дома, пак би си седела. Потврдувам дека најубавиот период е додека си на породилно и единствена обврска ти е да уживаш гледајќи го малото совршенство какп расте Она што ме загрижува се резултатите од крвта вчера, хемоглобин ептен слаб, 94. Попладне ќе се слушнам со докторката, претпоставувам ќе има терапија, не е ова да го оставиме само на исхраната. Друго што ме мачи, детево ми е лепенка веќе. Не ми смета, напротив, јас не излагам без неа, секаде уживам да си ја носам со мене и така излегувањата се сведени на парк, џамбо и слично. Најчесто сме со татко и сами ние тројца и така ни е најубаво, а останатото друштво се сестра ми или моите другарки со дечињата. Она што ме мачи е плачењето секое сабајле кога одам на работа, буквално вришти во паника да не ја оставам и многу ми е жал Да не спомнувам и дека често доцнам заради тоа и баш ми е непријатно . А свеки максимално се труди да ја занимава, секој ден доручекот е надвор, па шеткаат во џамбо, парк, шетана изнашетана. Од утре јас 22+ по мерки, а по менструација 23 и тоа е едно гајле што е бебе поназад
Ааа, ќе чистиш три дена ама ќе јадиш ќотек! Така е зборот знам И јас сум веќе при крај со нерви заради тоа како ми е дома ама немам избор, тоа е. Јас не сум на строго мирување али дека близначка бременост треба многу пазење. И исто ти доаѓа кога ќе видиш... Ајде ќе стегниме заби, многу помина, малку остана. Наздравје кафица цвет, јас уште не пијам кафе.
@Sofi.ja еве го мојот резултат. Две докторки рекоа не треба ништо ако уринокултурата е чиста, освен вода и брусница. Матичната само ми спомна за некои апчиња (заборавив како се викаа) и рече "ако сакаш можеш" ама не пиев. @bela.m ај пред пораѓај може една генералка да направиме Инаку, јас само по едно кафе, турско пијам. На сабајле, после ич не ми сака душа. Ама на сабајле обавезно мора, среќа не ми се гади па си пијам, а богами и јадам се
И јас сум црвец, место не ме држи да седам без работа или да не ми е средено дома ама мм фала му на Бога стварно многу ми помага откако сум во кревет: секоја вечер кујна ќе среди, машина за садови ќе пушти, околу ручек ќе се организираме заеднички. Плус, јас си знаев дека ќе бидам во оваа ситуација па уште откако останав трудна си договорив жена дома за чистење еднаш на две недели да доаѓа и пораат сум. Никогаш претходно не сум викала ама сега сум како зависна од неа - ќе направи генералка, до завеси перење, до кревети тргање под нив да се избрише и со денови свети. Вреди за секој денар сега кога јас не можам Бар за тоа да не се нервирам... Јас друго сакав да прашам. Понекогаш ме наболува долниот лев дел од стомакот, на допир повеќе. Дали дека бебе тежи од таа страна на лево е навалена, дали и дека на лева страна спијам претежно па притискам таму ноќе. Се надевам не е нешто проблем? Претпоставувам дека се повеќе ќе боли со растењето на стомакот... П. С. @Presrekna да не има нешто ново кај тебе?