Софи, ти спомна нешто, зошто сметаат покачени леукоцити во урина? Јас имав од пред 3 недели, ама не ми рекоа дека е нешто страшно, сеа се замислив
Не кажа,а не ни прашав зошто ми беа во нормала. Претходно кога беа покачени,правев уринокултура и беше уредна
Jas po samoto potvrduvanje na bremenosta odma se upativ na zabolelar za kontrola. Moze zab da se vadi da se poprava i duri operacija na zab da se pravi. Infekcijata i bakterijata sto moze da gi donese zabot se postrasni od anestezija. Imas so ili bez Adrenalin. Odi napraj si zab i bez gajle. Inaku eden updejt od mene uste dum na plaza se krijam od sonce, stomakot bel se drugo pocrveneto od sonce.odvreme navreme me fajka panika kako e bebus pod ovaa sonce ama se utesuvam nekako. Prvoto odenje vo mk odma na pregled kaj nekoj privaten na eho. Sedam pod senka odvreme navreme da me fati sonce i toa na grbot samo i noze i se razladuvam u voda. @flower30 socustvo za bratucedot,
Очигледно синоќа ни била панична вечер на сите. Јас во цела вечер дали два пати ја осетив беба да мрдне онака млитаво и едвај заспав. Си поплакав малку, ја слушнав на домашниот фетален доплер и ни сама не знам како сум заспала. Сабајле станувам и прво стомакот го фаќам ама не, уште не мрда, како издрогирана од инекцијата - срце ми се кине. Мислев дека се што имам поминато ме направи многу силна ама ете, на крајот пак е доволна само мислата не дај Боже да останам без неа и пак да станам пола човек како претходно
Добро утро мешиња Бебе денес расположено малце поише па станати сме од ниедно време, трча маратон никако да му се погоди положба.. Ајде уште денес работа од утре краток одмор, се потешко и потешко ми станува одењето на работа ама ај да истерам уште следната недела (бидејќи сите на одмор а мене трудница во 8ми ме остави сама да си трчкам околу фирма на топлово ) ама тоа е...да си ги кажеме маките Вчера зборев со една другарка се породи пред 7 месеци во Чаир, вели докторите си биле мераклии на мито (па и она си дала, нели бебето поише да ти го гледаат) На здравје утринско кафе, па да се спремаме за на работа
Не се грижи баш на темава читав за една мајка исто беше исплашена како тебе, штп примила таква инекција и бебе било помалце активно.
Не е во контекст на насловот на темата, ама сакам да те коригирам за да не се почувствува некој неубаво. Флауер мене ми изрази сочувство. Така испадна муабетот за да прокоментираме такви работи. Толку. Кога ќе се вратиш отиди на едно ехо за да не ти биде мисла, макар што бебињата идеално се заштитени внатре. Ако не е во ред сонце, нема да препорачуваат пливање за трудници. И сега, се да биде умерено нели. Чувај си место под сенката и шлапкај се
@EvieBabe и мене не ми текнува која трудница беше, сега пред недела-две пишуваше дека откако примила Флостерон бебенцето не било многу активно. Ич не можам да се сетам кој беше. Напиј се кока кола и благо касни и легни на грб. А ако ти е страв, консултирај се со гинекологот и отиди да те ѕирнат на ехо. Немој да се плашиш. Се ближиш до целта, не се секирај ќе си гушкаш бебенце и ти наскоро
@EvieBabe те приметувам дека си вознемирена и ми е жал па затоа пак ќе ти кажам, јас примав Флостерон, и во 27ма и во 33та недела. Намалена активност на бебето е нормална работа, тоа ми го напоменаа и мојот матичен и на клиника, исто како што е нормално кај мајката да се јават тахикардии. Нема зашто да ти се кине срце, не пратев од која причина ги примаш инекциите, ама верувај ми дека доколку станува збор за ризик од предврено породување подобра одлука не си можела да донесеш. Ќерка ми се роди во 34+1, од прв момент дишеше сама. Другарка се породи во 35та, без инекции, бебето не можеше да диши само . А и чим си го слушнала срценцето на домашен доплер, верувај ми немаш ни најмала причина за грижа. Инекциите се за доброто на бебето и неможат да му наштетат. Веќе денес, најкасно утре ќе почне пак да си ровари низ меше. Мораш да се смириш, знаеш дека стресот влијае на бебето. Те гушкам
Фала ви на утешните зборови Исцедив од сабајле портокал, лимон и боровница (ми текна дека обично многу реагира на цеден сок, а немав пиено одамна цитрусно) и малку претнува последниве саат-два, за разлика од вчера вечерта и ноќта кога немаше никаква активност. Колку и да знаеш дека е очекувано и нормално, стравот е голем, ама мора да се челичиме изгледа - можам да замислам понатаму што не чека сите Ве гушкам сите, души сте
И кај мене слаба активност. Вчера не се паничев оти нели проповедав смирено, релаксирано.. го осетив да мрда ама така млитаво и по малце. Денес од сабајле досега едвај мрдна на мое мрдање на стомакот и шлапкање - и тоа пак многу млитаво. Си велам спие. Сигурно има и вакви мрзливи денови. Не паничам многу уште, ама на моменти ми се вртат сценарија. Па одма ќе си речам - не бе. Смирено. Ама додека не почне да шутира како претходно, нема да сум скроз раат. Знаев дека на самиот крај ќе сум пак така поднапната. Мислам и дека повеќе сум напната на крајот на бременоста отколку на почетокот. Ама ајде. Каков е тој домашен фетален доплер? Едит: @flower30 не, не си досадна - тука сме да споделиме стравови и радости. И не, не е ненормално тоа што ти се случува. Остај како е кај нас, психичкото здравје е премногу важно. А некако ич не се дава акцент на состојбата на жената особено во бременост и после породување. Постнатална депресија е вистинска работа, и ако блиските не помогнат и само ти велат - "е што мислеше.. лесно е да си мајка.." тешко тебе. Не велам дека е тоа твој случај, да не ме сфатиш погрешно. Туку општо коментирам дека кај нас не се обрнува доволно внимание на психичката состојба на жената која и те како е под влијание на милион хормони и е бескрајно кршлива.
Јас го нарачав од интернет околу 11 недела зашто ми беа престрашни и премачни тие недели кога уште не се осеќа движење - дека имав missed пред две години и најголем страв ми беше да не престанало срценце, а јас да не знам. Истражував пред да го земам и овој што го нарачав најмногу ми фати око зашто ги има сите сертификати од агенции за безбедност, плус не е со “палка-сонда” како другите па да го стискаш стомакот за да најдеш пулс, туку како маус личи и огромен сензор доле има, па без стискање брзо се наоѓа срценцето и одлично се слуша. Плус, има два дека за два пара слушалки па со маж ми заедно си слушавме секогаш Еве овој модел го имам:
Фала за инфо. Јас гледав домашни еха на почетокот. И кога видов дека има само за изнајмување на месец дена и е милион пари, реков не... Да знаев за вакви направи сигурно ќе си набавев една. И ќе бев посмирена. Веројатно. Дава само да слушаш или мери како ЦТГ?
Добар ден мешиња , како сте ми? јас кафе си сварив , со мама седиме во двор си пиеме Јас ќе се жалам пак и сакам да ве прашам - вие што сте 8ми месец , дали ви се случува често тешко да дишете? Значи кога ќе лежам и седам ми се случува ова не можам воздух да земам. Ноќва бебево мрдаше, клоцаше (се испакнуваат делови од тело) толку немирно беше што не можев никако да заспијам , немав воздух и станував шетав ноќта со саати немав спиено. Ме удираше во дијафрагма цело време (клоцањево болно станува) , а гледам да спијам со подигната перница и пак ништо.. ви се случува ли ова и на другите , што ќе се прави до октомври не знам со првата бременост не ми се случуваше ова..
@Kaetana и јас тоа го зборам. Посебно ме нервираат коментари од постари мајки (а и од помлади во последно време) дека они кога биле трудни вакви работи немало, нив не ги фаќало депресија, они не биле лигави ко нас. И тоа е коментар од жени кои би требало да те разберат. Или пред некој ден ко пиша една трудница дека барала лек за киселини и газдарицата и рекла многу нежна била, требало да издржи. Јас искрено најголемо разбирање за ситуацијава имам од мајка ми, и од мм (ама и тој понекогаш знае да рече "ајде ништо не ти е"). Други блиски се секогаш со коментарите "не ти е ништо ; што ќе одиш ма доктор они врска немаат ; од што седиш дома ти е, излези прошетај"). На моменти се осеќам ко во мене да гледаат некоја лудача што само измислува за да привлече внимание. А кога си трудна веќе не одговараш само за себе, туку и за животот што го носиш во себе. Секој погрешен твој потег се одразува на плодот. И тоа ствара дополнителен притисок. И си викам што ако додека ми е лошо не превземам нешто па тоа му влијае на бебето?! Е тоа е тој притисок што ме утепува мене. Не е само дека имам киселини, ме чеша стомак или ми се гадело... Извинете за филозофиите од сабајле Денес сум за нијанса подобра, ама и кога ќе ме фати страв цело време си ги повторувам вашите совети од вчераТака да фала ви уште еднаш. Доказ дека освен докторите вие сте ми вториот "внатрешен глас за помош"
Само срценцето се слуша, не мери ништо. Ама многу убаво се слуша, исто како на ехо. Да си купи човек малку мир за ситни пари
^Никој не ја доживува нашата бременост како нашите мајки. Никој на овој свет. Ниту мажи, ниту свекрви... Ниту било кој друг. Поддршка имам од сите, се грижат за мене. Мм ми е тука постојано за се. Ама погледот на мајка ми во мојот стомак ме топи. Никој не ме гледа со такви очи. Татко ми пак, некако се е со солзи во очи кога ме гледа. Ќе препукне од радост човекот. Неможам да одречам дека свеки не помислила дека претерувам. Често знае да рече: "Јас кога бев бремена..." На прагот на 7ми месец сум, а свеки уште знае да ме праша зошто толку бавно ги симнувам скалите??? Битно ме расправа жената. Ручек и салата имам секој ден и тоа ми е најбитно за да растат палавковци. Секаде има "умни глави" кои мудруваат како треба да постапиме. Од нас зависи колку ќе им дадеме значење
@bela.m така е. Јас и сама сум си крива што на секому му придавам значење што зборува, па после се нервирам за се. Таков карактер сум. Кога се породив со малата, не успеав да ја дојам. Ми беше многу мака што е така. И ме среќава една комшика и ми објаснува 15м. како доењето е важно дрн дрн и низ муабет ми вика "па како ќе расте тоа дете, како ќе напредува без доење". Леле цел ден бев ко во депресија, се осеќав неубаво дека ете сум виновна што не успеав да дојам. Е сега здравје, за второво знам некои работи и мислам дека некои грешки ќе ги поправам, ама никако да научам да одбивам на коментари од другите, а знам дека пак ќе ги има милион Инаку бебе мрда, ми го таласа стомакот. Не знам дал сум осетила икање, ама сега осеќам ко цело салто да прави во стомак. Од синоќа пак некое печење имам кога мокрам, пак ќе треба да носам урина за контрола @koritsaki нормално е тоа. Вчера кога бев во Систина дежурниот доктор ми вика дека расте бебето и притиска на органите, од тоа може и тахикардија и тежина во гради да се јави. Вика и позади и на грб и на кичма може да има голем притисок. Се е нормално, расте бебе. И јас сега приметувам, а сум 6ти месец, дека кога лежам, посебно на грб потешко ми е дишењето. Барај некоја позиција за спиење на страна
Ако лежиш на грб, смени положба. Мене најмногу ми се јавуваше ваков проблем на грб кога спиев, мислев ќе се загушам во спиење, ептен ми беше страв Само на страна лежи, лева најдобро, и стави перници меѓу нозе како потпора. Исто ми беше и кога седев, на маса за ручек на пример не можев да доседам зошто воздух не можев да земам, а не бев многу напредната, можеби негде 6-ти месец кога ми почна ова. Така ми беше до крај, едино кога се потспушти бебе пред пораѓај осетив малку олеснување со дишењето, ама па на бешика ме стискаше, мислев ќе ми излезе бебка секој момент од доле