Женски дали Пролутех ампулите одат на рецепт? До сега на приватно ги земав 4000 денари, а ги користам веќе 5-6 недели и многу е скапо.
Цветче мораш да се смириш, ама мораш! мораш да престанеш да мислиш само на болести, за твое добро, за доброто на малата и мт. Нај нај добронамерно ти го пишувам. Болките кога мислиш на нив се зголемуваат, макар и да немаш ништо , психата е чудо, ќе те направи и најболен. Најдобронмерен совет разговарај со психијатар. Ќе ти олесни, вака не тераш никаде. Замисли сега со бебе кое плаче, тебе те маваат паники, малата си има свои потреби. Ова не ти го пишувам со лоша намера, само сакам да ти помогнам. Инаку жали се, оти да не, сите се жалиме од нешто, не си досадна. Бременоста ќе заврши супер, за некој месец ќе го држиш малиот во раце, не мисли на ништо друго, освен тоа. Тахикардии имав и јас, некогаш мислев срцето ќе ми излета. Како растеше плодот така претискаше повеќе. Пиев три пати Б6 во ден по совет од доктор. Не дека смируваше кој знае колку ама ми помагаше. Кога се породив исчезна.
Фала ви за одговорите женски што ќе правам без вас , веќе оддамна не спијам на грб - еднаш ќе се угушев во сон останав без воздух.. а кога спијам и на страна било лева - десна пак немам воздух.. Која недела од прилика може да се симне бебето надоле ?
Не не одат на рецепт јас ги користев 3 месеци купував од грција беа нешто поефтини 46 евра мислам а тука една е 560 ден
Во 9-ти се спушта бебуш, точно кога никој не може да знае. Јас вака на око не приметив разлика, ама осетив дека одеднаш можам да дишам и магично ми ги снема киселините, па кога и го кажав тоа на докторката, ми рече епа бебе е спуштено, затоа После некое време веќе стана и очигледно, стомакот во скут ми дојде ми се чини
Се пронајдов во твојов коментар, особено во нашиве случаи кај што сме понамачени души. Пусто мое мајче знае што поминуваше покрај мене скоро 4 години, да не беше она на моменти не знам кај ќе наоѓав сили. Вчера ме позна по гласот дека сум вознемирена и одма се нацрта - блиску живееме ама НИКОГАШ не доаѓа туку така, ненајавена. Си легна до мене на спална, ми збори, ме смирува. Јунак ми е, камо јас да сум пола мајка од неа. А и татко ми исто ко што рече ти, ме гледа и срцето му е во очи, водлести насолзени. Ах, Боже, израдувај не сите, од сите теми на форумов не само оваа. Многу сме емотивни сите денес нешто, дајте да пресечеме, опасно е ова во група трудници кај што вријат хормони
Женски 33+4 со трето,како се наближува времето се повеке ми е страв хаха... Се осеќам некој притисок и болка долу ,и се надевам само што ке влезам во 9ти дека ке се породам И башка бааги ниско ја осеќам малата и ми е страв од движење ионака сум на патолошка.
И јас пијам и Б6 и Магнезиум и Верапамил и пак имам тахикардии. Сега да проверам тироидна и крвна слика па да видиме. Инаку, знам дека вака не бидува. Сфатив, иако ми е тешко и сама да си давам сила. Знам дека мора да си го сменам расположението оти после од мене ќе зависат 2 дечиња и треба да бидам појака и посилна заради нив.
Предобра е.. удобна за спиење.. ние ја користиме.. 2 месеци има бебко а обожава да лежи на неа.. секаде ја влечкаме со нас... на спална, во креветче, во гнезденцето , на под.. буквално секад ее со нас...
Овие симптоми што ги имаш цело време не ти се од бременоста и немаат врска со неа. Се’ ти е од психата, од анксиозноста што те мачи, од паниката што ја имаш. Батали тоа да се искажуваш на луѓето околу тебе како се чуствуваш. Телефонот и закажи си термин кај стручно лице. Совет од психолог/психијатар ти е неопходен, и сама мислам дека сфати. Оди и разговарај со некој што разбира низ што минуваш, ќе ти биде многу подобро, ти гарантирам. Ептен се нервирам што толку се занемарува психичкото здравје на жените, мајките. Владее мислење као ај мајка си, што ти е работа, ќе се жртвуваш, ништо не ти е, ќе стиснеш заби, ќе помине. Или ај па и ти, трудна си, не си болна. Еее ја коа бев трудна бла бла бла... Не и не! На многу жени како тебе им е потребна помош, не се двоуми да ја побараш и тоа сега, на време. Џабе се влечкаш по прегледи секој ден, ако прво со себе не расчистиш. Најдобронамерно. Посакувам што побрзо да се ослободиш од сите стеги и да се опуштиш. Те гушкам
Јас за два дена влагам во 8ми и последниве денови исто на моменти не можам да земам воздух. Не сум мн поправена (5кг до сега) ама се чувствувам баш тешко (а каде е октомври...) До пред 1 недела немав гајле и да одам подолго, а сега се уморувам одма и морам да седнам. стварно 3 триместар бил најтежок.
Знам, знам. Најголема грешка ми е што после спонтаниот, откако ми се појавија главоболки и тахикардии и направив милион испитувања, не отидов на психолог. Ама ете, искрено и немав некоја поддршка за ова освен мајка ми. Пример кога и кажував на свекрва ми за психолог/психијатар ми збореше и ме гледаше ко да не сум нормална и не ми требале такви глупости и ред други коментари. Плус седев дома со дете, финансии помалку и не обрнав внимание. Синоќа сфатив дека тоа ми било најголема грешка. Не знам искрено колку ќе бидам во можност да отидам и сега, ама некако полека сфаќам дека дефинитивно анксиозноста ми е причинител број 1 за (скоро) се. Фала ти
Ете, ти го знаеш и причинителот за состојбава во која се наоѓаш (спонтаниот). Со тоа е веќе многу полесно и стручно лице само ќе ти помогне да го решиш проблемот најбезболно. Уште еднаш ти посакувам сево ова наскоро да остане зад тебе како лош спомен. Ќе бидеш одлична мајка и на бебко, како што си и на малата твоја
Од денес 35-та недела и почнува да ме фаќа блага паника за пораѓање, болки, како ќе биде понатаму итн, иако пробувам да останам сталожена. Третиов триместар е дефинитивно најтежок, кој сака нека каже. Легнување, станување, седнување, одење, се ми е веќе тешко. Мој совет, никако не залегнувајте, бидете активни колку што е можно повеќе. нормално во граници на нормала. Кога ќе планирам второ дете здравје, ќе ја истемпирам бременоста да не ми биде у никој случај сред лето.
Тука сме ние исто со тебе. И јас 35та од недела Уште малку остана до финишот. Секој ден се потешко ми е. Овие два дена со вртоглавици и гадење. Не знам дали е од жешкото или крвната слика се влошила. Плус и диетата што ја правам за скриениот шеќер дополнително ме остава без енергија. Се тешам уште малку има до крај. Денес почнав со перење на алиштата за бебка. Скоро се имам купено уште некоја ситница ми треба.
@KuklickaSk да тука сме со термините, тоа викам и јас си се тешам толку сме поминале па ќе помине и ова.. ама дека ми е тешко, споро проаѓа времето третиот триместар е најтежок , поготово летно време дефинитивно. Еднаш поминав зима и не беше вака И јас не сум поправена мн - имам ставено 11 кг ама се е отидено кај бебето само стомак имам ништо др