Ne sum sigurna deka e za mir mene ko so me dal gospod se si mislam deka ke mu go meram pulsot pa ke se pritresuvam Si poplakuvam kako ve citam.. majka najmila znae deka nema da i kazam koga ke se poragam pa samo mi zbori: da mi se javis, ja gledam poisplasena od mene, nema sporedba ni so svekrvi ni so mazi. Majka si e majka..
Мајка си е мајка и мојата трча со мене секаде само ми се јавува тоа јади,тоа не...свекрвата пред некој ден кога правев брисеви ме праша како пројдов на гинеколог па викам сега ќе чекаме резултати од брисевите, она на тоа " тоа не е важно ехото само да е добро"
Комедии се понекогаш ама тоа ти е... Мојата е супер, греота е да се пожалам ама некогаш сите имаат бисери. Пред некој ден ми вика, Ќе шетам деновиве да купам “оделце” за излегување од болница. Ама како што сум хормонска бомба, не успеав да поќутам, само љубезно реков: Чекај прво рано е, а второ мене ми е ќеф тоа да го купам, толку години го чекам моментот. Купи ти друго што сакаш. И мислам ја сепнав ама жалам, стварно ми е желба јас да купам за тој момент. Само нека дојде... Плус, постара жена е, сигурно не би одбрале по ист вкус нешто; можеби грешам што не удоволувам ама Бог ми е сведок како го чекам тој момент.
Не грешиш, твој е моментот, ти си мајката, ако тебе ти е тоа желба, оствари си ја Сите се исти горе-долу, и кај нив желбата е голема што побрзо да видат внук/а/ци.
Здраво мешиња. Наминав да ве поздравам. Колку да е тешка бременоста, поминува. Јас имав лесна бременост, со исклучок на оние хорор филмови што си ги приредував од типот не мрда бебето, предвремен пораѓај. .. Но можам да ви дадам совет дека вреди секој страв за моментот кога вашето најмилото кое е во Мешко ќе ви дише на гради, ќе го сеќавате неговиот здив во вас, тоа немоќно суштество цела надеж ја гледа во вас. Ми недостига мешко и муабетите овде, но веќе чекаме кај бебињата на муабет.
Ние па сами си купивме за искачање од болница, ама за сметка на тоа адети, правила и прописи еден тон. Една од многуте причини за мојата нервоза и анксиозност е и мешањето на бабите(поготово едната) во периодот кога се роди ќерка ми. Ме полудеа, ама буквално со адети, со "така треба", со "не вака за детето", со "ние ќе го купиме тоа оти ние го сакаме"...... Оф сега се нервирам кога се сеќавам. Се надевам дека ќе намалат со тие мешања оти не ветувам дека ќе останам смирена и нема да ги задавам(не сум до толку луда). Ама стварно премногу си земаат за право, најубавите моменти за една мајка, за едно семејство ги уништуваат оти они така правеле ко биле родители. Алал да ви е на сите кои се спротивставувате и стоите на вашето.
Точно, не треба да си ускратуваш од задоволствата за да удоволиш на бабите, баби се баби а мајка што чекала да стане мајка е нешто што не се опишува со зборови. Не грешиш ич, објасни уште еднаш ако мислиш дека е “повредена” ама толку Адети?! Каква бев намуртена, ненаспана, испотена, страв им беше да прозборат пред мене, еднаш-двапати си дозволија да кажат: спие бебето? па ние дојдовме да си поиграме, ние се кога ќе дојдеме он спие, а бебе ни месец дена, саатот 8-9 навечер, што да праи бебе или ќе плаче тој период или ќе спие. Не давав ни у спална да се мотаат врз глава да му зборат, ако заплаче влегувам јас и затварам врата. И не дека бев силна или се спротивставував, туку бев слаба и не можев да поднесам луѓе
те читам и од поодамна и како човек што бил со анксиозност и пребродил изпливал ке те советувам што поскоро да си посетиш психолог/психијатр ,бидејки со доаѓањето на бебето ако си во ваква ситуација состојбата ке ти се влоше значи ддека да се породиш здравје Боже психички да се средиш колку толку може ке се налутиш ама неможам да прекутам и да не те упатам на место кај што треба да отидеш а те гледам дека се повеке и повеке тонеш
јас се осеќам како вчера да останав бремена а поминаа 9 месеци и си го држам бебчо во раце. Пребрзо време лета. Исто имав маки со мачнини,без повраќањр на почеток ама и чуство на глад. Грицкав соленки. Не ни можев друго. психолог можеш да посетиш во секое време. Секој разговор добро ќе ти дојде. Олесни ја душата не стегај. во бременоста колку физичкото толку и психичкото здравје се важни. И јас 9 месеци ги протуркав напорно ама на крај сватив дрка за џабе и реков фала богу не се одразило. И плачи. Може звучи глупаво ама итекако помага да си ја олесниш душата
Кај сте женЦки што личат на авокадо.Со семка ама Јас арна,овие два три дена ко да немам мачнини,или па се навикнав на чувството Туку градите абер ми немат,само ептен на почеток ме болеа,сега ич,па се загрижив оти апликацијава ми вика да си барам комфорен прслук Стомакот штица,што е нормално,едвај 8 недели сум,ама од пусти мерак матернити фустан си нарачав,многу ми е убав,ко кошула е до под колена,може и нетрудна да го носам Во среда сум на контрола,едвај чекам,сега за сега тој екран ми е единствена потврда дека сум трудна.Ке чекам на физичката-меше @flower30 не си досадна ама ич,супер совети си доби,симптомите ти се на анксиозност,бејби е здрав ко дрен,посета на стручно лице,и од сега баби-жаби елиминирај со глупи адети,нив животот им дал шанса да изгледаат деца,за твоите ако сакаат да помогнат арно-ако не,правила поставуваш само ТИ
Поздрав мешиња Цела среќна 32 недела стигнав, ќе си го видам бебето и поголем пресврт на денов не можеше. Од се најубо, од рутинска контрола стигнав до лежење в болница. Од време на време ми се стврднуваше стомакот, бебе ќе застанеше на едно место и дури ќе ме заболеше. На то др ми вика ќе те уклучиме на цтг. Ај, реков да сум помирна. Кога ми вика ова покажува контракции оди на болница. Овде др ми вика не си отворена, ама можно е да почниш да се отвораш. Ќе останиш. Ми ставија доза за зреење, утре уште една. Плус во инфузија магнезиум да тече 6 сати. Не можам да си поверувам. Срцево ми се кине и за бебево ама и за милото мое дома, 2-3 дена без него, едвај издржав да не плачам да не ме гледа таква. Немам друг избор освен да се смирам и да лежам. Се молам на Господ само да ме дочува до крај, барем малку да можам нормално да функционирам, не сум јас човек шо издржува лежење цел ден. А да 2-3 дена осеќав како слаба менструална болка шо ме тераше во вц, ама мислев нормално е. Сега сфаќам дека не било. Извинете за негативноста, ако има некоја искуство да сподели да се смирам.
Оф душо, не се секирај. Ќе помине, ќе ти дадат што треба и ќе си истераш до крај. Во вакви моменти, колку и да е тешко, мора само позитивна мисла и верба дека се’ ќе биде ок. Знам дека е тешко во пракса, ама мораш. Се’ ќе биде добро, ќе видиш. Те гушкам
Мене цело време ми се стврднува така, сите викаат демек нормално е. Немам менструална болка ни нагони за во веце ама знае да заболи кога ептен ќе се стврдне и дур попушти. Колку време ти беше тебе вака? Малку ми е чудно што те задржале во болница ама не ми се верува дека е страшно, не знам Штом не си отворена, немаш болки, може само си се префорсирала со физичка активност?
@Marmarin овде си во Мк? И јас имам стврднувања и менструални болки, ми проверуваа контракции, покажуваше контракции на матка, не бев отворена, со добар цервикс и предложија строго мирување. А и овие 2 дена имам некоја менструална болка. Тек во Петок сум на преглед. Немој да се плашиш, ти ставиле инекции за зреење за ако дојде до предвремен пораѓај. Ама не си отворена. Сеуште е рано, ама 32 недела се раѓаат дечиња па ене ги живи и здрави, пргави деца. Подобро таму да лежиш, дома ќе потстанеш за нешто и пак не е тоа строго мирување. Ти посакувам се да биде добро
Многу ми е мило што ти помогна мојот одговор. Ти посакувам лесна бременост... Значи ме поремети, се утепав од плачење, па после @EvieBabe ме досреди, па и другите коментари понатака... Кога ќе ми текне што се мајка ми направи за мене првата бременост, како се тресеше додека се пораѓав, како знаеше и во 3 сабајле да дојде кога ми беше најтешко со пост-породилната депресија и како сега ми помага со малата во оваа бременост и како ме разбира за се. А и многу ми помогнаа познанички кои поминале слична бременост, некои од кои не сум очекувала да ми се најдат, а и вака по форуми. Психата на жената во бременост и постпартум дефинитивно е занемарена и омаловажувана во нашево општество. А на жената тогаш најмногу и треба и поддршка и разбирање и утеха. Затоа е уште поголема важноста на заедницата на трудници и мајки кои разбираат, кои поминале низ исто. Армија силни и емпатични жени на чело со мајката, понекоја свекрва, сестра, другарка и познаничка, онаа тетка која ќе се потепа да ти стане во автобус или некоја рандом жена која ќе те погледне во стомакот, па ќе и познаеш во погледот дека била пателец, и сите вие овде и во други форуми кои несебично споделувате совети. Јасно ми е дека кој не прошол низ нешто, не може да знае и не може исто да разббира како некој кој прошол низ истото. Ама па во исто време не ми е јасно како секој си дозволува да суди за нешто што не го разбира. Се сеќавам на момент неколку недели постпартум. Муж ми прв пат ме вади од дома да ме прошета до кеј, прв пат да ја оставам малата сама со некој друг на пола саат. Ко зомби гледам низ прозор, како да не припаѓам ни во тој простор, ни во тоа време, одвратно чувство, особено за некој што е весељак по природа. Здогледувам трудница со стомак до врат, сигурно пред пораѓај, и почнувам да липам и да ја жалам, како ли ќе помине на пораѓај. Она не ме ни забележа, а јас ја прежалив. Хормомни не се наивна работа. Да знаеш дека не си сам, дека не ти се случува само на тебе, дека е страшно, но си лавица што поминуваш низ тоа, дека некогаш ќе помине - е тоа е моќно оружје против милионите негативни работи низ кои поминуваме. Форумов е едно такво оружје. Многу ми помагате, се радувам ако помогнам на некој. Имав тешки неколку денови и психички и физички, на сите маки го ќарив стомачниот вирус што хара низ земјава, ама се трудам да се бодрам, да си го галам мешето, да си зјапам во ќерка ми и да сонувам колку ќе си се дружи со сестричката... Фала на внимание. Ве
Овде сум да во мк. Не сум отворена ама викаат можам да се отворам. Ваљда омекнато е грлото шо знам. За цервикс не знам дали ми мереа, и то не кажа, а пак ова цтг не можеа никако да го наместат, бебе многу мрдаше. Кај матичниот покажа контракции. Ама ако не прашам ништо нема да кажат. Не знам ни која е причината за да дојде до ова. Од сосема нормална бременост без никакви проблеми. Уште 4 сати најмалку ќе тече инфузијава, ќе се шекнам. Барем ми се смири бебево, не ми се стврднува стомакот само ме стега за во вц од време на време. Дома барем тв ќе пуштам, филм, книга ќе помине денот, овде никако плус сама в соба. Ајде само Господ да ме дочува, да ме пуштат дома побрзо, барем детено ќе си го гледам ќе ми е смирена душава, вака само таму ми е умот шо прајт. Фала ви на сите шо ми пишавте. Знам нема друг начин освен ова ама наеднаш ми дојде шок.
И вториот скрининг чкртнат од листата. Ја видов принцезата. Се е во ред, и крвна слика и бебе. За контрола ми кажа дури за еден месец да одам. Ме израдува што ја видов. Ама луѓе кога ќе добијам жолта сликичка? Ми беше незгодно да го прашам докторот. Па сама си сликав со телефонот за да му пратам на маж ми..