Здраво мешиња, како сте Ние тераме со терапија се надевам се ке биде ок на следните брисеви.. Сакав да прашам следната недела сум на втор скрининг, дали правевте ехокардиографија како посебен преглед? Во приватнава болница тоа ми го понудија, па планирам да го направам и тоа..
Па последнава недела почесто почна така да ми се стврднува, а овие 2-3 дена имав болка ко за во вц ме стегаше ниско долу и од ко ќе појдев ќе ми поминеше. За физички сум активна скоро цел ден, на работа сум со седење, навечер шетаме со малото 1-2 сати, најмногу заради него, а и да не залежам дома, а и не се доседува жешко е.
@kockichka браво за постот. Ме наежи. Точно долови што чувствува една трудница и каков однос и разбирање треба да имаме кон тазе породените мајки. Сите, и околината и ние. @Marmarin не се нервирај сега. Штом се смирило, може и ќе те пуштат дома. Ама сега е најбитно да се види се да биде добро за бебето. Издржи. Ако ти е досадно, пишувај ни тука. Ќе помине.
Ти благодарам мила, тебе со лесно. За мешето не се плаши. Кој напред кој назад, важно да се добри бебушите. Кај мене мешето беше 3 недели поназад, ама бебето се роди 400-600 грама полесно од мерките. Важно е здраво право. Ајде те чекаме кај мајките.
Браво за муабетов. На исто мислење сум. Ок е ако не си поминал низ нештото да не го разбираш, но да се правиш дека ништо не е, не ја бива. Едноставно сослушај, покажи емпатија. Некогаш само да ислушаш некој значи многу. @Marmarin пиши што ќе направиш. Не се секирај, мислам превентивно те задржале. Во секој случај - не се нервирај. Што е - тоа е. Во сигурни раце си.
Ти да земиш да ги баталиш сите апликации, јер не секој организам реагира исто на секоја состојба. Не се оптоварувај со симптоми и ако некоја има еден симптом не значи дека ти ќе го имаш. Еве за скоро 26та недела почнувам мене гради не ме заболеле и мачнина никаква сум немала. А мислев нема да излезам од купатило ради повраќање и ќе не можам прслук да носам од преосетливост, очекував превише изразени симптоми и огромна тешкотија, болки во половина, отоци, шо ти ја знам, се шо имав прочитано како појава во бременост, ама освен бебето што ми мртка друго нешто типично за трудноќа немам.
Поздрав мешиња. Мислам дека по малку ми цури водењакот. Не сум сигурна. Оти у теорија се си знам, а кога ми се дешава сум тотално збунета. Се спремам сега и одам да видам што е работа. У меѓувреме, ако некоја од вас има искуство пишете за утеха. Искрено се надевам дека сум пред раѓање. Ми се гушка бебе.
Добро утро, @Lianna Anna немам искуство со пукање водењак дома, мене таму ми го пукнаа. Ама да ти пишам само, со лесно. Ајде да помине се во најдобар ред и за брзо да ни пишеш со бебчето во прегратки и да ни кажеш колку лесно си поминала Колку почнав да се соживувам со вас, кога одите на пораѓај јас трема имам За симптоми, мене ми е втора бременост и во 2те бременост само еднаш имав гадење. Ни повраќање ни лошење. Е градиве ме болат сега. Во првата бременост првите 3 месеци низок притисок и само дремев. Така да, не е мерило ништо. Денес инаку ќе кречиме дома, цел спратЌе биде весело. Јас седам и кажувам што треба. Мм ме нервира, 100 пати треба да му кажеш една работа. Па јас сум IT manager.
@Lianna Anna со лесно , и кога ќе пукне водењакот различно е кај сите кај некој цури по малку, кај некој оддеднаш истекува. Ако не си сигурна оди на лекар
@dunika како минува времето мачнините ќе се намалуваат. Јас ги имав до кај 13-14 недела. Ама не константно. Имаше денови кога беа многу изразени, некогаш многу малку, а некогаш воопшто. Околу градите... Градите повеќе ме болеле пред добивање отколку во бременост. До кај 3 месец ми беа како портокали на допир Навечер имав најмногу мака кога се превртував од една на друга страна и кога станував од кревет. Како камења ми тежеа. Уште пред да вадам бета, неколку пати ми се јави чувство како да ми пржат брадавиците. Али пак ќе напоменам, НЕ премногу изразено. Јас мислев дека ептен ќе го почувствувам секој симптом дека викаат во близначка бременост било така, ама не. Стварно немам мака (да не се подречам ) Сега сум 25+, градите ми сменија боја на ареолите, имаат неколку вени и потечени ми се. Дека ми се зголемени нешто многу, не. Затоа не се владеј по никој и по ништо. И јас имам апликација и за секоја нова недела пишува што да очекувам и не ретко ми се случувало од старт па се до сега да "отстапува" мојата состојба од таму напишаната. Уживај и гали го мешко, ако е уште мал. Гравчето осеќа
Девојки помагајте. Пред малку излегов од аптека, пред мене човек со варичела. Имам прележано, ме фати паника дали е можно пак да добијам? Каква неодоговорност, си шета човекот без око да му трепни дали ќе зарази некој. По муабетот слушнав дека зема лекарства за сипаници и ја прашав аптекарката дали е точно и ми потврди дека варичела имал. Е сега ако се пак морбили а си мислат дека е варичел??? Леле триста паники ме фатија.
Ако си прележала варичела, имаш стекнато траен имунитет. Не може да заболиш пак. Нема морбили мислам. Макар што ти си веќе 3 триместар така? Сега ризикот не е таков како во 1 и почеток на 2. И јас би се исплашила секако. Ама мислам и дека сега (веќе нафрлан) не може да ти пренесе. Има денови од-до кога вирусот се пренесува на други.
Водењак најјако пука на филмови,цури како чешма па по пат накај болница вриштат и ја осеќаат главата на бебето Одтаму сите заблуди ги прават @Lianna Anna нека е лесно ко песна,што поскоро да галкаш бебушка. Фала на советите женски Се загрижив оти наеднаш ко да ми помина се,и грчеви,пецкања,мачнини...па знаете каде ми оди умот. @flower30 подалеку денес од спратот,немој да вдишуваш вар или поликолор
Ништо нема да ти биде, смири се малку, сипаници не се фаќаат преку воздух. Мора да си во директен контакт за да ти ги пренесе преку капки. Башка имаш прележано варичела. Варичела од морбили се разликуваат и просто не верувам дека човекот има морбили "а си мисли" дека има варичела. Нема ништо неодговорно во тоа човекот што излегол сам да си купи лекови, варичелата не е страшна болест.
@dunika може ако вдишам поликолор ќе се опуштам, ко наркоманите јас седам во другата соба и контролирам преку телефон Леле луѓе колку сум живчана, му кажав на мм нешто да направат, они друго направиле. И седам и место не ме фаќа. Ме нервира кога не ме слушаат
Варичелата не е опасна во бременост, еве @mariz ја прележа додека беше трудна знам. Плус, штом имаш прележано, не може пак да фатиш, така што смири се и без паника, ништо не може да се случи Инаку варичелата е заразна додека пликовите се полни со вода. Кога ќе се исуши осипот, веќе не е заразно, но тебе тоа не ти е од никакво значење. Опушти се и гали мешко
Јас си прележав во бременост варичела. Бев 28ма нед, малава е сега скоро 2год и нема никаква последица од сипаниците. Не е убаво пред 12та нед да се фатат само.. само тогаш е опасно и на крај пред раѓање ептен, за да не се пренесе на бебе мало новородено. Ама чим си прележала нема шанса да фатиш Малата на комшикава фати, а она беше трудна со второто. Но имала прележано и не префати и она