Нема шанса да фатиш ако имаш прележано, не се грижи Јас тогаш во контакт бев со золва, свркрва, свекор, маж ми, сестра ми и синчето. Фатија само сестра ми и синчето зашто само и они немаа прележано.. А на одмор избив и таму во контакт бев со мајка и девојче 2г во ист смештај бевме и првиот ден цел ден бевме во контакт (немаа прележано и они), а они не фатија.
@Lianna Anna , ајде со лесно Се’ ќе биде во ред, си знаеш како е И јас немам буквално никакви симптоми, освен тоа што брзо се заморувам. Не ми се лоши, немам мачнини, градите не ме болат нешто многу..... се надевам ќе остане така бар уште некој месец За претходната бременост со киселини имав многу мака од 10 недела до крај. Ама имам проблем со киселини секогаш, очекувам дека пак ќе дојде за некоја недела Има уште морбили во Македонија?
Ај дај боже како мене и ти. Првата бременост од почеток до крај киселини и мачнини, втората бременост лесна како песна, без киселини и дури на крај веќе 40+ недела, а мислев можам уште 2 месеци да терам. Ич не ми беше мака додека првата уште во 35та едвај се движев..
Мене ми пукна дома и немав сомнеж дали е тоа. Течеше безбојно розеникава течност без престан како од чешма. Тоа е моето искуство.
Мешиња Јас уште овде, не ме пуштале денес. Важно сум подобра, болки немам многу, понекогаш боцкање и притисок ко за добивање. Цтг мирно, само на едно место до 40-50 ваљда почесто ќе ме следат, антибиотик примив не знам за шо, магнезиум засега не треба освен ако осетам пак такви стврднувања. Уште една доза зреење во 5 и се надевам толку ќе е. Си поплачив малку за малото дома дека го слушнав, ама си реков ајде смири се ова е најважно сега. Да истуркаме до крај. Не ме проверија дали сум отворена, ваљда нема потреба шо знам. Туку да прашам. Ми даде вчера др вагиналети за исцедок шо имав, 6 вкупно. Ќе има влијание на брисовите или не? Пошто другиов др ми рече понеделник да ми земат, ама заборајв да му спомнам за овие. Извинете сега малку ќе ви досадам, ама првата бременост немав никаква мака па се ми е ново ова.
Не било преку воздух Мариз, мора да си била во контакт со некоја телесна течност, значи си правела пример муабет со некој заразен, зашто кога зборуваме нели летаат и капки @green.eyes епидемијата со морбили уште трае. Инаку со лесно бременоста Го спремаш ли баткото дека ќе стане големо братче? И како да прочитав близнаци?
Нит чув и прочув некој познат да има. Не дознавме од кај ги фатив Ама ваљда доста е и да сум се фатила за квака или некаде кај што се фатил некој заразен... и во бус се качував, па можно е и од таму.
Мене ми пукна и истече доста, околу 3 часа потоа почнаа болките и за уште три се породив. Нека е со лесно.
@dunika тие апликациите ок се, читкајси, и јас редовно ги читам но никако немој да се базираш на нив, секоја трудница е своја приказна за себе, секој организам е различен и различно реагира, опуштисе и мисли позитивно..... исто пред неколку недели ме снајде и мене, нагло како сите симптоми да исчезнаа, од мачнини, лошење и болки во градите наеднаш ништо од тоа не чувствував, баш и тука пишав се распрашував , паники и плачки цел ден.... арно ама наредниот ден уште очи не отворени веднаш со повраќање, сопругот ми вика еве за да не се секираш сега затоа ти викам не се секирај, еве уште еден пример за апликацииве, јас сум 15 недела и таму пишува бебе треба да тежи околу 65грама, а моиве едно е 130грама, нема правила, нема тука два и два, само господ да не чува сите
Да, близнаци Фала Тешко мене Баткото го спремавме за едно бебе пред да дознаеме дека се две. Меѓу другото, го прашавме дали сака брат или сестра, викаше “ама јас сакам куче” А тој од куче на километри бега Ќе почнеме да го спремаме, прво ние малку да се средиме
Водењакот е дефинитивно. Од 6 утринава тече. Имам вррме за природни болки до 6. После добивам провокација. Бебе не смее без плодова повеќе од 12 саати. Очекуваат да биде брзо, оти е трето. Се надевам дека е така. Иначе уште цури. Цтг не покажува болки, а и ги немам. Освен лажните што почнаа да ми идат на живци. Отворена исто не сум. Движам многу, со 350.000 улошки на мене и пак се осеќам мокра до гола кожа. Антибиотик поради заштита на бебето од инфекција. И сега пак цтг. Искрено не замислував вака. Мислев дека ќе си ги истерам почетните болки дома, ќе дојдам тука и оп стоп, ќе го родам одма. Уште не сум уклучила паника на најјако. Веројатно кога ќе почнат болките. Ви благодарам на сите на поддршката и одговорите. Со водењак немам искуство, оти на два пати претходно ми го пукнаа они.
Ајде со лесно нека ти биде! За брзо ќе се гушкате со беба! Фамилијата ќе брои уште еден член повеќе. Радости Знаеш што и како, ние што сме трудни со прво сме паднати од Марс! Ти одамна си го поминала нашето. Се најдобро драга.
Мамички пишав пред некое време за бременоста дека во 6 недела не се гледаше плод. Во вторникот пак бев на преглед и докторот ми рече дека се гледа бебе и има срцева реакција само не се слуша, било рано.Иначе 8 недела сум.
Супер, опушти се малку сега. На мене првпат на скрининг ми дадоа да слушнам срценце, а ме гледаа на ехо и во 6та, 8ма и 10та недела. Имај си лесна бременост. <3