Не е страшна ама за бремени посебно на почеток од бременост и во 9ти е ризична. А јас за една недела влегувам во 9ти. Цел ден читам, се мрднав. Дури некаде има наведено дека и 2 пати можно е да ја добиеш, што не би требало да е така. И да неодоговорно е што се излегува во таква состојба, кога можи и некој друг да зарази посебно на 3 ден од осип. Значи доволно е што ја допрев вратата и ако не сум имуна можи да се заразам.
Честитки,да се здрави и живи куклите @Lianna Anna со лесно,да се фалиш на лесен пораѓај во породилни Јас со нова мака денес. Одеднаш почна срцето да ми лупа забрзано,снемав воздух,почнаа тахикардии. Мериме притисок 100 со 70, пулс 150. Одиме во дежурна амбуланта докторката бледо не гледа (општиве лекари имаат уплав од трудници мислам дека) прво 10мин разговара со нас за на крај мм да и рече да ми измери притисок и пулс. Притисокот 100 со 50 а пулсот не кажа колку е. Препорача лежење со клима и да се напијам 1 бедоксин. Никаков извештај ниту рецепт. Во консултација со друг доктор по тел ми рече 2 бедоксина (се напив) и сега по некое време ми се смири. За тироидната си пијам терапија,последна контрола ми беше во јуни и ми рече следна после породување. Искрено мн се исплашив да ме ми се покачи притисокот а срцево од гради ќе ми излезеше. Ако не дај боже се повтори ќе отидам на ГАК ,колку и да не им се работи нека ме прегледаат.
Мамички пред некоја недела пишувавте за тоа како да се извадат жолти флеки од стари бебешки алишта, но не обрнав внимание, па ќе ве замолам ако сака некоја нека сподели повтпрно...
Ако облеката е чисто бела стави вода и варакина врз флекичките и убаво истриј ги потоа обилно со вода исплакни пошо варакината има јак мирис... и на крај испери со прашок па после нека отстојат во омекнувач... јас така ги извадив жолтите флеки (од адаптираното млеко) ... инаку со прашок и вода пробував не искачаа воопшто...
Свеки завчера со вениш испра старо фустанче од золвата кога била бебе, сите тие жолти флеки ги снема светна како ново. Овде коментираа и со сода дека излегуваат пред некој ден, ама тоа не сум пробала.
Леле го знам тоа чувство на не стрпливост да се гушкаш со бебе. Ајде ќе биде со лесно. Водењакот за 2 деца ми го пукнала на бокс. Немам искуство, ајде чекаме да израдуваш. Мешковци останати поздрав
Добро утро, Лежам и чекам кафе. И денес работно(за мм де). Со маж е потешко да работиш, вчера 100 пати се р'чнавме. Утре сум на преглед за тироидна. Може да ми пишете вие што пиете Еутирокс, дали пиете дента кога ви земаат крв?! @Lianna Anna како си? Те чекаме со новости
Јас пиев Еутирокс пред боцкање. Проверуваш крв за да видиш како ти делува терпијата,нема логика да не пиеш. Ова ми е препорака од специјалист од нуклеарна медицина. Иако во последно време во лабораторииве читам да не се пие терапија. Нормално дека без терапија ќе биде покачен хормонот,не за џабе ја пиеме..
Драги мешиња. На сите ви посакувам ваков лесен пораѓај како мојот. Се породив за нецели 2 саати. Вчера. Јаките болките беа околу 40 минути. Бебе пречекори ден за минута и се роди во 12.01. Ќе пишам повеќе кога ќе се стабилизирам малку. @Софија 88 Честитки. Живи и здрави да ти се малите слаткиши. Честитки на сите останати во меѓувреме породени. Немам прочитано се.
Честитки, да е живо и здраво бебчето. Тебе побрзо закрепнување. Дај боже сите да имаме лесен пораѓај @Sofi.ja фала ти. Тоа ме бунеше за терапијата. А тогаш заборавив да го прашам докторот