@flower30 и јас пијам терапија пред боцкање, исто како @Sofi.ja по препорака од спец. по нуклеарна Инаку јас сум во вторник на контрола Кажи ми освен ТСХ, ти мерат и т4, т3, антитела? Мене т3 ми беше покачено минатиот пат, а антителата редовно>1000
Женски, да ве прашам нешто. Дали после секој оброк ја осеќате храната во грло ? Буквално и две залчиња да каснам, умирам после од тешкотии, се осеќам толку прејадено и полно, што не можам да дишам. Истово го осеќав и во првата бременост, ама не беше волку рано. Сега не сум уште ни во второ тромесечие, а многу ми е тешко. Заради ова ептен малку јадам, не знам дали кога ќе почне бебе да се храни преку плацента, ќе му биде доволно Некој слично искуство?
Ми испитува тсх, антитела, е сега не ми е тука стариот резултат, ама едното (т3 или т4) обавезно. До скоро со сигурност знам дека и т3 и т4 испитуваше. Ај да пробам да го побарам резултатот па ќе ти пишам. Антителата пред да останам трудна прво ми беа 650,после пиев цинк и селен и се симнаа до 350. Во бременост прекинав да пијам селен и цинк, и сега утре баш ќе видам колку ќе се
@Sexybaby86 зависи што јадам.Во принцип не,ама вчера јадев вртена пита ко бурек,ке умрев после тоа. Пиј си пробиотици и почнувај го денот со вода и лимон. Мачнините ти поминаа нели? Јас имам аверзија кон одредена храна,особено мирисот на кафе ми е тежок,а обожувам кафе. Мислам дека бебе од 2ро тромесечие се храни од плацентата,во прво уште се формира нели,ако не сум запамтила грешка. Лиана,честитки,блазе си ти на пораѓајотЖиво и здраво да е бебче
Ми поминаа мачнините, фала Богу. Тоа е и знак дека плацентата се формира и бебе полека почнува да се снабдува преку неа, па затоа товарот врз мајката (мачнината) и’ се олеснува. Колку што знам, плацентата се формира откако ќе заврши органогенезата, и трае негде и до кај 16 недела кај некои жени, што значи да, негде на почеток на второ тромесечие. Како и да е, утре ќе дознаам дали е формирана, на преглед сум. Во 9-та недела кога бев на преглед, не беше уште, што е нормално. За хранава, буквално од се’ ми е така. Умирам после тоа, а киселини и мачнини немам, туку само подуеност. Ми се чини ќе пукнам. Знам дека не треба, ама едино кока кола една чаша на ден ми помага да ми се свари храната побрзо. А мислам и дека тегобиве имаат врска со тоа што потешко и поретко одам по голема нужда Се мачам некогаш ептен, едино кафе ми помага, затоа и пијам по едно сабајле, инаку ич не ми оди ни мене
Женски, ве молам дали некој од вас кој оди кај Гордана Петровска има нејзин телефон за контакт, не ми го даваат во контакт центар а ми почнаа болките? Сакам да ја слушнам. Мислам @Sofi.ja и @Sexybaby86 сте кај неа
Ве читам за храна зборите, па да си се пожалам, мене вчера ме искара една сестра за јадењето. Бев на преглед сабајлечки и ми вика Доручкуваше? Викам Уште не, рано е, млеко пиев со малку нес и чаша цеден сок. И кога ми се пушти, Како така, не само ти туку сите денешни трудници, линија ли држите, ништо не јадете, па после бебињата не мрдале доволно, не напредувале... Пробав да и објаснам дека јадам ама ми ја фрли бувата и од вчера само тоа си мислам да не грешам некаде. 8-9 кг имам качено до 31 недела со лежење во кревет зашто не смеам да пешачам, а и претходно си имав 3кг плус од двете ивф па јас си се доживувам доста поправена ама бебе вчера за првпат излезе една недела поназад во мерките и се исплашив. Денес еве на сила бутам варени јајца, печеница, јогурт...
@EvieBabe ќе си јадеш колку душа ти сака, кога ќе си осетиш глад ќе јадеш и тоа е тоа. Не се притресувај за мерките од ехо , не се секогаш точни. Јас на почетокот - негде 2 месец вторава бременост , бев два пати во месецот на гинеколог и за 3 недели 2 кила имав ставено. Почна докторов да ме кара , демек да пазам на исхрана , не треба да се здебелам , ќе имсм проблем подоцна, а јас почнав бременост со 51 кг ама ми се јадеше , си имав апетит, постојано мислев на храна , само што ќе изедев едно нешто , стомакот ме болеше , кркореа црева за друго нешто и се имав исплашено искрено, но се водев дпрема мене- ако ми се јадеше си јадев ако не- ништо. Која недела си сега? Јас сум 32+5 , до сега околу 11 кг имам качено. Ама не се замарам со јадењето , јадам што ми се јаде , здравје подоцна ќе слабееме
Јас се боцкам со нешто слично на Клексан, ќе се боцкам цела бременост и после уште минимум една недела.
31ва од утре, последен пат кога се мерев бев 8,5; сега веројатно накај 9 кг, со тоа што јас не почнав со 51 кило Три ипол години хормонски терапии си го направија своето и почнав со највисока килажа во живот, 61 кг. И во кревет сум цело време па претпоставувам дека пошто не трошам, се оди кај бебето и во мене, ама јадам баш најнормално - нит линија да држам, нит да претерувам да џвакам цело време. Едвај чекам да дојде октомври, да ми дојде бебче и после ќе шетаме заедно со саати, ќе си слабееме заедно
Кога ти е по точно терминот? Баш сега разгледував то темата за термини (те нема таму ) И мене ми е октомври - 15ти Така е ќе шетаме , ќе сме ненаспани , ќе ослабнеме лесно
@Lianna Anna честитки!!!! За килажа. Почнав со многу. Ми кажаа дека морам да внимавам и што помалце да качам. Ама овие недела дена ми е страв на вага да се качам. До 35 недела имав 6 кила качено. И ок е. Туку паника ме фаќа што деновиве сум си дома, фрлена на благце и сѐ што ми душа сака со филмчиња.. идила, знам, ама вагата мислам дека ќе ме изненади и од такт ќе ме извади. Од утре малце повнимателно. Морам. Туку 36 почнав вчера. И уште се чудам каде ми летна времето. 36 недела. Многу ситно се брои. А јас се осеќам некако неспремна... Не дека не знам колку ќе се спремам ако имам уште малце време. Онака. Возбудена. Што знам.