Не сум пишана таму, ми беше шубе да се пријавам Терминот ми е крај на октомври (29) ама пореален термин според околностите ми е 5-10 октомври според докторот.
Ако вие што веќе имате по едно детенце се осеќате неспремни, можете да замислите како ни е нас што чекаме прво Јас немам поим што ќе правам
@Lianna Anna , @Софија 88 , нека се живи и здрави бебушите, вас ви посакувам што побрзо да се опоравите За тироидната, овде стално ја проверувам без терапија тоа сабајле. Кога закажувам секогаш потенцираат да се оди во лабораторија без испиено апче тоа утро. Зошто е така, не знам
Ќе се бркаме јас, @koritsaki и ти која прва Па после ќе се дружиме во мајчински Инаку за килажата зависи и конструкција, висина, колку имаш почетна килажа, гени...Не се преокупирај. Јас сум 30та и до денес имам +6кг точно, ама висока сум и крупна и до кај 17 недела имав само 2кг плус. На почеток го прашував докторот зошто не качувам килажа, дали може да штети на бебето, ми викаше да не мислам на тоа, да јадам колку ми се јаде, бебето си зема што му треба. Сега бебето ми е поголемо по мерки, ама како што кажав и ја и татко му сме големи луѓе . Не се секирај, јади што ти се јаде, расте бебе.
Значи колку сум послушна, тоа е чудо едно завчера после коментарите на Каетана, Бела, Секси, Дуника и сите други трудници си рекив време е да се сменам, не може вака. Овие денови пак имам и стврднувања и болки, се што досега имав ама за некое чудо, големо чудо се контролирам и си викам се ќе биде добро. Не знам до кога ќе ме држи де, ама верувајте заборавив да бидам смирена. На моменти кога си давам надеж и мислам позитивно се плашам. Се плашам дека ќе се случи нешто. Сега, се трудам да мислам позитивно. И фала ви, фала ви премногу што ме трпите и што ми давате огромна поддршка и совети. Оти изгледа вас најмногу ве слушам Фала ви од дното на душата
Сите сме тука да си даваме поддршка Те гушкам и остани таква смирена, ќе видиш дека се’ ќе биде добро
@*цветче* што направи женче? Со лесно Вие женски што си правите денес ? Ние по дома , ќе одиме сега во Катланово да си наполниме вода од кога немам пиено, нема штета во бременост така? Утре ќе одам на забар , пред месец дена почнав да чувствувам од десно доле на 7мицата или 8мицата некоја болка кога пијам ладно.. гледам немам ништо ма да изгледа на тоа месѕо пломба ми падна и почна да ми реагира местото. Па сега викам да отидам додека е време , ако има нешто да се поправи. Ти @Sofi.ja отиде на забар? инаку имам денес о некој секрет , како да ми се спушта од синусите надоле ќерка ми имаше почетен бронхитис , и помина сега брат ми има исто и се лечи , ајде само јас да не фатам вакво нешто
Цвет како ние да не си се поддржуваме што најмногу се разбираме и го одиме истиот пат? Во исти чевли сме... Ехх, ќе дојде ден кога ќе пишуваш овде дека едвај чекаш да излезе беба, дека цела година си трудна Биди си смирена и остави да си течат работите и да си расте детето. Зборувај му, учи го уште од сега да те слуша, а сега најважно е да послуша дека треба да биде трпеливо за да те запознае. Треба да порасне прво во меше. Повторувај му, колку-толку ќе сфати нешто Јас на моиве палавковци главата им ја натапанив со тој муабет
Додека се во меше нема кај да бегаат, мораат да слушаат , треба да се искористи тоа. Честитки до новите мамички, со лесно и со убаво понатака.
Добар ден Сакам да побарам мислење од вас на колку недели одите на преглед Денска сме 9+3, а последен пат бев на преглед 7+1. Докторот рече после две недели. Утре планираме да одиме бидејќи ми одговара терминот. Сеуште не ми земаа крв, само притисок и килажа ми мереа тогаш и ми отвори мајчина книшка. Сеуште понекогаш чувствувам болки и лошење, појачан секрет... Се надевам бебенцево добро напредува и едвај чекам да го слушнам утре.....
Здраво 11 недела сум и имам постојана жед,значи цело време пијам многу вода само вода,благо не јадам скоро ич немам некоја желба, само солено што ке каснам и кога ке се напијам вода не ми се губи скроз желбата за уште... Незнам што може да е,знам само дека ми смета жешково може од тоа да е, под клима сум цело време и кога лади по ок ми е а ако ја изгасам лошооо еее Се надевам ке се опраам кога ке залади вака тешко ми е како да немам ни доволно воздух. Ве поздравувам
Јас откако бев во 6та недела после тоа ме закажа за 9та недела па нареден ми е во 12та за скрининг претпоставувам. Поздрав и со лесно релаксирај се и не ја оптоварувај многу главата, зошто се осеќаат
Здраво мешиња, како сте денес ? Сношти и денес еве ми се појави болка кратка во десната ципа ќе ме стегне ке пушти.. шо можи да е? Иначе постојано одам во вц немам дијареа, си одам нормално али многу пати овие денови.. дали е можда од апчињава што ги пијам (панцеф), но земам и пробиотик линекс .. дали е можно нешо поврзано со бактеријава и болкава или.. ? @EvieBabe иначе и мене прво бебе и богами паника ме фака што ке правам, немам искуство никакво..
Јас се тешам сите викаат инстинктивно доаѓало, ќе знаеш кога ќе се роди. Дај Боже да е така Имам неколку пријателки/роднини што ич не се мајчински типови, а се снајдоа добро со прво бебе, па си викам штом можеа тие, сигурно ќе се снајдам и јас. Ама ме фаќа малку паника, да не се лажеме. Од друга страна, едвај чекам да ја видам и гушнам и душнам
Да да а за паника и нормално е да има првпат се среќаваме др е на свое и јас си велам само по себе доаѓа тоа, шо велиш колку знам во др држава шо се породија сами па се снајдоја шо не ги бивало ) и јас едвај чекам да го гушнам бебушко.. едвај чекам и да дознаам на следниов преглед што пол е .. 19+3 сме сеуште не знаеме ) постојано се крие со газе, рачиња, папочна врвца..
За првото искрено појма немав што да очекувам. Кога се роди бев пресреќна, ама искрено ми требаше време да се почувствувам како да е мое. Во болница имав некое чудно чувство дека јас не знам ни како да ја држам, дека ништо не знам, дека докторите подобро од мене знаат. Не се чувствувам одма дека е мое бебе.. го гледав и не му се веруваше дека е мое, наше. Бев малку луда, да си признаам. Си велев кога плачеше во соба дека ќе си речат дека сум неспособна мајка дека не знам бебето да си го смирам. Глупости. Кога дојдовме ама дома некако друга приказна. Тогаш се поврзуваш највеќе, стануваш сѐ поблиска до бебето, учиш некако инстинктивно да си тука за него... И онака доаѓа некако спонтано. Е таа блискост најубаво е кога уште во болница ќе се воспостави - особено ако имате шанса бебето да е цело време со вас (мислам максимум време). Кај мене некако демек ми викаа да одморам, да го оставам често во собата со бебињата... Ама не дека одморив стварно. Дома истите работи ме чекаа. Само убаво ќе беше да ги "искусам" во болница, и да имам малку повеќе самодоверба кога сум веќе "сама". Пример за доење многу малку внимание добив. Демек пробувај. Вака, така. Абе за лактација си бара стимулација! Бебе на града на секои 2 часа речиси. А бебето беше така без ред кај мене во соба. Ко да ми беше некој квази тренинг за доење со кукла. И после дома фрлена со бебе 24/7 и ајде. Снаоѓај се. Пелена и кака не видов во болница. Па после дома паника - како изгледала и дали е ок. Затоа викам - подобро е уште во болница некако да сте повеќе околу бебето - иако е мачно после породување. Ама психичкиот момент на сигурност после тоа е многу важен. А уморна бев уште месец дена после породување.. А за второво друго е исчекувањето и друго е неискуството. Пример, со првото имав многу помалку страв од породување отколку сега. Не знаев што ме чека. Сега знам ... Па некако и не сум храбра како тогаш. Башка имаш едно дете и не е сѐ едно кога си мислиш дека ќе го оставиш дома и нема да те гледа. Знам, неколку дена се во прашање, и ако гледам реално на работите не е фрка, ама хормони и што не, те прават да се запрашаш за многу работи. Пример како ќе ја делам демек љубовта сега со второто. Досега беше едно и целата моја мајчинска љубов беше за неа. Па дали ќе ѝ е тешко. Дали ќе се осети запоставена. Како ќе го прифати бебето. И ред други моменти. За тоа дека ќе се роди бебе, неизвесноста и неможноста да си го претставам бебето е иста и за првото и за второво. Мев голем, се бранува од мрдање, ама сѐ уште не можам да си замислам бебе. Да поверувам дека имам бебе во мене. Дека кај и да е ќе се сретнеме. А искуството со доење, со плачење, со пелени и сл. не го оспорувам. Имам некоја мала доза сигурност во тоа што треба да правам. Ама и тоа не е правило. Секое бебе е приказна за себе. Ако со ќерката успеало доење, не значи и дека со него сега ќе биде сѐ глатко. Затоа не се пукам дека сум спремна, да не си се покаам милион пати после дека сум си мислела така.. )) Во секој случај едно знам. Моментот на првата средба е нешто што е неописливо со зборови, и нешто за кое вреди сѐ низ кое се поминува на породувањето. Тоа е почетокот. Понатаму мајчинството, кое не доаѓа со бебето, туку доаѓа со секој ден искуство. Првата насмевка. Првото зборче. Првото гушкање. Првото "те сакам мамо". Ништо не доаѓа од одма и не се секирајте - нормално е. Како што растат тие, така "растеме" и ние. Како родители. Како мајки. Како нивното сѐ во животот.
@Ann.loves.you убаво е што пиеш вода не е ништо загрижувачко , а и времево е топло , мислам сите пиеме многу вода. Јас кога бев 11 недела воопшто не пиев течности , дека беше и пролет не беше така топло , не ми се пиеше ништо. Потоа неколку пати при испитување на урина излезе дека имам заматена урина и гинекологот ми посочи да пијам многу течности. Сега пијам над 2л течност со сигурност