Добра вечер од мене,денес оправдано отсутна,кај внуката на крштевка бев Леле луѓе од што седев некој 4-5 саати нозеве како бумбари ми станаа потечени. Не само стапалата,глуждот туку и нагоре до колено дигај ги на даскатата на средина од маса,спушти ги надоле,врти кругчиња низ кафана,не бе џабе. Ми тежеа како 300кг да се Честитки да е здраво и живо бебето,да ве направи горди родители И јас обожавав кафе,по 3 на ден ги пиев(турски) откако дознав дека сум бремена ,мислам дека мирисот од кафе беше прв што ми сметаше и ми се лошеше. Еве 8ми месец сум уште не сум се напила турско,понекогаш нес кафе. Која смена е утре Гордана? Да се јавам да прашам за терапијата дали да ја продолжам,изумив кога бев на преглед а не ми напишача во извештајот. За пиење кока кола и јас мислев дека е грев на почетокот и пишав овде кога ми се сипаа а само тоа ме креваше и ми помагаше за мачнините. После тоа се опуштив и пиев кога ќе ми се пиеше. Еве денес мавнав 3 стаклени сега ми помага за притисокот,низок ми е. Дали се снајде или да ти пишам број? Ма да мене на вибер не ми врати на пораката. Бев на забар,го ѕирна забот ќе треба коренот да се умртвува,а тоа е малку по долг процес,плус тоа може да отече,да се воспали,па др не препорачува во бременост затоа што не смееме да пиеме ништо против болка. Вака како стојат работите ќе издржи до после породување,па тогаш да го правиме,во меѓувреме ако ми се појави болка (сега ме боли на допир со јазик) ќе ми стави лек на памукче. И мене ми е 7мица. На сите ни е тешко од топлово не се секирај ќе помине уште малку, јас за некој ден 33та,почнаа и отоци на нозе и бебе тежи ама ќе се издржи се гледа крајот. Јас благо не јадев до 6ти месец. Прво од што ми се лошеше,а после не ми бараше душава. Сега јадам во умерени количини,кога ќе ми се пријаде.
Многу убаво кажано... Особено овој дел: Во секој случај едно знам. Моментот на првата средба е нешто што е неописливо со зборови, и нешто за кое вреди сѐ низ кое се поминува на породувањето. Тоа е почетокот. Понатаму мајчинството, кое не доаѓа со бебето, туку доаѓа со секој ден искуство. Првата насмевка. Првото зборче. Првото гушкање. Првото "те сакам мамо". Ништо не доаѓа од одма и не се секирајте - нормално е. Како што растат тие, така "растеме" и ние. Како родители. Како мајки. Како нивното сѐ воживотот. Живеам за ова...
Добро утро, Бев ма преглед сега за тироидната. Ми даде упат за тироидната и крвна слика успат,тоа за утре сабајле. И го прашав дали да пијам Еутирокс пред да ми земат крв, рече не. Вика прво заврши со земањето крв па пиј после. Ми правеа и ЕКГ, 100ка ми е Оваа недела ќе ми се фати секој ден на прегледи. Во четврток сум на гинеколог, па да видам и термин за ЕМГ. Сакав уште нешто да пишувам, ама ме мрзи
Да пишам за други душички во иднина што ќе се испотресат како мене; значи дури синоќа и сабајлево, по 4-5 дена од примање на вториот Флостерон, движењата на бебе се враќаат во нормала и ми дојде душа на место. Многу страшно искуство, колку и да те предупредуваат дека е очекувано.
Ох леле, кој знае како ти било. Во која недела ги прими, каде ги прими инекциите, во болнички услови? Ако сакаш да ми објасниш. Кој доктор ти ги даде? Извини што те нападнав со еден куп прашања, ама здравје и јас ќе треба. Мене докторот ми рече здравје да стигнам до 31 недела и тогаш (немам здравствени индикации туку бидејќи носам близначиња). Сега сум 26+. Сакам да знам што да очекувам.. Мило ми е што ти дошло срце на место
Ги примив во 30та недела, ми ги даде Ивановски зашто кај него го правевме инвитрото и тој ме води. Немав некој посебен проблем, ама малку скратен цервикс и сакаше да сме покриени за не дај Боже. Рече немало ништо лошо од нив, само може позитивно за ако реши бебе да изненади. Ги примив дома, зашто имам медицинско лице што можеше да ме боцне во колк. Ми рекоа дека сајд ефектите варираат и некој не ни осеќа дека примил, ама кај мене за жал беа изразени иако на ништо друго до сега не сум реагирала драстично. Штом ќе ги примаш, еве да си знаеш што може да се очекува и да не се плашиш, да знаеш дека е од нив: прекумерно потење 4-5 дена, паѓање на притисок, благо црвенило на образи (еден ден ми се јави само), благи вртоглавици (веројатно поради притисокот) и намалени фетални движења. Јас не ни знаев овие работи дека ми се од Флостеронот ама една сестра завчера ми набројуваше и излезе дека мене скоро се ми се собрало од можните несакани ефекти Ништо страшно, помина - ти може нема ништо од ова да имаш.
Па и пред некој ден кога бев на дежурен не се потресоа многу докторите кога има реков дека периодов ми е покачен до 90-100. Ама ќе ги чекам резултатите од тироидна и ќе се консултирам со кардиолог(дека јас и претходно имав мака со тахикардии). Претходно кога бев во Систина на консултација со кардиолог, ми рече порано било до 90 откуцаи нормално, сега ги поместиле границите до 100. Дека и кардиолози и гинеколози се согласувале со ова
@Sofi.ja извини сега гледам дека си ме цитирала за Гордана Прва смена е денес, мислам до кај 3 дека е со пациенти. Вибер не користи, многу и’ го злоупотребуваат. Јави се во амбуланта за консултација најубаво, или неа побарај ја на моб. На @*цветче* и’ пишав број уште вчера, ја чекам да пише што направила Јас бев на скрининг, бебе е супер, ама се криеше и нејќеше да се покаже што е Ми мириса на дунде мене пак, ама ќе видиме Мрдаше и се превртуваше како лудо Битно е дека се’ е ок
Сакам да кажам дека едвај дишам на топлово, а на работа колешка ми гаси клима зошто и е ладно. Едвај чекам породилно да отворам, ми се смачи веќе.
Многу е тешко сигурно мене под клима ми е тешко,а можам да замислам без на овој пекол.. Кажи и малку нека издржи,сепак трудница има предност ццц..
Се најдовме преку смс @Yowannty колкава се роди бебка и како се погоди облеката во однос на бројките дали и беа точни? И пиши како е куклата,цица ли од мама,спие ли ноќе,дење
Добар ден и од мене , како сте мешиња? Денес бев на забар , во 11ипол отидов , ми беа отечени гингивите па ми ги чистеше со една ко паста , крв истече што да ви кажам. Јас отидов , поради тоа што ме болеше еден заб - и среќа што отидов , ми паднала пломбата пред месец дена и баш тој заб се расипал. Па го чистеше , а јас и спомнав дека планирав во декември да дојдам , ми вика ако дојдеше тогаш забот ќе мораше да се вади. Инаку се работи за осмицата.. Јас немам проблеми општо со забите , ама ете во бременост и за време на доење најчесто се расипувале. Земам и калциум од 500мг дневно , ама ете , бидна и ова. Ноќта пак воопшто не спиев , три пати бев во вц , денес чувствувам дека ме болат колковите , дали од тежината се нешто ново излегува @Sexybaby86 и јас мислам дека пак дунде ќе биде ако е машко мислам се гледа порано барем така кај мене вториот пат испадна ќе ни кажеш со сигурност нареден пат
Мене на скринингот истото ми го рече Ивановски; вика ова според темпераментот ќе да е дунде, машките се помрзливи, помлитави И стварно темпераментно дунде излезе
Да мешковци, и бебка беше исто вака темпераментна и излезе девојче, затоа мислам и второво дека е женско. Јас искрено и сакам уште едно, ама чисто заради разновидност убаво ќе е да е курле Но што и да е, само нека е живо и здраво. За првото ми рече докторката 99% е девојче, освен ако не и’ порасне нешто меѓу нозе до следен преглед ама сега за ова рече нејќам да прогнозирам, не кажувам освен ако не сум скроз сигурна И така, сега ќе ја играме the waiting game како @Sesil и ние изгледа Туку се мислам јас за пренатален тест, Верифи, Нифти и слично, и не знам што да правам. Скапи се а нема индикација, ми рече др по желба, ако сакам. Мерките за нухален набор и носна коска си се супер, се е во нормала. За првото не правевме, па сега не знам за ова. Највеќе некако ми е за полот да го дознаам, да ви кажам искрено Ама стварно е скапо. Правел некој од вас?