Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Кај мене е машко ама машала темерамент шо има ме сокршува :D Му велам на мм нашето дете дали спие воопште стомакот ми се врти де на лево де на десно :D Немаме.баш асално сликиче или ни е палецот во уста или нозите ни се на глава :lol:
     
    На Girl-Rabbit, koritsaki, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски

    Ако немаш потреба, зошто би го правела? :) 600 евра искрено и не се баш малку пари само за така да ги дадеш :) јас не сум правела и ми понудија, но не прифатив.. сепак секој различно :) ако мораш и ке направиш не дај боже, но доколку се ти е супер немаш потреба мислам.. за полот ке се дознае наскоро :) и ние 19+4 сеуште не знаеме каков пол е :)
     
    На Girl-Rabbit, dunika, bela.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Се шалев за полот, таман работа само заради тоа да плаќам толку пари :) И јас сум на овој став дека нема потреба, ама мм нешто ми мати вода. За првото не правев ни ова, ни кардиолошки скрининг (и тоа ми понудија), па си викам сега и за второво исто да биде.

    За кардиолошкиот, уредно си ја прегледа бебка детски кардиолог откако се роди, и искрено тој преглед го сметам за порелевантен отколку додека уште ми е во стомак.

    Не знам, најверојатно нема да правам, ама сакав да чујам ваши мислења:)
     
    На duffi, koritsaki, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Женски
    Ако е прв скрининг во прашање рано е. Некои дознаваат точно и тогаш, но поретко. И постои можност за грешка. Мојата прва женска ја открив во 17та, а второто машко се криеше до 18та недела. И јас бев сигурна дека е женско штом се крие, ама имаше куре и тоа големо бе некако, од цело гледање на екран, ова најјасно се гледаше :$:^)
    Ми беше незгодно, ама после дознав по мерките дека, да, тестисите биле несразмерно големи на почеток кај машките бебиња. Ми олесна.
    Да признаам, мене ми дојде убаво што е машко, не дека машко, туку да имам различен пол.Да беше првото машко ќе пекав по девојче сега.
    Ние сме две сестри и врската ни е неопислива, премногу сме поврзани, не знам дали тоа може да се постигне кај брат и сестра...Се надевам да.
     
    На mal.ecka, dunika, lejlla и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски

    Мене прво бебче ми е :) и според тоа што кажуваат вака мајки порано ништо немало од вакви испитувања сеа секој преглед мислам дека ново испитување ми кажуваат.. од приски, пренателен сеа и мене ми го понудија тој кардиолошки скрининг.. па за него се мислам искрено си викам да го направам нз иако во право си што откако ќе се роди е попаметно да се направи.. :) сепак со лесно да ни е на сите и да се здрави и живи бебчињата тоа е најбитно :) :hug:
     
    На dunika и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа за курето :D Што убаво, и јас сакам машко за да се различен пол, ама па од друга страна си викам не би знаела како да се понашам со машко, со девојче си знам, па си сакам и девојченце уште едно :lol: Ќе дознаеме пол секако, не ни бега, а не е ни битно, само да е живо и здраво.
    Инаку јас имам брат и сме многу поврзани, иако сме голема разлика. Секогаш бил тука да ме заштити, со него секогаш сум имала сигурност. Секоја врска е посебна на свој начин :l:
     
    На Girl-Rabbit, green.eyes, Andonia и 7 други им се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.969
    Допаѓања:
    143.522
    @Sexybaby86 и јас мислам да не правиш пренатални тестови ако нема индикации. Јас правев НИФТИ. Ама јас сум 36г и имав еден спонтан. И искрено да ти кажам, јас мислам ехото е многу битно и мерките на ехо. Плус одиш кај многу добри доктори.
    Јас го платив 670 евра. Отпосле кога го направив една пријателк што е исто ко мене по години и со спонтан, се мислеше дали да прави. И ми вика и кажале дека не биле ни пренаталните точни. Дали сакаше да си даде сама изговор, дека она не прави, ама ме замисли. Кај мене беше се добро на тестот, и на двата скрининзи исто.

    Матичнава во 12 недела ко од пушка ми вика женско е. Одам после 2 недели дека имав некои болки и вика машко е. Па викам како од женско стана машко:). А др. на приватно кај што одам во 12та недела ми рече не се гледа убаво и да не нагаѓаме, ќе почекаме уште малку.
    А инаку на секој преглед го гледаме како се превртува, салта прави:)ми вика др. уште сега се гледа дека е темпераментно дете
     
    Последна измена: 26 август 2019
    На Girl-Rabbit, green.eyes, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    @Sexybaby86 искрено и јас се мислев за пренатален, особено што тука е 299 евра Harmony - претпоставувам бидејќи не ја праќаат крвта никаде и го немаат тој трошок. Ама мене докторот не ми даде - ми рече нема потреба никаква, приската беше ок. Дури и кога откри ехоген фокус на срцето што може да е некаква индикација за генетско нарушување, толку беше убеден дека не е ништо и дека сѐ што е на скринингот е ок. Иако фокусот го откри во 16 недела и веќе некако немаше поента за пренатален. А бидејќи и ние полот не го знаевме до 22 недела сто пати си помислив колку ќе беше попаметно да си направев тест.

    Кога дознавме дека е машко искрено во момент бев како разочарана. Сакав уште едно девојче. Баш од причина што се осеќав спремна за девојче, и што да очекувам некако, и како да се однесувам. Со машко не можев да си замислам како ќе биде, и уште не можам.. ама сѐ повеќе се навикнувам на идејата, иако уште ми е чудно.

    Туку мешиња, мене ми е многу некако неарно. Од аспект дека ме болат препони ама многу. И долниот дел на стомакот. Мислам дека имам како менструални болки и знам дека се лажни бидејќи ги снемува, ама некако не ми е воопшто пријатно. И вчера вечерта така ме маваше бебо што сериозно викав од болка. Не памтам вака да ми беше првиот пат. Ќе ме мавне накај анусот, леле многу незгодно чувство, морам да се преместам од позицијата. Или накај бешика. Заборавив изгледа колку е незгоден последниот месец. Веќе имам потешкотии да се исправам од лежење, станувам укочена од што не сум се поместила цела вечер во спиење...

    Само нека помине.

    Инаку, се качив на вага. Вкупно 5.3 кг досега. Среќна сум... И нормално се почастив со сладолед да прославам!...
     
    На green.eyes, *malenavolena*87, Larahappy и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Е баш тоа, не знам како ќе ме биде со машко. Не дека нема да се снајдам де, ама полесно е кога веќе знаеш како што, а јас знам со девојче :)
    За тестов, мм сака да правиме, јас не сакам. Му викам како за првото, така за второто, а и знам дека нема потреба бидејќи сите мерки, развојот, се’ е совршено ок. Ама он таков е, се’ што ќе му каже доктор сака да направи. Јас парите попрво би ги дала за пораѓајот, зошто сакам пак истата докторка да ме пораѓа, а на приватно е.

    Инаку, ептен се пронајдов во твојот претходен пост за прва и втора бременост/дете, се слагам потполно. Сега не ме плаши моментот како ќе се снајдам со бебето, зошто знам што ме чека и што треба да правам, осеќам некоја сигурност околу тоа. Се пронајдов во делот со постарата ќерка, како ќе го прифати бебето, особено што и она мала ќе е сеуште (2години), па каков распоред ќе правиме за спиење, како новиот член ќе влијае на неа, дали ќе имам доволно време и за бебе и за неа... Плус, ќе трга во градинка, мене терминот ми е баш во бош период, дете уште ќе се адаптира таму, па настинки, болести, а дома новороденче... Уф, овие работи мир не ми даваат, ама тоа е. Ни прва ни последна не сум.

    За болките, јас во 9-ти и’ кукав на докторката нонстоп. И’ викав: зошто никој не ми кажа дека олкави болки ќе имам при крај? Стварно ме болеше многу, кога клоцаше ми се плачеше, дури и викав од болка и бев убедена дека не е нормално, ама тотално е :D Најтежок месец е дефинитивно, ама за брзо ќе биде готово :inlove:
     
    На Girl-Rabbit, Ava.84, green.eyes и 6 други им се допаѓа ова.
  10. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Јас правев и Верифи и ехокардиографија за мир во душа, од пусти страв. Океј ми беа мерките и само што наполнив 32 години, не сум престарела до толку :) ама решивме да ги прежалиме парите чисто зашто многу стресови претрпевме па бар за ова малку да се смириме. Така и го дознавме полот во 13-14 недела.

    А @flower30 тоа другарка ти што рекла дека пренаталните не се точни, врска нема - овие поскапиве тестови децидно кажуваат позитивно или негативно за аномалија, за разлика од приска што е само компјутерска калкулација.

    Во однос на полот, за првото многу сакав да е женско, отсекогаш сум сакала ќерка и само нека ми е жива и здрава. Не знам дали Господ воопшто ќе даде второ зашто и до ова едвај стигнавме ама ако останам вторпат трудна, стварно не знам што сакам. Би сакала машко за кеф на мм и татко ми ама знам дека не постои нешто како сестринска врска и би сакала две женски за да си се имаат цел живот. Значи, за второ ми е небитно, само ова нека се роди живо и здраво :D

    @Kaetana на моменти кога ќе удри со тоа малото шилесто раче имам чувство како да ќе и излезе раката кај мене меѓу нозе, мн језиво чувство :lol:
     
    На green.eyes, Kaetana, Larahappy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Те имам читано дека трнлив ви бил патот до тука. Во таков случај и јас без размислување би правела се’ што треба, баш за мир во душа. Те сфаќам комплетно :)
    И јас сакав ќерка за првото, и Господ ми ја исполни желбата. Го имам најубавото девојче на светот, љубов ми е :l:
     
    На Girl-Rabbit, green.eyes, Kaetana и 5 други им се допаѓа ова.
  12. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.969
    Допаѓања:
    143.522
    Па она се мислеше дали да прави и правеше приска. Мене докторката ми рече приската е само статистика и може да се грешни резултатите, па со тие резултати мора да ги праќаме на амниосинтеза да прават. Таму се ок. Мене искрено премногу пари ми се, ама седнавме направивме со мм муабет и се одлучивме да го правам тестот. После резултатите кога ми кажаа дека е се ок, ми падна товар голем
     
    На green.eyes, Kaetana, bela.m и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.649
    Допаѓања:
    185.539
    Пол:
    Женски
    Софи, бебе се роди 3260 со 51.
    Ја немав ниедна 50ка купено, ама 54ките сите различни големини се, па што точно што големко. :) Имам 3 бодиња што се демек од 1 до 3 месеци, ама се многу малечки и се точни сега. Други работи што имам од 1 до 3 месеци па се се поголемки. Некако бројчињата ко ич везе да немаат, нема стандард никаков. Ама не ми е криво што немам 50ки, сигурно немаше да ги носи подолго од 1 недела, вака ќе искористам повеќе. :)
    Бебе е лакомо, цицка и спие. На почеток спиеше повеќе, сега веќе 3 дена знае и да е разбудена подолго. Сака да спие до мене. Ќе заспие цврсто додека ја дојам, и само што ќе ја ставам во корпа се буди и кенка дур не ја земам пак. Па многу често ја оставам да ми спие во раце, срце не ми дава да ја оставам. :wasntme:

    Денеска баш бевме на педијатар, задоволна беше докторката, за сега успевам само со доење и многу сум среќна што имам млеко иако градиве ме болат. Откако направи 7 дена веќе шетаме и надвор. :)
    Од мене совет, да си форсирате цицка.

    Се мислев многу дали ќе се снајдам, ама дефинитивно се си доаѓа природно. Се чудам сега, како се будам на секој звук што ќе го направи, скокам од сон. Едноставно, сите што велеа инстинкт, во право беа.
    За сите што ќе бидете прв пат мајки, да не се грижите, ќе се зачудите колку добро ќе се снајдете, како цел живот да сте чувале деца. :)
    Некогаш не знаев дали сакам да имам дете, сега се прашувам како сум живеела до сега без неа. :)
     
    На Girl-Rabbit, Maarijanaa, Dust и 31 други им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.104
    Допаѓања:
    109.107
    Пол:
    Женски
    @Yowannty браво , те поддржувам , продолжете така, бебка ќе си напреднува одлично и само со мајчино млеко :) а кажи ми (извинете за оф топик) за чај , вода нешто ти спомна педијатарот? Тогаш кога се роди ќерка ми , педијатрите ме советуваа штом само ја дојам да не и давам вода , чај и сл.

    Инаку жени , од поручекта почна некако да ми станува топло и приметив дека сум качила малку температура(малку - 36,9). Ме болеа и коските на нозете и грбот , исто како кога си настинат :?: а не ме боли глава и грло , не кашлам. Бев на Водно малку да прошетам , ми пројде топлината , сега приметувам пак..
    Да не сум фатила некој бронхит се плашам ( брат ми беше болен деновиве)..
    Да се напијам парацетамол? Не знам што друго да правам. Еве сега седам и се потам :(
     
    На green.eyes, Kaetana, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  15. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    @koritsaki зависи како се чувствуваш. Нема штета да се напиеш еден парацетамол. Ќе ти олесни на снагата.

    Мене денес многу жешко, ама многу. Цело лето волку не ми било. А цел ден по долен веш сум по дома. Бев до кај матичната да се боцнам со клексан, преку две куќи од мене е ординацијата и плус мм ме носи со кола, а пет минути претходно тој уклучува клима. Кога се вративме јас не можев здив да земам. Жешко и тешко.
    Да поминат жештиниве едвај чекам. Како куче некое дишам, на глас :D
    Моите палавковци денес на турбо уклучени, жешко им е ваљда и нив
    :)
    Добра ви ноќ мешиња :*
     
    На green.eyes, Kaetana, Ann.loves.you и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.649
    Допаѓања:
    185.539
    Пол:
    Женски
    Не не никако. Мајчиното млеко си има се што и треба. Има вода доволно во самото млеко, а и ад на пример се раствора со вода. За чај, мене ме советуваше да пијам 2-3 пати на ден камилица одело во цицка и било убаво за бебе, и тоа си почитувам, јас си пијам. :)
     
    На green.eyes, Kaetana, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Пиј си чај, вода, исто бистар сок од јаболко без шеќер. Соков особено ептен млеко прави, мене и во болница ми го даваа секој ден по неколку литри, па и дома си продолжив. Јас не знаев за сок од јаболко пред да родам, па затоа ти кажувам да знаеш. Одличен е за создавање млеко стварно :)
     
    На green.eyes, rainbowmama, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Кога ти е топло се покачува телесната температура ама 36.9 не е висока температура туку нормална, каков бронхит зашто така си мислиш, сите трудни пукаме од жешко. Си се изнасмеав за температурата ќе ми извиниш :D.
    Ако општо се осеќаш лошо не страшно еден парацетамол, ама и тој може да те препоти, па склетот дупли
     
    На green.eyes, Ann.loves.you, koritsaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Мами како сте? :$
    Јас денес се осеќам преморено, некако многу тежок ден..
    Но сега малце се расположив си добивме количка :hug: леле се посвесна станувам и по реално ми доаѓа дека мама ќе бидам ;( (солзи радосници) (waiting):l:

    Еве ни ја количката се надевам ќе се погоди8):D
     

    Прикачени фајлови:

    На strelkata, green.eyes, *malenavolena*87 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.104
    Допаѓања:
    109.107
    Пол:
    Женски
    Добро утро мешиња , фала ви за одговорите, дефинитивно е од времево , ама навистина и чудно се чувствував.. :drunk:
    Сега 8ми и 9ти месец се треба да очекувам изгледа :nod:
    Од денес 33та недела. Како поминува времето така брзооо :o:
    Пред малку станавме со ќерка ми , на моменти ми се гади :envy: бебево се качило горе,ама не мрда нешто интензивно:lol: кај и да е ќе снемува место за да биде толку активна :lol:.. Среќа спиев мирно , ја немаше да клоца и да се врти како вчера.
    Времето е нешто заоблачено во Ск , ако остане вака ќе отидам да прошетам до ДМ , нешто да докупам за бебка :rofl:

    @Larahappy многу се убави количката и транспортерот , со здравје да си се возите :l:
     
    На Kaetana, green.eyes, duffi и 8 други им се допаѓа ова.