@EvieBabe од времето е. Јас вчера бев така. Денес постабилно се осеќам. Жешково е опасно. Ние сме поосетливи од другите. Јас по природа не се потам многу ама сега во бременоста да, особено овие неколку дена. Утоп сум цела. Навечер обавезно станувам да се пресоблечам за да не настинам.
Иначе мешиња ми стигна перницата за трудници и стварно ми брка работа ја препорачувам на секој.. дури се редам со помали перници вака со оваа раат се гушкаме и ме снемува ) мн е комотна пола спална ја зафаќа али топ е )
@EvieBabe @bela.m фала ви. Не знам каде прочитав, дека имало врска и промивката пред земање урина. И сега си викам да прашам да не има врска со резултатите и тоа. Инаку и јас дома собирам урина и праќам поштарот(маж ми). Сега овие денови пак имам некое чешање и потемна ми е бојатс на урината па викам ај уште една контрола. Јас последниов пат се измив со шампончето на ќерка ми. @bela.m братучетка ми е докторка и она пред некој ден тоа ми го нагласи, да не е првиот млаз. Инаку и мене вчера ми беше лошо, ме болеше глава, а и често ме препотува така периодов. Изгледа до времето е. Денес пак ми се стврдна стомакот, и пробам да не паничам. Во четврток сум на ехо, а овие денови чекам упат за ЕМГ. Изгледа што одев овие 2 дена по лекари и одма покажа контракции.
Мила не се замарај со промивки.Не дај Боже ако има бактерија ќе покаже секако.Јас не се промивам и кога ќе осетам печење,чешање,уринокултурата си покажува,а доколку нема тогаш чисто е.Секое добро и не се замрај со ситници.Те
и јас си ја нарачав и едвај чекам да ми стигне, се надевам дека ќе ми се најде и дека ќе се спие барем малку поудобно
Фала тиЗаради контракциите што ги имам сите доктори ме препрашаа за уринокултура. И испаѓа чиста(во 2 лаборатории правев во 1 месец). И си реков да не е и промивката нешто што го правам погрешно па дава чисти резултати. Знам, се замарам со глупости, ама пробам да ја најдам причината. Фала ти уште еднаш
И јас сум со вртоглица и нагон за повраќање, а притисокот ок ми е. Плус ми доаѓа да си излезам од кожа од што ми е топло.
имате ли искуства со ешерихија коли во бременост, ми се појави во 36та недела во урина, пред две недели урината беше чиста (34 недела), сега повторував од други причини и се појави ешерихија
Јас во моментов ја лечам. Деновиве треба да проверам дали лечењето е успешно. Секое сабајле јадам пола умебоши слива на гладно и пола навечер. Многу ми ја фалеа сливава, наводно за 7 дена лечела и ешерихија коли и кандида и хелико бактерија. Сливава ја имаш во Зегин за здрава храна во ГТЦ, околу 400 денари е. ЕДИТ - Како ти кажав во ГТЦ, ко сите овде да се од Скопје. Извини.
Здраво мешковци, еве и јас со рапорт за мојата состојба 27 + 1 вчера бев на контрола, бебе супер 1050 гр. Е сега на мене цервикс 3 цм, а пред 4 недели ми беше 3,4. Си добив препораки за мирување и на следна контрола ќе оцени др дали има потреба за примање на инекции за зреење. Испитав и д димери, нормално покачени 3900. Ајде терапија 2 недели клексан па потоа контрола... другите времиња на хемостаза се во ред и тоа ми дава колку толку некаква утеха Во врска со времето и мене овие 3-4 дена ми се ужасно тешки и мачни, едвај чекам да падне некоја капка дожд и малку да живнеме Ве поздравувам сите
Ве читам за цервиксот. Изгледа различни доктори, различни мислења имаат. Пред 1 месец во рок од 10 дена бев на 2 прегледа-кај матичната и во Систина кај др. Корнелија Трајковска. И двете ми рекоа цервикс ми бил 3,5см и тоа во 22ра недела. Ја одма испаничив и на др. во Систина и реков, па малку е. Ми вика не е, не се секирај, битно да не е 2,5 или под 2,5см. А овде читам дека и во поодминати недели некои доктори викаат дека 3 - 3,5см било мала должина. Да се чуди човек, да не знае како да се однесува
Да па и јас постојано слушам различни мислења. И според мојот доктор се што е над 3цм е во нормала, но од превентива да се мирува за да не дојде до нешто несакано.... Можеби во поодминати недели препорачуваат построго мирување поради тоа што плодот веќе е поголем и прави поголем притисок. Во секој случај штом сме дотуркале до тука ќе биде уште малку
Да, може е и заради големината на плодот, дека како расте така притиска. Не ми текна на тоа ни па некој ни објаснил. Ништо, ќе слушаме доктори
Да се убацам и јас за перницата мене и те како ми е подобро со неа, но мм колку ја користи тоа е чудо, некогаш од него неможам да дојдам на ред се буди во сред ноќ и ми ја зема, а откако ќе сум се породила тој ќе продолжил да си ја користи
Еве сум и јас со ешерихија коли на микробиолошки ми се појави со стрептокока пијам антибиотик и полигинакс.. а нешо башка не земам за ешерихијава, но чим е добра таа слива да ја побарам и јас.. претпоставувам секаде ја има.. колку време земаш од слививе?
Се мијам со нешто бебешко ама внимавам тоа да е само околу, и општо така се мијам зашто од средства ми се има направено кандида, тоалета за мене е тоа, ама верувам дека и само со топла вида ефектот е тој. Колку ли само уринокултури имам направено и селогаш така