Не од Сомниа Шоп ја нарачав беше и намалена 1190 денари.. на залиха само розевава им беше али супер е небитно бојата Во прилог е мојата
@Autumn_ да да што помалку хемикалии, толку подобро. Инаку ми текна за Ешерихија, мислам @mariz ја имам читано(извини ако сум грешка) дека Ешерихија излечила со чај од семки од лубеница. Еве, ако може нека пише. Мене денес стомакот тврд ми е. Се надевам ќе пушти, ќе почекам. Е сега или утре ќе трчам пак на лекар на дежурен или ќе почекам до четврток. До тогаш ќе лежам. Дефинитивно овие 2 дена што се движев повеќе ми придонесоа до ова. Или освен ако не е некоја бактерија
Многу тешка бактерија е и ретко кој скроз ја искоренил... не ја имам излечено скроз сепак, кога ке падне имунитет пак ми се враќа. Антибиотик џабе си пиев (нз колку пати пиев веќе, џабе), па со семките во секое време се спасувам. Се прави на 1л вода, 20тина сецкани семки, врие 2мин и одма се цеди, да не стојат семките зашто пушта лиги така. Кога ке се олади нема вкус никаков, баш како вода. Штета нема, нека проба, тера многу на мокрење и ја чисти бешиката. По пола литар испиено одма олеснува на симптомите.
Ви кажав јас за перницата дека е топ, живот ми спаси Инаку да, и мм многу сака да ја користи, ноќе се будам тој нога качил од неговата страна, комедии За ешерихија само многу чај од незасладена брусница, плус може лапање така брусница и семки од лубеница. Јас и сега, превентивно, кога јадам лубеница пола семки ги крцкам и ги голтам. @flower30 мислам дека имаш малку поактивно бебе и дека голем дел од контракциите ти се од тоа. Јас знаеш исто дека пишував дека имам контракции уште од 24 недела, а сега додека бебе не мрдаше ради Флостеронот, и стврднувањата 80% ми се намалија. Баш ќе пазам дали ќе се вратат пак сега кога почна да мрда. А за цервиксот, да; изгледа од доктор до доктор е огромна разлика. Тие што се попретпазливи и за 3цм креваат малку паника, други пациентки со 1,5-2 си шетаат без проблем, а на трети цела бременост не им е ни измерен цервикс. Една моја познаничка на 39 остана трудна и се чудеше кога и кажав дека ми мерат секој преглед; вика Мене ниеднаш не ми измерија, а во приватна болница одеше.
Мајки јас како падобранец со едно прашање. Кога се прави втор скрининг? Мене ми закажаа во 22 недела, а од болницата каде што треба да го правам рекоја ќе направиме, но веќе е касно.
Па да ти кажам докторката секогаш вика дека е темпераментно бебе јас на ехо никогаш не сум видела да е успано(фала богу). Секогаш мрда, се врти. Да се надеваме дека е така. Може и не е точно,претпоставуваме ама фала ти, ме смири. Што викаше Бела да верувам во она што ми годи, барем психата да си смирам. А за цервиксот, досега, во оваа бременост секогаш ми го мерат. И да и јас знам трудници што не им мерат до 9ти. А најинтересно е што кај различни доктори, различни се мерките. Последниов пат во рок од 2 дена ми мереа цервикс(во Систина и кај што одам на приватно). Едниот ден 3,5см (во Систина), нардедниот кај докторкава кај што одам 4,7см затоа викам да не знаеш што да мислиш. @Lorins Јас вториот скрининг го правев 21+4 (тоа е 22ра недела, нели)
Мешковци, денес цел ден со болка во стомакот сум, на преглед дури утре. Ви се има ли случено да ве боли горниот дел на стомакот, околу папокот, не менструална болка, туку погоре? Кога ќе кивнам ептен ме сече, не можам ни да се накашлам. Во движење ме боли, ако лежам подобро ми е. Како се наближува ноќта се повеќе се плашам
@flower30 која недела стигна? Те боли ли кога ти се стврднува сега, мене деновиве пак почесто ми се стврднува, не ме боли тогаш па не знам дали паника да кревам, тек 21ва сум. Дефинитивно ќе си барам да ме боцкаат за зреење и оваа бременост, посигурна ќе се осеќам, со овие паники аман
24+5 сум, овие неколку дена имав некои менструални болки. Денес кога ми се стврднува стомакот осеќам плус ко да ми се тегне кожата на стомакот. Сега па мава долу ниско кај вагината мислам дека ме поместува од место. А од кога се примаат тие инекции за зреење?! Да ја прашам и јас докторкава. Денес ми ги донесоа резултатите од крвта и тироидна. Прво чудно ми е што тсх ми се намалил на 2,86 а докторот ми ја зголемува терапијата(4 дена од 50,2 дена од 25мг.) Друго гледам седиментација ми е 29 (Se =29,така пишува). Некои намалени вредности имам, хемоглобинот на долна граница. Во четврток ќе се консултирам и со гинекологот да прашам. @Sofi.ja извини многу што те замарам, ти мислам спомна дека кога ти се појавиле контракциите ти проверувале и седиментација. Ако можеш да ми пишеш колку беше. Јас мислам кај мене е висока.
Висока седиментација е нормална кај трудници, затоа не се ни испитува, да не се вадиме од памет непотребно. На упат од матичната никогаш не ми е ставена за анализа баш заради ова, но минатата бременост испитував еднаш на приватно крв, и седиментацијата ми беше 40. Така да скроз нормално да е покачена За хемоглобинот треба да ти дадат нешто, тој паѓа и нормално е, бебе си црпи резерви од мајката. Се средува, без гајле, јас Фероглобин и Тотхема пиев првата бременост
@flower30 @EvieBabe јас живеам во Грција , еве втора бременост ми е , не ми мереле цервикс досега, а сум 33 недела. Исто беше и со првата. Еднаш ми измерија на вториот скрининг преку ехо - што не знам колку е точно, беше 34 мм. За 6ти месец колку беше нормално , не знам. Овој месец немам одено на преглед , гинекологот ми рече здравје кога ќе се вратам од Мк (здравје негде 10 септември ќе отидам) за тогаш рече ќе ми мери тука некако не се замараат гинеколозиве со цервикс , мерат само на крај пред пораѓање..
Фала ти. Мене па последните неколку пати ендокринолог ми дава упат и за крвна слика, со едно боцкање да поминам и секогаш пишува и седиментација. На последните 2 упати ми пишал и магнезиум и калциум и на овој исто. И сега намален бил и калциумот. За железото пиев јас и во претходната бременост, само пиев таблети Хеферол и цело време ми беше добро железото @koritsaki тука повеќето мерат почесто. Јас па шо среќа имам кај кој гинеколог да идам сите брцаат сондатамене се вагинално ми го мерат. Ваљда сите различна пракса имаат
Јас одам во Плодност таму обавезно ми мерат вагинално на секој преглед. А тука кај матичната и во Скопје на Гак кога ме праќаа прашав цервикс нели мериме ми рекоа немало потреба.
@Adams тоа е, секој доктор различно работи. Ама (доколку не е штетно нели), јас пре би сакала да проверува, отколку после други проблеми.
Јас го правев во 22+1 ,не искоментираа дека е доцна,се виде тоа што требаше да се види,не се препорачува подоцна бидејќи не се гледаат јасно органите на бебето. Јави се во контакт центарот,ќе ти кажат. Спомни на докторката за инекциите за зреење,ништо не губиш,не штетат а може многу да помогнат. Јас ЦРП проверував (мислам дека не е исто со седиментација) и беше во граници на нормала. За седиментација прочитав дека е нормално да е покачено во бременост и по породување. Ај малце и јас да те карам,смири се не туку барај само причини за шетање по доктори Земи прави си список што ти треба за бебе,истражи си какво шише,цуцла ќе купиш, со каков прашок ќе переш,која козметика ќе ја користиш. Најискрено мислам дека во голем процент ми помогна позитивната мисла и види сега дури слободно се шетам,дури и без појас. Продолжуваме со одбројување со другарките Коритсаки и Лара Од денес 33 недела...уште 7 до крајот Бебе мава лево десно,особено кога сака мама да заспие,најитересно време за игра му е Тотхемата ги пијам веќе 5 дена,не се толку гадни како што замислував,ги растварам во сок од боровница, еден час пред ампулата лижам Ацерола-витамин Ц. Следниот петок ќе одам за брисеви,ќе бидам 34+3,се надевам не е рано,па ќе земам и упат за крвна слика да видиме што се случува со железово. Докторката ми пиша утрогестанот до 35та да ги користам,а магнезиумот до 36та недела. Мене стомакот ми е доле,повремено имам киселини ама затоа мочање по безброј пати ај дење,ама ноќе ноќеска 5 пати станав
@Sofi.ja Сови, ама морав да одам, дека во бременост ми дадоа терапија со Еутирокс, па морам почесто да проверувам, не ме карај Инаку, во глобала знам што да купам за бебе,само рано ми е сега. Големите работи ко количка, транспортер, креветче ги имаме. Земавме унисекс боико да знаевме дека второто ќе е машкоДодуша со таа мисла биравме Е сега за позитивната мисла, сега за сега неколку дена добро се држам, искрено после советите од тука. Во четврток сум на преглед па ќе видиме дали ќе се држам до позитивноста или (не дај боже) ќе барам пак совети