1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Мешиња како сте вечерва? :)

    Од шо може да ме стега во деснава ципа не постојано, али ме боли ке ме стегни ке пушти по некоја секунда .. ме загруижува тоа малку, а дури за една недела сме на преглед.. дали е од тежина нешто или нз навистина..
     
  2. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    @flower30 во 28 мислам дека ги примив, една дента и следниот уште една, ништо посебно не знам за инекциите, превентивно беа ама ми рекоа морам да ги примам, не ми значеше тогаш ништо посебно ама многу мирував, многу внимавав од инфекции (на време да ги откријам и да ги излечам) и некако посигурна бев, сега дека и со дете активна страв ме фаќа, не ми ни рекле сега дека треба да лежам ама кога ми се грчи стомакот не знам дали е нормално, ми зголемија доза на магнезиум сега за сега
     
  3. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.323

    Настојувај барем кога ти е стврднувањето да лежиш, да мируваш. Мене ми рекоа за контракциите и Бедоксин 3х1, Магнезиум 2-3 пати на ден и претходно читав многу вода да се пие. Од овде што читав ако се стврдне и пушти тоа се лажните контракции и не се страшни. Ама кај мене на прегледот покажа дека се вистински и затоа рекоа строго мирување. Провери си и сега уринокултура, консултирај се со гинеколог и за брисеви. И секој слободен момент одмарај, барем во полулежечка позиција.
    За инекциите ќе ја прашам докторката утре.
     
  4. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Добро утро мешиња.
    Јас синоќа имав некоја тапа болка во стомак, како ептен блага менструална, како притисок внатре, како настинати јајници, незнам да кажам. Беше прилично свежо надвор, јас со отворен прозор до мене, по долен веш само...
    Болката не беше проследена со стврднување или нешто слично.
    Во тој момент бебињата активни.
    Се напив магнезиум, облеков долга спавача, се покрив и заспав. Еве сега фала Богу немам болка, ама почнувам веќе да се осеќам тешка. Можеби лесниот дел од бременоста помина за мене, м?
    Бебињата машала големки се веќе, по едно килце и повеќе има секое бебе. Матката дупло оптеретена можеби и затоа беа болките. Стомакот чеша. Нека чеша, нека не боли.
    Инаку сум 26+. Нормално ли е?
    Јас досега сум навикната ништо да не ми е, ама излегувам веќе од златното доба. За некој ден здравје во 7 влегувам.
    Плус, ја чувствувам кичмата расшрафена...
     
    На Autumn_ и Sesil им се допаѓа ова.
  5. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Почни да го мачкаш стомакот (ако не си почнала веќе) штом те чеша; значи се шири/тегне кожата. Мене мн ми се свиѓа маслото на Еуцерин против стрии, ја прави мн мека и го запира чешањето.

    А нормално е да се осеќаш “тешка” со две бебиња од по килце; јас имам едно од кило ипол па се чудам како ќе расте, како ќе се шири стомак во следните 5-6 недели - ај што се чувствувам тешко туку стомакот ми е толку полн и “натискан” што имам чувство дека нема веќе место внатре. Ама мора да има :) ќе се шири некако ваљда. Мене удобноста ми прекина точно со влегување во трет триместар. До тој момент бев како са не сум трудна уопште. Ама кај тебе се две така да нормално е и порано да е.
     
    На Autumn_, Sesil, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  6. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Мачкам @EvieBabe со пантенол маст и кокосово масло. Е тоа, јас така се чувствувам најголем дел од времето и сега нелагодноста ме исплаши :D
    Баш минатата недела бев кај матичната и ми рече дека ми се ближи тешкото... Не се плашам од ништо, се ќе издржам, само бебињата да ми се добри. Ако било која болка нема влијание на нив, јас нема уста да отворам.
    Убав празник денес мешиња, Богородица на помош на сите!
     
    На bella.gk, Lavica2602, Autumn_ и 8 други им се допаѓа ова.
  7. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.323
    Добро утро(не кажав прееска),
    Ми стигнаа резултатите од уринарен статус - чисти ко солза:)Пред 2,5 недели резултатите од уринарен статус беа сите со повисоки вредности, и без терапија и ништо не пиев, сега се супер(facepalm).
    Е сега дали се точни резултатите(оти ме пече кога мокрам) или јас не сум направила се по пропис:)(ноќеска станувам по еднаш за во вц, не можам да издржам цела ноќ, па сабајле однесов урина) не знам. Уринокултурата, според ова, знам дека ќе биде чиста.
    Утре веројатно брис ќе ми земе(ми спомна др. дека само брис од вагина, оти останатите биле сексуално преносливи, а немам односи цела бременост).

    И така, ве погњавив од сабајле, извинете:)Еве едно кафе од мене за гњавењето:coffee:

    И среќен празник, Богородица мајка да не чува нас и нашите бебенца.
     
    На Autumn_, Sesil, Sofi.ja и 7 други им се допаѓа ова.
  8. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Цвет немој да се стискаш за во тоалет. Полошо е така. Оди толку пати колку што ти се оди. Добар примерок за уронокултура си дала, не се секирај.
     
    На Sesil и flower30 им се допаѓа ова.
  9. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.323
    Станав некаде пред 5ч и викам ај може ќе издржам до 7.30ч:)Ама после ми текна дека ем не е убаво, ем нема шанси толку да издржам:). Јас и онака си одев ноќе во вц. Во првата бременост повеќе бев во вц отколку во соба:). Штом се породив, може пола година и повеќе не се будев ноќе за вц(освен ко си дежуравме со бебка:)).

    Инаку за стомакот, јас користам павловичева, екстра мрсна е. Ама среќа во првата бременост немав стрии и до сега е така. За до крај ќе видиме:)
    Колку ми е смешно за стомакот, со ќерка ми кога бев трудна стомакот ми почнуваше одма под градите. Сега почнува од средина на стомак и мм се смее, вика ко лубеница да имаш напред:):). Ама и ниско го носам.
     
    На Sesil, Sexybaby86, green.eyes и 2 други им се допаѓа ова.
  10. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Досега и јас немам стрии, а машала мешка голема е. Јас мачкам со пантенол маст на галеника. Таа во аптека ми кажа дека дури и при подој здравје, не треба измивање. И градите ги мачкам со неа. Барем знам дека освен декспантенол друго ништо не содржи и безбедна е. Назнам дали до крај ќе распукам со стрии? Не ми е ни важно всушност. Меше ми почнува од под гради. Едното бебе мислам во градите е сместено :D Со рачињата во градите ме бута.
    Да, па најверојатно од тоа зависи, каде е сместена бебка. Горе-доле не е битно. Нека е полн стомакот таму.
    Што ти е гајле, најубаво лубениче си имаш :)
     
    На Pocahontas9, Andonia, Sesil и 5 други им се допаѓа ова.
  11. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.323
    Јас мислам дека штом до сега немаме стрии ќе нема ни до крај(кај мене така се покажа во првата бременост). Ама се мислам прочитав овде една трудница дека при крај и се појавиле, па ќе видиме:) Ама тоа е најмал проблем;).
    Јас инаку заборавам да се мачкам, ич немам навика, ама фала богу ни ме чеша стомакот ни имам мака и затоа заборавам(ах, ете ми една добра работа во оваа бременост:):):D,освен бебуш нормално:inlove:).
     
    На Sesil, Sofi.ja, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.281
    Допаѓања:
    28.013
    Девојки на преглед вчера докторот ми кажа дека имам лакуни на постелката, и да испитам пак ддимери на трансфузиологија. Ме виде и на доплер кажа дека се е во ред, ама ми остана во глава мисла да одам на уште едно мислење.
    Има некоја искуство со лакуни на постелка и што значи тоа ? Некако се исплашив додека бев таму, сама бев, па не ми текна ништо да прашам.
    31 недела сум, бебе е таман за неделата (малку поголемо).
     
  13. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.323
    Мешиња, јас се извинувам за многу глупавото прашање, ама што е тоа доплер?!
     
  14. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Мајки правела некоја приска 2? Во 12 недела го направив само скринингот на приватно, добро беше се, ниту ми препорача некој ниту јас сакав да ја правам прискава, арно ама кај матичнава морало да има документ во картон дека сум ја правела (facepalm) и сега имам упат за на клиника на 12ти за приска 2 и втор скрининг, тогаш ќе бидам во 18 недела, некако не е рано за втор скрининг?
     
  15. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.323
    Како бре мора Приска 2(facepalm)Ова е ново, пред 3,5години ни беше обавезно, ни те тераа да ја правиш. Мене сега ништо не ми кажа матичната, а 24та недела сум.
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.281
    Допаѓања:
    28.013
    Со доплер се мери срцевата работа на плодот и дава податоци за неговиот развој. Покрај срцевата работа, со доплер се испитува и папочната артерија, и го мери протокот во артерија која се наоѓа во папочната врвка. Овие параметри покажуваат уреден раст на плодот и нормална функција на постелката. Мене ме мереше заради овие лакуни, ама не го прашав што значат лакуните. Ќе одам со резултати од трансфузиологија за некој ден па ќе го прашам, ама додека чекам некој ако има искуство да сподели.
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.407
    Допаѓања:
    18.647
    Од 18 до 22 недела се прави втор скрининг.
    Лакуни на постелка укажуваат на покачени д димери,ќе испиташ преку крв,ако се над дозволеното ќе ти прешише трансфузиологот инекции клексан (против згрутчување на крвта). Можеш и дома да се боцкаш,зависно од состојбата еднаш или два пати на ден.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.407
    Допаѓања:
    18.647
    И јас неколку недели не се мачкам,претходно ќе видев сува кожа и одма ставав или масло или млеко за тело,сега последнава недела ме чешка околу папокот:doh:
     
    На flower30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    2.384
    Морало или првата или втората да се направи, јас пошто не ја правев приска 1 ми даде упат за приска 2, ич несакам да ја правам, стресови да си стварам, ама коректна е матичнава и ради неа ќе ја правам, инаку @Sofi.ja ja сменив матичната, не идам веќе кај твојата :D
     
    На Sofi.ja и flower30 им се допаѓа ова.
  20. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.896
    Допаѓања:
    142.323
    Е за доплер не сум ни чула да ми спомне докторката. Ќе треба и тоа прашање да го допишам на списокот со прашања:D:D Сериозно, смешно е, ама некогаш одам со ливче со прашања:$оти секогаш заборавам да прашам и вака ми е најсигурно. Луда, знам:$:drunk:

    А за Приската дека обавезно мора да се направи, не знаев. Ама ни матичнава нешто спомнала.

    Софи, кога имаш потреба мачкај. Јас сега за сега неам мака, за надаље:)ќе видиме.

    Леле луѓе не знам вас дали така ве "шутираат" бебињата:)ама стварно потскокнувам како ми мрда во стомак, ко бранови ми прави:D
     
    На Sofi.ja и dunika им се допаѓа ова.