Лејла и јас не сум правела Приска. Скрининзите ги правев во Ремедика кај Петрова. На првиот скрининг кога вусшност и се прави Приската таа ми рече дека немам потреба бидејќи мерките се добри, а и годините не ми се за да морам да правам. Над 35 задолжително е, јас имам 29. Возраста е еден од индикаторите, затоа ти ја спомнувам. Вториот скрининг исто го поминав само со скрининг. Бебите беа добри. Плус нешто да испитувам не ми рече. Сега здравје исто кај неа ќе правам и трет скрининг во 28 недела (обично за близначиња се препорачува трет скриениг) па секако ќе пишам овде како сум поминала. Мислам дека немаш потреба од Приска, кажи и на матичната дека ти така си одлучила..
Па и јас првиот скрининг го направив во Систина кај др.Димчев, добро беше се, тој ми рече дека нема никаква потреба од приската, ми објасни дека тоа е само статистичка пресметка и дека сум бремена со две (а тоа не го земале во обзир во лабараторија) можно било да ми издадат грешни параметри и да ме извадат од памет и да треба да правам понатамошни испитувања, а нема апсолутно никаква потреба од тоа.....мене искрено цело време умот ми одеше во тој нифти, но се консултирав со 3 ца доктори и сите ми викаат нема никаква потреба од тоа, дури еден доктор ми вика замисли на што ќе личи ако сите трудници ги тераме да го прават тој тест и да плаќаат по 600е, можеби имаат право незнам.... сега некако сум поопуштена и не размислувам толку, цело време си викам како што сака Господ така и ќе биде, јас и да отидам кај најдобрите доктори на светов и да ги направам сите можни тестови ако треба нешто да се случи, ќе се случи! Зато мамички колку што можите бидете опуштени, уживајте во бременоста без негативни мисли и стресови, голем е Господ и среќен нека ни е денешниов празник
Мене редовно ме гледаат на доплер поради анемијата моја гледаат дали доволно крв оди до бебе. А за шутирање не кажувај по цела ден скокам браниви и стомакот знае да отиде кога на лево кога на десно а понекогаш знае и да заболи кога ќе мавне
Добар ден мешиња , за многу години денешниот празник Пресвета Богородица и среќен именден на вас што славите Како сте? Јас бев во црква и тоа 11 саат печеше сонце што да ви кажам, мислев ќе припаднам негде.. запалив свеќа за здравје и си отидов , не можев ред да чекам да влезам в црква...толку тешко ми дојде , од таму низ Веро центар се прошетав и си дојдов дома. Ептен да морам па ќе излезам , инаку не излегувам.. опасно е за сите, а за нас трудниците да не зборам. Па ме нервира времево, поручек ќе се наоблачи, и си викам ќе заврне да разлади и ништо Гледам сте коментирале за доплер, јас мислам и гинекологот ми спомна за ова дека ќе го правам за две недели (тогаш 35та недела ќе бидам) , е сега за цтг не знам кога ќе ми прави , ама изгледа чим влезам во 9ти - барем за првото дете така беше.. Сакам да ве прашам тие лажни контракции како ги чувствувате? Јас стомаков стегнат не го чувствувам туку некои испакнувања , те лево , те десно , ваљда не се такви контракциите
Среќен празник на сите нека е. Богородица да ни дава здравје и среќа на сите. Јас денес слободна сум па цел ден се излежавам. Ноќеска дали дека спиев со отвотен прозор и откриена ме боли доле ниското кај половината, едвај мрдам. Бебуш машала се поактивна е. Сабајле во 5 не разбуди сакала на мајка нешто да и каже Маж ми странство фати, јас сама дома. Ме фаќа некоја депресија, се ми смета, се ме нервира. Си ја наполнив кадата и сега уживам, да се опуштам малку. На работа ич не ми се оди. Бараме и друг стан, да се преселиме, ви кажав, се ми смета, не ми се допаѓа веќе овој каков е. Иначе за мачкање сега се мачкам со тоа кокосово масло, до сега нема никакви стрии, за понатака ќе видиме. Инаку у фамилија нема никој со стрии, може јас ќе бидам изрод хахахах Имајте убав ден сите
@koritsaki испакнувањето на мешко е положбата на бебето изгледа. Јас особено навечер кога станувам за во тоалет имам деформиран стомак. Едната страна испакната подоле, другата како набабрено газе кај ребрата. Се гледам на огледало, се смеам и се расонувам Ич незнам да ти кажам околку контракции, појма немам какви би биле. Мешиња значи стомаков мислам преку ноќ уште толку ми рипна. Може и затоа осеќав болка синоќа. Од вчера до денес има разлика. Охх, души златни, нека ми растат само. Ако треба, стоење на глава ќе издржам до 9 месец
Старлич и јас укочена се разбудив утрово. И јас спиев со отворен прозор, на гаќи и маичка само. Ставам фротирка врз половина обавезно ама кој знае... Од тоа ти е дефинитивно.
Имам слушнато дека трудници не треба да седат во вода, да се бањаш во када. Може овој податок не ми е точен, ама ми е останато во сеќавање од претходната бременост. Еве ако знаат други трудници нека пишат, ако не се извинувам за грешката
Како така несмеат, епа тоа најмногу ме опушта. Уште лежам во када. Ако пише уште некој дека е вистина ќе станам
И јас знам дека не треба Старлич, само не сакав многу да паметувам. Доста ти е, ставај. И друг пат направи тушот да те опушта
Тие се брекстон хикс, баш како што ги опишував - кај мене најчесто се испакнува левата страна и му ја гледам формата на главчето на бебето. Делува како да се деформира стомакот Понекогаш се стега од десната страна, понекогаш од двете истовремено; најчесто кога лежам на грб или дур се вртам странично и си се враќа во нормала по 5-10 секунди. Се убив од читање по интернет дур сфатам дека тоа е тоа...
топлата вода има фунција да ти го отворе грлото на матката затоа пред пораѓаи се препорачуваа лежење во када со што е можно потопла вода за побрзо отварање и породување општо познато е дека за време на бременост не треба топлина на стомакот исто не смееш да седиш и до шпорет,термопечка
Благодарам на одговорот. Навистина не знаев за ова. Инаку водата ми беше млака накај топла. За да се разладам малку. Ама нема врска. Нема веќе да практикувам така.
Не треба се киснеш во када. Само на трудници пред пораѓај се советува лежење во када со топла вода за да омекне грлото и се создадат контракции побрзо, инаку не е пожелно. Така да прекини додека да дојдеш пред пораѓај И кога се тушираш, немој со топла/врела вода
И јас знам дека не смеат и топла вода при капење дали е туширање, а најмалце лежење во када бидејќи тоа го прават трудници пред пораѓај за полесно да се отвори..
Регуларно матичните треба да имаат кај нив доказ од брисеви, приска и слично, ама ако ти не сakaш да правиш може да си пише во картон дека си одбила, тоа е за нејзина заштита уствари
Здраво девојки со мешиња За многу години празникот на оние кои слават Имав термин денес,сега се враќам од лекар.Се е перфектно според д-рот,леле мрдање тоа гравчето,не ми се веруваше дека може толку мало суштество да мрдка Вчера по трет пат ми се јави глупавиот кафен исцедок,колку и да знам дека не е опасен,ми ствара немир.Среќа имав преглед денес,ке полудев. Колку лошо спиев вчера,сега сум мртва уморна. Од последниот пап во Април имам 4,5 кг помалце,ама д-рот рече бебуш ке си зима се што му треба.Плус голема и висока женска сум јас,нема простор за паника Го прашав за патување,треба да одиме на одмор во недела,рече да пазам на нозете,имам видливи вени а пијам Аспирин,па ризикот за тромбоза е поголем,за бебето не пречи,само да правам почести паузи.Сакав да му речам,кога не возам нозете ми се качени на шал табла секогаш,ама сега тоа ми е но-но,ризично е. Ајде чус,ве удавив со километарски пост