A nekoja preporaka za venite dali ti dade .Jas nemam problemi onaka ama vidlivi se i na psihata mi mavaat , a mojot doktor kazuva samo normalno e i nemam nikakov tretman.
Само да прашам уште ова и денес не ве замарам веќе. Од прееска бебето силно ме клоцаше долу, мислам дека и кај усните на вагината го осеќав. Може цел саат ептен клоцаше, маваше.Паралелно и нагон за мокрење. Претходно ја имам прашано докторката, ми рече дека ниско го носам, затоа. И сега дури ме боли, не мрда сега така и дури болка во усните на вагината осеќам. Првпат ми е вака, прееска ко со нож да ме сечеше долу. А стомакот ми е стврднат горе, ама и вчера ми беше така. Утре сум на контрола. Сега има место за паника или нормално е? Ви се случило ли вака на некоја од вас
Исто и јас го носам ниско ми се случува и мене како да ме сече да ме боди и понекогаш ми е цврст стомакот а понекогаш не. Боли од ударите што ги прави и притиска на мочен меур јас постојано сум во вц мислам уште малку таму ќе се преселам
Браво Дуника! Нека си се развива бебенцето и за едно 5-6 месеци да си прашуваме за совети околу пораѓај на форумов Јас на 10 септември сум на контрола, може и прв скрининг ќе испадне. Тогаш ние ќе ја видиме главата на нашето бебче, може и рака ќе ни мавне Лелеее, едвај чекам од икеа да си бираме креветче, лигарчиња, кадичка... <3
Сега богами се надмина може па дека и расте па сега повеќе го осеќам. Мене страв ми е заради контракциите, инаку ок е.
Многу го осеќам кога ме шутира надолу, ме сецка од болка и непријатност, мало е за така да го осеќам ама ете... инаку викаат да се пие вода за бракстон хикс, ама јас штом се напијам бебе мрда и пак ми се грчи стомакот
Да ве поздравам мешиња Решив на воздух да излезам после 5 дена дома, не можам да дишам дома се гушам. Не ме боли стомакот, можда 2-3 пати ми се згрчи дур правев ручек за малото и толку. Ама зато сега градиве ме умреа. Цел ден ме болат, подуени, боцкања кај брадавиците. Дури од ко се искапив заприметив на двете по една бела капка како протекува. То и вчера осетив водено од десна страна ама не обрнав внимание. Не беше жолто, туку баш како млеко. Си викам рано е 33 недела, појма немам. Не се сеќавам претходно дали вака ми беше. За многу години празников Богородица
Јас пред 3 недели се јавував на докторката да прашам, дека така ми беше и ми рече дека ниско го носам и повеќе се осеќа. Ми рече(дека лежам цело време) да се вртам на страните, за да не иде целиот терет на едно место. Јас па сега секаде го влечам шишето вода. Мене сега што пијам вода не ми помага нешто којзнае колку.
@SanelaS не ми даде никаква терапија,не е страшно,само треба правилно да се седи,не долго со свиткани нозе,редовно движење(20мин дневно пешачење) заради правилна циркулација,врела вода од туш дуректно на нозете исто треба да се избегнува...Ова важи мислам за сите трудници,особено во поодмината бременост кога веќе има отоци.
Како се справувате со отоците на нозе незнам дали е од жешкото ама почнаа да ми потекуваат денеска посебно цела ден ми се потечени и врели си ги ладам со ладна вода ама нешто не помага многу. На друго место немам оток само на нозете прстите како ќебапи ми се
Исто и мене веќе неколку недели ми отекуваат. Почнаа прво прстите,па сега и делот над прстите. Пред некој ден седев на прослава 5 часа огромни ми беа како оси да ме испокасале. Ноќта ме болеа во спиење.. Мислам дека нема лек за тоа, ми спомнаа облоги со борова вода ама дека моментално го смалува отокот и после пак јово на ново.. Кога лежам преку ден ги кревам на перница,колку -толку помага.
Сите се жалат на ова, другарка моја од 5 месец не можеше ништо освен папучи и гумени сандали да облече и некако го очекував цело време, ама дали дека многу лежам, јас немам никакво оточе на нозе - буквално исти ми се како да не сум трудна. Можам слободно најтесните и највисоките штикли да ги облечам Е колку ќе можам да одам во нив со овој стомак е друга работа
Мене постојано ми се отечени и мислам дека само во нозе ме гледаат и сите (ама ти се отечени). Матичната ми кажа да не јадам солено и да ги кревам нагоре на перница. Плус да ги ладам со вода
Да и на мене ми отекуваат нозете , од крај на 7ми месец почнаа да ми отекуваат при долго стоење/пешачење. Понекогаш имам чувство дека прстите ми се огромни. И во пределот на зглобот се гледа малку отечено. Колку можете одбегнувајте стоење
На другарка ми една докторка и рекла да јаде појќе белка за отоците. Немам пробано да видам дали делува сеуште. Досега 2-3 пати ми имаат само отечено кога сум била цел ден активна на нозе. Помалку солено, повеќе вода, кренати на перница, одмор и то е то, нема друго. Уште малку ќе издржиме па нема ваљда да е олку жешко.
Едно прашање до тие што земаат Еутирокс во бременост. После колку време откако ви ја смениле дозата се прилагодува организмот отприлика? Пиев 50, ми ја зголемија на 75. Од минатата среда сум на 75. Првите 3 дена ок ми беше, од викендот наваму не можам да спијам, се будам не заспивам после, благи тахикардии како да осеќам (претходно никогаш сум немала), апетитот ми е нула што е многу невообичаено.... Мислите до терапијата е или само до бременоста? Во првата бременост немав проблем со тироидната па не ми е баш познато како би реагирале трудници на промена на дозата.
Мене неколку пати во текот на бременоста ми ја сменија дозата.Имав тахикардии,ама на апетит не ми влијаеше. Треба време додека се навикнеш на таа доза,и додека ја погодите. Проверувај си ги сега почесто хормоните и ќе биде ок,не се секирај Иначе друштво ве читам кога можам,и многу ми фали темава. Ве гушкам сите и уживајте колку можете. Јас не знам ни кој ден,ни година е Ама вреди за се кога ќе се стутка во вас и ќе се гушнете
Добар ден, Денес малку ми се намалија стврднувањата, ама синоќа малце ме фати паника. Маваше бебето долу ниско. И ми се стврднуваше стомакот и нагон за мокрење. И малку испаничив, ама легнав и сум заспала. Денес тоа е подобро, ама сега имам тахикардија и раце и нозе ми се тресат, мислам ќе се онесвестам. Претпоставувам дека и хемоглобинот на долна граница замешал прсти за ваквата состојба. Денес ќе прашам да пијам нешто за железото(уште за тоа немам апчиња). Се си мислам дека и нагонот за повраќање што ми е деновиве ми е од тоа.
Најпрво провери го хемоглобинот и осигурајсе дека од него ти се тие симптоми, но никако не ја исклучувај можноста дека стресот што го доживуваш дава таква реакција (такихарција, стресени раце-нозе....а и повраќање секако) со помин да е и само смирено