Провери си железо обавезно,јас немав некои симптоми посебно, кога направив во 7ми месец ми беше паднато на 4.2. Баш се изненадив зошто мислев само во почетокот дека паѓа,а тоа уствари на крај уште повеќе паѓало бебето си црпело. Сега си пијам тотхема,за 10 дена ќе правам крвна слика да видиме до кај сме
Од железото да имаш нагон за повраќање? Не знам за тоа, мене ми е исто така слабо, а ми се лоши цело време затоа прашувам. Додуша јас не испитав серумско железо, само хемоглобин, 94 излезе па се кладов на терапија со тотема. Оние болки кои ги имав во.стомакот докторката ме пушти за испитување на џигерот, пошто ме болеше на допир. Може да е џигерот потечен, болката беше страшна буквално За среќа резултатите се во ред и најверојатно болката е мускулна, сум се напнала отповеќе што не е чудно, со мојот термит дома Мм додека ме болеше ептен ми одеше по г*з, а откако му рекоја добра сум, ми вика не те жалам веќе Сум се здебелила 3кг, што е страшно оти е во рок од 1 месец, па можно ли е ? Инаку бебо се изедначи со неделите, нели на почеток доцнеше 10 дена, сега е точен, значи сега сум 24+2. Остана помалку од пола, едвај чекам нели, 100 пати имам повторено
Еве ми ги резултатите. Јас вака ко што гледам само хемоглобинот ми е до долна граница. Имам читано дека од слабо железо може да се јават тахикардии, малаксаност и ми останало во сеќавање и нагон за повраќање. Затоа си помислив. Ќе видам после со докторката, што ќе ми предложи Од денес 25та недела
И мене отприлика тука ми е терминот, ама планирам од 1 декември остатокот од одморот да си го земам, па после породилно. Рачунај колку порано го отвориш, порано на работа ќе се вратиш.. 9 месеци само имаш вкупно.
Па така планирав, од 1 декември, до 9 зимски одмор, и после на породилно. Мислев да не има некое правило од кога мора. Фала ви.
Не е 28 дена? Ја сакам сега одмор да користам една недела и после би ми дала боледување матичната смее? Ама не трудничко, она што е две недели..
Женски, дали практикувате некои вежби по дома, колку често и што? Јас од денес сум 16 недела и се мислам дали да почнам некои вежби со пилатес топка, но не сум сигурна дали смеам и какви точно Тханкс
Мене ми рекоа дека морало 1 месец пред термин да отвориш боледување, што реално не ми одговара. Јас сакам колку можам повеќе да одам на работа за да имам повеќе време со бебето после. Инаку краен термин кај мене е 31.12.2019
@flower30 Зезаш ма? Каква долна граница ти аи како фитнес тренер во резултатите 117 хгб е ништо наспроти моите бедни 94. Црвените крвни зрнца ти се полни, по овие резултати.Ти може да се одржуваш само со исхрана, без таблети до нареден месец, па после пак ќе провериш, нормално е да е малку паднат, засега си супер
Леле ме изнасмеасо мојот целулит и салце околу стомак само за фитнес тренер сум. Ама спомнал ендокринологот кога и ги давал резултатите на свекрва ми за железото дека може ќе треба нешто, ама гинекологот ќе кажел. Ајде после 5ч. ќе ви пишам што ми кажале. Денес ид страв сум испила 2 чаши од боровница, дури две Толку немам испиено за цела година.
И мене ме интересира дали ќе ти даде нешто, стварно ти се добри. Хгб повисок од.долна граница, а железо 14ка, супер е тоа. Мене за ќерка ми дадоја као превентивно кога ми беше хгб 100. Затоа мислам дека нема да дадат кај тебе. Боровинките сега се во сезона, купи си и прави си смути. Или цвеклото, ( го мразам). До медот со коприва не сум стигнала, ќе ја терам свеки да прави
И јас кога бев трудна со ќерка ми пиев Хеферол(ама не може да ми текне колку ми беше железото), и јас повеќе превентивно го пиев. Јас многу сум несериозна ако треба преку храна да го средам железото. Цвекло имам во секое време, свекор ми сади. И само еднаш до сега јадев(јас го јадам ко салата, мака неамтака и брокула и спанаќ јадам). Е за боровинки свежи не ми текнало, можам да пијам во смути така барем и други витамини ќе внесувам Мед имам дома, си стои цел во теглаза ќотек сум јас
И јас сега викам да се договорам секако, ако може да пијам превентивно. Зошто до контрола на к. с. нареден месец може пак да падне. А многу работи (од овошје и зеленчук) не можам да јадам, многу ми влијаат на столицата и стомак ме боли.
Супер ти се мила резултатите не се лоши. Со храна ќе се среди прави смути од цвекло морков и една рака аронија може и мед да ставиш не е толку лошо а одлично е за крвната слика. Јас утре ќе проверувам па трески ме тресат како ќе биде резултатот од сега бебе најмногу зима па изгледа пак ке си ја посетам хематологија. Инаку прегеска прочитав за отоците биле добри бананите а исто и за киселини кој има ( јас си имам и од двете )
@flower30 @BirMelek Кога пиев Тотхема ми се лошеше и се утепав од повраќање. @Larahappy ми предложи Фоловит Феро да пијам и уште истиот ден бев ко нова. @Starlič @Cherry333 @Vanessa9li според Закон за работни односи мора 28 дена пред термин, а може 45 дена пред термин. Знам дека има жени што земаат непосредно пред термин, ама тоа е незаконски, и можеби никој нема да казнува трудници, иако можат, не знам како гинеколозиве не се плашат од казни. ЕДИТ - Користам прилика да и' се заблагодарам на @Larahappy за корисната информација.
Мене веднаш ми ја покачија од 125мг на 150мг, тсх тогаш ми беше 4,6... Сега сум 15 недела сеуште сум 150мг, а за иделна состојба во бременост тсх треба да е помеѓу 1 и 2 во прво тромесечие, ако се покачи се зголемува и терапијата. Така бев и за првото еве и сега за второто... Редовна контрола секој месец и немаш мака