Мене страв ми е нагло да не падне железото, а ко што кажав многу сум тешка за внесување витамини преку храна. Затоа со апченца неам проблем Ајде ќе биде добро и кај тебе, може па се ќе е во ред, без сруги малтретирања. Дај боже се да е добро @kockichka а за тотхема имам читано доста трудници дека не ја поднесуваат добро. Ако треба да пијам ќе барам други
Мене ми беше 4, ама без испиена терапија, овде тироидните хормони се испитуваат исклучиво без терапија тоа утро кога се зема крв. Знам дека до 2 треба да е најмногу тсх, испитувањето ми доаѓа за 2 недели и некој ден, што и не е некој период што нема да издржам. Не дека имам некои посебни тешкотии, само тоа што кажав погоре, ама не е нешто загрижувачко, далеку од тоа Ќе почекам следно испитување, освен ако не почнува да се влошува состојбата со симптомите, нормално тогаш доктор одма контактирам.
Не знам за матична,знам за комисија дека после 34та недела не дава боледување. Треба да прашаш,можеби ќе може да ти даде. За еутирокс да кажам, мене ми зголемија доза уште пред да останам бремена,ми беше покачен ТСХ. Следев состојба на 3-4 недели на почетокот и секогаш беше под 2, последен пат бев крај на 5ти месец и ми пиша контрола по породување. Пред некој ден имав силни тахикардии,одма сите ме прашаа за тироидната и почна да ме јаде јанѕа малце дека не сум ги проверила хормоните 3 месеци Да не случајно се пореметиле...
со тсх 4 ти зголемиле доза што е ок мене докторката ми објасна дека треба 2месеци да се пие терапијата за да даде реална слика како делува на тсх значи сега треба да пиеш 2месеци од оваа доза за да се виде таа доза до колку ке може да ти го симне тсх значи 2месеци треба симптомите што ги имаш се од висок тсх после полека ке се стабилизираш некаде за две недели до почетокот на терапијата
Девојки, збунета сум малку, 12 недела сум, проверив тсх, пред 1 месец беше 2,33, сега 2.56. Докторката не ми ја зголеми терапијата. Ми се смачи веќе банкнотирав од испитувања на тсх пошо сѐ приватно правам
Знам дека треба време да се прилагоди организмот на новата доза, ама хормоните (сите) нели многу варираат во прво тромесечие. Докторката кажа дека ќе се испитува тсх на минимум 4, максимум 6 недели. Ќе проверам за 2 недели пак, барем да не го мислам дали е ок или не е
би требало да ти зголеми веќе доза, ете ипак се качува, е сеа сите различна вредност сметаат за безбедна, мојата др до 2 рачуна за ок, над 2 зголемува доза, среќа па од коа ми зголеми доза, 50мг пиев претходно секој ден сега 5ден 50м и 2дена 75 ми се нема качено, околу 1,70 ми е. А зошто не си земеш упат од матичен за тсх? Само за тсх можеш и од општ матичен
Во право си, во процес на промена на матичната сум, воопшто не ми се погоди. Ќе побарам и второ мислење од интернист секако. Ти благодарам за мислењето.
Зависи што и колку си вежбала порано, зашто знам дека не се препорачува почнување на сосем нов вид на вежби во бременост, освен ако не е лесна јога. Јас јога вежбам со години, ама до кај 16та недела не вежбав, па после си почнав од најлесни работи. Ако не можеш сама, има на Јутуб супер видеа за трудници. Топката решив да ја оставам за понатаму (26та сум), гледам тука ја препорачуваат во втората половина на третиот семестар како подготовка за пораѓај, па ќе почекам. Со лесно!
оти еден месец пред термин? Мене ми отворија ден пред да се породам. Матичниот ко ме прати на одделение охрид ми даде и 7дневно боледување а со отпусната листа ми го преиначи во породилно.
Многу се добри, матичната ептен ми дава добра терапија. Мислам дека кажав ми намали едно апче со две витамин ц. Освен тоа др ми кажа дека ги подобрува и другите вредности на крвта. Железото ептен ми падна потоа брзо се врати.
Завршив со преглед. Бебето е добро, си одговара на неделите, се е добро. Грло на матка затворено, цервикс ми рече 5см. За тироидната и неа ја прашав, ми рече дека како расте плодот се качува и тсх и затоа зголемуваат терапија. За железото и докторката ми рече дека е добро, ама превентивно ми даде Сидерал, дека ќе почне да паѓа сега побрзо. Однесов брис за проверка, па ќе видиме. И мирување, секако. Во среда сум на преглед на ЕМГ па ќе видиме и таму што ќе кажат. За скриен шеќер и д - димери ми рече дека и не мора дека немам индикации, и во првата бременост проверував, беше се добро. Тоа е од мене за денес
@Larahappy @bela.m леле дај боже вака да биде добро. Мм ми вика, сега прегледов колку време ќе држи влагаВика 2 недели доста се, после пак паника. Па ако е точно мерењето на цервиксот(бидејќи пред 3,5 недели и во Систина и кај матичната ми измерија 3,5см), тогаш лежењето дава резултати. Си го видов бебче, отвара уста, си кулира најдолу му е газето од една страна, ноџињата од друга и бутка ли бутка. Ми рече дека тежи 780гр. Претходно може ве прашав, заборавив - со 26+1 се влага во 7ми или со 27+1
Мајки денес ја добив перницата, значи воодушевена сум, прекрасна е, не очекував дека ќе ми се допадне до толку има убаво полнење, меко, квалитетно, прекрасна памучна навлака што се вади и пере... преудобна, да си ја нарачате нема да погрешите