Женски, денес последен ден од осми месец, од утре деветти, cheers Утре сум на прв преглед во Чаир кај Зоран Илиевски, па ќе ви пренесам како сум поминала.
Девојки ми се појавија некои благи грчеви во стомакот како менструални бебе го чувствувам удира клоца стврднувања немам во стомакот па незнам дали да паничам или е нормално 28+5
Адамс истото чувство го имав пред два дена. Јас сум точно две недели "помала". 26+5 сум. На своја рака си зголемив доза магнезиум бидејќи чувствувам дека имам потреба. Да не си изморена нешто или имаш спиено со отворен прозор?
Да. Точно. Ама од 36 тековна а не 36 полна. Ај хелоу и од мене. Денес ко да залади малце, па личи ко да ќе се дише конечно. Тоа ме радува иако уште е толку жешко да само што дишеш се потиш. Вчера донарачавме работи за бебе што ни требаат. Стигна и нешто облека што имавме нарачано. Мислам дека ќе се комплетираме наскоро. Почнав да се занимавам со документи средување, па и од мк ми спремаат да ми пратат викендов. Е таму со вадење изводи и полномошни беше интересно, ама не ни очекував нешто помалце од македонската администрација. Денес на преглед. Урина ок. Крв ми земаа, па ќе видиме следен пат. Претходниот железото ми било малце покачено - од 9.7 на 10.1.. па продолжуваме со апчињата два пати на ден. А од денес резултати следната недела. Верувам дека треба да е овој пат доста покачено, особено што почнав и со храна секој ден - од вечер закиснувам во вода чиа со овесни снегулки и суво грозје и плус семе од коприва.. оставам во фрижидер.. и следниот ден додавам праска ладна и мед.. и тоа ми е доручек веќе 2 недели. Плус пијам апчиња. Па очекувам дефинитивно подобар резултат. Килажа - ослабена сум од претходно како што и мислев. Ама на жешкото не ми се ни јаде искрено. Иако признавам - јадам благо и сладолед.. ама не ме интересира каде одат, сѐ додека ги нема на вага )) После следеше преглед - грло затворено, сѐ во ред. Додека седев така расчепена си велам ај да прашам за брисеви - не правеле тука на крај на бременоста - по желба. Е ај велам имам желба - не е ни многу скапо. А навика дека во мк стандард се прават во 9 месец. Зема брисеви. После ехо - само за да видат положба оти кога бев на клиника беше карлично, па рекоа да го пратиме за да се знае дали ќе е царски или не. Сега се свртело трансверзално - хоризонтално со глава лево, газот десно и нозете према грлото на матката. Ако остане вака - ова е дефинитивно индикација за царски. Следен преглед на 9 септември - понеделник, и таман да се утврди таа недела дали да одам на клиника да закажеме царски или се свртело пак. А го гледам стомакот чуден, и го осеќам бебето на двете страни, ама не знаев дека е заради позицијата. Значи ова бебе дури и во касна бременост на секое е свртено различно. Не е важно, само да се сѐ ок со него, па како ќе биде, така. Толку од мене за денес. До следно пишување - многу ве поздравувам!!
За изморена не сум амал да спијам со отворен прозор а и немам земено денеска магнезиум обично го зимам пред спиење зошто имам многу грчеви во нозете
Напиј се магнезиум, стави една перница меѓу нозе и друга за да ги поткрениш. Покриј меше и половина и заземи позиција на лев колк. Мене ми помага вака. Почнува потешкиот период друшке, тежината на плодот си го прави своето. Многу помина-малку остана. Наближуваме до крајот
Ок, вечерва нема спиење и тоа најверојатно од малку кафе што се нспив денеска кога сме кај спиењето и лежењето, мене само на грб ми е удобно, а најсмешното е што пред да забременам само на страна спиев. Онака и лежењето на грб со поткрената перница ми е најудобно, а сегде читам не било убаво за бебето и тоа ме излудува. Иначе сум 12 та недела.
И моево беше карлично во 28 недела, а сега осеќам и гледам по формата на стомакот дека главата е лево, а газето дијагонално десно трансверз целото Следната недела сум на преглед и баш чекам да видам што ќе речат... Истражував малку по интернет и најдов еден сајт што го зборат сите за природно вртење на бебиња spinningbabies.com, па сакам да го прашам докторот дали смеам да пробам нешто вакво. Обична вежба е за карлично или трансверз што ја правиш демек 2-3 дена по ред по 30 секунди и се вртело бебето ама не сакам ништо на своја рака, ќе го прашам него.
Лежење на грб не се препорачува дури понатаму, ај да речеме после 28-29 недела кога бебето е веќе поголемо и притиска на вена кава, а претходно е толку мало што не може да направи проблем. Јас сум 31+, уште ми е најудобно на грб и се будам ноќе така, па свесно се вртам на страна, но не е трагедија. Како и да е, не се замарај сега со тоа, уживај уште малку како ти е најзгодно тебе
Добро утро, Да знаев дека имало будни во трета смена ќе пишев, ме занимаваше малата саат време, па сестра и' во меше се придружи во претање и клоцање и после заспаа и двете, а јас расонета до макс. Само што завршив со преглед, бебка е супер, кило и двеста, 28-ма недела. Ми рече докрорката дека сум се здебелила, и во знак на револт еве ме во Седмица на доручек. Бидете ми поздравени.
Девојки јас сум 30 недела,знам дека имам уште време но многу ми е страв од породувањето.Овде во Струмица не ставаат епидурална.Се мислам за Систина, бидејки и таму го правев инвитрото, но незнам ако ме фатат болки дали има време да стигнам до Скопје.Има ли некој искуство што се пораѓал во Скопје,а е од друг град.Позз
Леле и јас го читав истото за спиење на грб и кога ќе се почувствувам во сон дека сум на грб свртена веднаш се будам. Ама јас пак читав дека за мајката не е добро спиење на грб зошто плодот притиска на кичма во таа позиција и е неудобно. Јас сум 22+5 и се уште ми е убаво на грб да спијам со малце поткренати нозе.
Не знам и мене не ми е логично. Колешката се породи па јас останав бремена и низ муабет таа ми кажа кога и реков дека до термин ќе доаѓам на работа. Треба убаво да си прашам во мојата фирма, може нешто е изменето.
Ех и мојата докторка ми забрани бел леб и благо и се што е вкусно ама па насабајле ѓеврече со јогурт си јадам. Се ќе биде ок, не треба ни премногу да пази човек