Епа додека не почне да ми смета, ќе си дремам на грб, подобро така па ќе се вртам во спиењето, отколку да не спијам цела ноќ.
Добро утро женски, што ми правите? Со лесно на вас што влеговте во 9ти Јас станав пред саат време, само што се напив чај и секако на форумов да читнам што ново ќе пишете. Денес петок , си помислувам дека нареден петок си одиме назад, и ми паѓа тешко ама мора да се вратам , уште малку и јас во 9ти ќе влезам , а и ќерка ми ќе почне во школо наредна недела... Кога сме кај спиењето, јас до кај 17 недела немав проблем кога спиев на грб , е потоа почнав да се гушам во спиење и сега нема шанси 33 недела така да спијам само на лева и десна страна. @Scorpio87 додека можеш спиј така , потоа тешко мене ми недостига спиењето на стомак Едит- @flower30 да сардини можеш да јадеш, многу е здрава таа риба
Ах кога ве читав за на заболекар си викав само тоа да не ме фати ,фобија од заболекар голема и оп 2 дена ме боле цела десна страна незнам што е заб или непцето е а страв голем да отидам но синоќа со интензивна болка правец кај заболекарот ,кога вака излезе заб и тоа без анестезија издржав огромна болка ми стави лек па за 2 недели пак да одам. Знам дека се пишуваше околу анестезиите кажете ми нема некои нус појави од анестезијата, наредниот пат кога ке одам морам со анестезија многу болка е.
Кој месец си? Мене мајка ми од 4ти натаму се ми правеше на забиве. @Annath може најмногу да помогне за ова
Добро утро мешиња , сакам да прашам кога се прават последните брисеви, сега сум 34+2 па не знам кога да закажам кај матичната
Добро утро на ситеее. Ајде повелете на кафее Гледам пишувате дека на грб не е е препорачливо да се спие. Мене па така ми е најубаво да легнам, едноставно од цел ден напорен си го исправам грбот хахаха, а кога ме фаќа сон се вртам на страна. Се мерев 72,5 килца. Сум качила 5 кг до сега. Малечката моја тежи само 460 гр. Така да тие 500 се од неа Јадам се што ќе ми се пријаде. Инаку од утре ја завршуваме 24 недела. Тие што сте влегле во 9 ви посакувам со лесно да ги истерате деветките, и со лесно да се породите..
Zdravo,sakav da prasam dali nekoja trudnica piela aspirin. I do koj mesec. Jas sum 22 ned. I doktorkata sega mi rece da pocnam da pijam...
Заради тоа што содржи жива. Јас ја избегнував на почеток, после каснував за првото, сега за второво еднаш имам јадено и ми се лоши од неа. Од една туна ништо не ти е. Само немој барем во прво тромесечие барем.
Нели скриен шеќер се испитуваше до 28 недела? Денес кога бев за крв матичната ми рече да проверам од понеделник и скриен шеќер а од утре сум 29 недела
консултирај се,мене супервизорката ми даде слободни денови од одмор (сосе празници сосе викенди) вкупно 14 дена па ми рече 2 дена пред термин да извадам породилно ама јас се породив малку порано па сепак породилното еден ден пред да се породам ми го отворија.
Како што читав и како што ми кажа лекарот, скриен се прави од 24-28, но ако немаш индикации ( ако не си над 35, ако немаш некој со диабет во фамилија, ако не си пуничка) можеш и да не го правиш, зависи од матичниот. Е сега јас зошто ги исполнувам сите наведени услови ме испратија да правам уште на 22 недела. Подобро испитај си за да си мирна, некои ги праќаат и на 35 зависи од трудницата.
Немам ништо од тоа ама ми рече онака контролно не е страшно ама знам видов до 28 се прави а јас ќе сум 29+ па за тоа се зачудив
Дечки сакам да се породам во "Систина"или "Ре-медика"Пакетите со цените ги знам за породување.Ме онтересира во 36 недела ако одберам доктор.Што се наплсќа и колку?И цтг се нашлаќа?