Добро утро. Јас во текот на бременоста имам изедено 2-3 туни со растојание на месец,два После 4ти месец може да се прават заби со анестезија без адреналин. Така мене ми кажа стоматологот. Мене матичната ми рече прва недела од септември да одам( следната недела) ќе одам во петок, тогаш ќе бидам 34+3..
Содржела жива и не се препорачува. @Sesil имаше пуштено линк со листа на риби кои не се дозволени во бременост, ама не можам да го најдам. Ако може пак да го пушти, види си @Sofi.ja мислам дека нема штета од 2 туни во цела бременост.
Мојот резултат... Ми рекоа најмногу 2 недели можам да издржам со ваков хемоглобин и пак да си ја посетам Хематологија да си попримам крв
https://sezahrana.mk/кои-риби-содржат-најмногу-жива-а-кои-на/ eве Koлку поголема риба, повеќе жива има во неа. Колку е помала толку е побезбедна.
Не несмеам ништо поради железото сега е паднато мината недела ми беше скоро 30 ќе видиме пак за една недела ако не е паднато и железото ќе треба да ми вадат прво железо па да ми стаават крв.
Гледам овде највеќе се пишува па ај да си прашам. Вчера докторката ми рече дека сум имала кандида и ми препиша полигинакс, арно ама во упатството пишува дека трудници и доилки не треба да ги земаат. Дали би можеле да му штетат на плодот доколку се земат инаку сум 28 недела? Ипак докторката ми ги препиша не сум ги земала на своја рака.
До крај на минатата бременост се будев на грб, знам дека ми сметаше тежината на колкови и несвесно сум се вртела, многу се плашев ама среќа добро поминав, сега па се ми иде накај стомак да се свртам, го потиснувам малку стомакот и се потпирам на перница никако не сум, ама не можам да заспијам ако не ми е удобно
Мене матичната од 7 ми месец до крај ме советуваше да јадам само пастрмка во било каков вид зготвена.Од 7 ми па до крај два пати неделно пастрмка риба.
На скоро секој лек/препарат пишува така зашто не се испитани на бремено, ама пд пракса знаат докторите дали се безбедни, не се плаши, јаки се ама ефикасни пд мое искуство иако не сум ги користела во бременост, ама пијам доста терапија и на пола го пишува истото
Леле мене железото ми е 11 (долна граница е 10,8 ) ама прво да го средам шеќерот, па после ќе се вратам на железото. Матичната и онака ништо не ми кажа за железото.
Тоа е супер вредност за трудница, анеѓија во бременост е физиолошка состојба заради зголемен волумен на крв и без лекарства се толерира и под граница
Која недела си? Не се секирај,ќе ти падне ако не внесуваш храна богата со железо Мене ми падна на 4.6 во четврти месец,со еден месец терапија се среди,па пак во 7ми дојде до 4.2 и сега сум уште под терапија.
Па да паѓа и е нормално, зависи од доктор до доктор ама мене и малку под граница кога ми било ми викале дека е одлично, не се плаши од рефернтните вредности и во иднина да ти падне, а сега за сега ти е добро